ЕУ одобри 90 милијарди евра за Украина- за Русија нови санкции - Канал 5

ЕУ одобри 90 милијарди евра за Украина- за Русија нови санкции

Земјите-членки на ЕУ денеска формално одобрија заем од 90 милијарди евра за Украина и 20-ти пакет санкции против Русија, објави кипарското претседателство.

ЕУ одобри 90 милијарди евра за Украина- за Русија нови санкции

Амбасадорите на земјите-членки во среда започнаа писмена постапка за усвојување на двете одлуки, која беше завршена во четврток попладне.

Двете одлуки, за заемот и за 20-тиот пакет санкции, досега беа блокирани од унгарскиот премиер во заминување Виктор Орбан, кој го оправда своето вето со тврдењето дека Украина ги одложува поправките на нафтоводот „Дружба“, кој ја снабдува Унгарија со руска нафта и беше оштетен во нападот со руски беспилотни летала во западна Украина кон крајот на јануари.

Украина во вторник објави дека поправките се завршени, по што нафтата почна да тече низ цевководот и треба да стигне до Унгарија подоцна во текот на денот.

Милијарди за оружје

Лидерите на земјите-членки се согласија за заем за Украина на самитот во Брисел минатиот декември, но Унгарија последователно го блокираше усвојувањето на амандманот на буџетската регулатива, за кој е потребна едногласност, без која ЕУ не може да подигне заем бидејќи европскиот буџет го гарантира заемот.

Две третини од заемот од 90 милијарди евра, или 60 милијарди, е наменет за воена помош, а 30 милијарди за поддршка на украинскиот буџет за да се обезбеди континуирано функционирање на државата и основните јавни услуги.

Украина треба да ги користи овие средства за купување оружје и опрема произведени во ЕУ, и тоа само ако тие не се достапни во Европа.

Заемот за Украина беше одобрен врз основа на механизмот за „засилена соработка“ бидејќи не беше можно да се постигне договор меѓу сите земји-членки. Унгарија, Чешка и Словачка се откажаа и нема да учествуваат во исплатата на каматата.

Нови санкции за Русија

Лидерите на земјите-членки одлучија да се задолжуваат заеднички откако немаше консензус за користење на замрзнатите руски средства за заемот за репарации.

20-тиот пакет санкции вклучува основа за идна забрана за поморски услуги за руска нафта, која ќе се спроведува во целосна координација со Г7 и Коалицијата за ограничување на цените.

60 поединци и субјекти кои го поддржуваат рускиот воено-индустриски комплекс во неговата агресија против Украина се додадени на листата на санкции. На листата се додадени и 20 кредитни или финансиски институции кои подлежат на забрана за трансакции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф и Кушнер на средба со Путин во Москва

Претставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин.

Виткоф и Кушнер на средба со Путин во Москва

Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров.

Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници.

Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев.

По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител

Денеска пред  Советот на јавните обвинители на Македонија, Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје.

Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител

Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори со тајно гласање на јавните обвинители од целата држава, кои беа одржани во октомври годинава, и победи со најмногу гласови во конкуренција на петмина кандидати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен.

Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.

Таа изрази благодарност за принципиелната поддршка од Австрија на македонскиот евроинтегративен пат и за нејзината посветеност кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан.

Соговорниците разменија мислења за иднината на европскиот проект и процесот на проширување на Европската Унија, при што беше нагласено дека неговата кредибилност се гради врз јасни правила, еднакви критериуми и заслуги, а европската перспектива мора да остане реална и достижна за земјите кандидатки.

Сиљановска-Давкова истакна дека проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа.

Обајцата укажаа на можностите за продлабочување на македонско-австриската соработка во економијата, енергетиката, климатските политики, образованието и културата.

На средбата беше изразена подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, а како конкретен чекор во таа насока беше договорено да се реализира официјална средба меѓу двајцата претседатели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер