ЕвропаЗеленски: Разговорите за Украина не можат да го чекаат крајот на војната во ИранВо интервју за Си-Ен-Ен Зеленски рече дека техничките разговори со САД сè уште се водат, но дека не гледа можност за лична средба додека „прашањето за Иран не се затвори“.Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека војната во Иран го одвлекла вниманието од руската агресија врз неговата земја, предупредувајќи дека е „голем ризик“ да се смета дека напорите за завршување на војната во Украина не можат да продолжат додека не заврши конфликтот во Иран. Во интервју за Си-Ен-Ен Зеленски рече дека техничките разговори со САД сè уште се водат, но дека не гледа можност за лична средба додека „прашањето за Иран не се затвори“. Тој истакна дека претставува предизвик тоа што истиот американски преговарачки тим, предводен од пратеникот Стив Виткоф и Џаред Кушнер, учествува во преговорите и за војната во Иран и за Украина. Зеленски нагласи дека иако разбира оти САД моментално се фокусирани на војната во Иран, Украина не смее да биде занемарена. - Не е опција да се каже дека за Украина ќе зборуваме подоцна. Украина не е „подоцна“'. Таа веќе е во голема трагедија и мораме истовремено да бараме решение – рече тој. Украинскиот претседател наведе дека војната влијае на испораките на клучно вооружување, особено на противбалистичките ракети, истакнувајќи дека Украина не добива доволни количини поради ограничените производствени капацитети во САД. Во врска со помошта од Европската Унија, Зеленски рече дека одобрениот кредит од 90 милијарди евра е прашање на „живот и опстанок“ за Украина, нагласувајќи дека без тие средства земјата не може да произведе доволно вооружување за одбрана.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 23. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за петок, 23. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Личноста со која работите ќе ви го покаже своето емотивно лице. Ќе биде нежна , а вие ќе сакате да и се приближите. Кариера Во малите работи денеска би можеле да бидете брилијантни. Тоа не значи дека вашите амбиции се намалени. Здравје и совет Внимавајте што јадете. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во попладневните часови би можело да дојде до амло емотивно вознемирување, па предвидете го. Ќе помине. Кариера Денеска треба да бидете максимално тактични и да слушате што ви сугерираат луѓето со кои работите. Здравје и совет Немојте да го наметнувате своето мислење. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашето друштво и пријателите нема да се во согласност со вашата врска или со партнерот. овој пат ќе мора да ги разделите. Кариера Нема да бидете задоволни од својот резултат. Ќе ви се чини како да не сте добиле соодветна награда. Здравје и совет Не се споредувајте со другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ништо нема да ве спречи за да го обновите вашиот сексуален живот. Во тоа ќе бидете поуспешни при крајот на денот. Кариера Конечно ќе дојде до договор и решение за дел од новите или млади соработници на работното место. Ќе ви се допадне. Здравје и совет Здравјето ви е добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денот е добар за излегување и забава. Без оглед што можеби сте преокупирани со други работи, не дозволувајте друштвениот живот да ви стагнира. Кариера Подготвени сте да им пружите рака за помош на младите соработници на работното место. Тие ќе знаат тоа да го ценат. Здравје и совет Подобрување. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе бидете многу расположени за љубов , но партнерот или ситуацијата ќе ве наведуваат на многу страстни реакции. Кариера Оние кои работат од дома или во мали компании денеска со цело срце ќе мора да се борат за секоја ситница. Ќе биде напорно. Здравје и совет Замор , нервоза и лошо расположение. Овен 21.3-20.4. Љубов Неблагодарно е да се биде заводник , доколку не ве прифаќаат онака како што би сакале. Немојте да се наметнувате , туку имајте трпение. Кариера Денеска нема лесно да наоѓате заеднички јазик ниту со соработниците , ниту со шефовите . Затоа молчете и работете. Здравје и совет Издржете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако имало семејни несогласувања , денеска ќе се расчистат , но вашите лични односи се уште не ви даваат задоволствомкакво што сте очекувале. Кариера Како што ќе минува денот , вие се помалку ќе се трудите околу работата , зашто ќе ви недостига мотивација. Здравје и совет Потребно ви е релаксирање. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе ги разгледувате своите и навиките на вашиот партнер , па ќе настојувате што подобро да го организирате заедничкиот живот. Кариера Конечно ќе почне онаа мала заштита , што ќе ви ја олесни работата. Тоа ќе биде драгоцена помош. Здравје и совет Внимавајте на настинки. Рак 22.6-22.7. Љубов Малите недоразбирања ќе бидат целосно заборавени во попладневните часови , кога уште повеќе ќе се зближите со саканата личност. Кариера Мали надмудрувања со некои од соработниците денеска ќе завршат и работите ќе тргнат во нова насока. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе балансирате меѓу она што вие би го сакале и она што го откривате како реалност. Тоа нема да биде исто. Кариера Денеска на работа би можеле да покажете завидно ниво на интуиција. Затоа потпрете се на својот внатрешен глас. Здравје и совет Наоѓате решение за мали проблеми со дигестијата. Девица 23.8.-23.9. Љубов Како што ќе минува денот, вие се повеќе ќе размислувате за себе и својот партнер , како и за тоа каква ви е врската. Кариера Ќе бидат потребни ваши мали прилагодувања за да склучите еден деловен договор.Затоа не избрзувајте , туку соработувајте. Здравје и совет Душевен немир.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Катерина Тодороска и Тони Поповски вечерва во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Катерина Тодороска и Тони ПоповскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
СудбинаДевојче почина откако испи милкшејк од неиспран блендер- мајка ѝ испрати силна порака Мајката на 12-годишното девојче кое почина откако испило контаминиран милкшејк решила јавно да проговори за семејната трагедија!Миа Шеј Сент Хилер, која била алергична на јаткасти плодови, доживеала тешка алергиска реакција откако испила милкшејк направен во неизмиен блендер во кафулето Pop Inn во Лондон во август 2023 година, објави Пипл. Говорејќи во британската утринска емисија Добро утро Британија, мајката на детето, Шанел Спенс, им рекла на водителките Сузан Рид и Ед Бол дека нејзината ќерка „сфатила дека милкшејкот содржи јаткасти плодови по само две голтки“. Снимката од надзорната камера го снимила моментот кога тогашниот менаџер на кафулето, Барис Жисел, кој повеќе не е сопственик и не управува со објектот, подготвувал пијалок во блендер кој не бил измиен по претходна употреба. Судскиот совет потоа утврдил дека пијалокот бил „вкрстено контаминиран со остатоци од лешник“. Шанел Спенс и таткото на девојчето, Адријан Сент Хилер, претходно повикаа на специјален систем за оценување за да им помогне на потрошувачите да проценат како рестораните во Велика Британија управуваат со ризиците од алергија. Тој систем би постоел заедно со сегашниот систем на Агенцијата за стандарди за храна, која ја проценува хигиената на храната. Водителот ги прашал родителите на починатото девојче дали Миа, која сè уште не била тинејџерка, ќе знае да ги провери хигиенските оценки кога оди во ресторан или кафуле. Родителите одговориле дека таа е навикната на тоа, и дека претходно го посетувала тоа кафуле. „Тоа беше локација која таа ја посети една недела претходно. Во никој случај не беше непознато место“, рекла мајката на починатиот. Спенс рече дека семејството било изненадено кога за време на сослушувањето дознало дека управувањето со ризикот од алергија не е покриено со истиот систем како рејтингот за хигиена на храната. „Кога ќе видите дека продавницата има оценка со пет ѕвездички, се чувствувате како, знаете, дека сте безбедни“, рече таа, објаснувајќи зошто тие сакаат посебен систем за оценување кој би бил специфичен за алергиите. „Да постоеше таков систем, денес ќе зборувавме за поинаков исход и за сосема поинаква приказна“, додаде Сент Хилер. Зборувајќи за животот повеќе од три години по смртта на нејзината ќерка, Спенс рече дека тагата сè уште е голем дел од нивниот секојдневен живот. „Тоа навистина не менува ништо, знаете, таа е дел од нашиот секој ден“, рече таа. Адвокатот Анџела Бруно им се придружи на родителите на Миа на Добро утро Британија и рече дека загриженоста за кафулето била покрената пред смртта на девојчето. Според неа, при увидот во 2020 година, во кафулето не била пронајдена табела со информации за алергени, но и покрај тоа, локалот добил оцена со пет ѕвездички. Таа изјави и дека следната инспекција, планирана две години подоцна, била „пропуштена“. „Миа умира во 2023 година и тие се враќаат на инспекција. Сè уште нема табела за алергени, нема предупредувачки знаци за алерген и други проблеми со контаминација“, рече Бруно. Таа тврдеше и дека не е извршен увидот планиран за септември 2026 година. Mom of Girl, 12, Who Died After Drinking Milkshake Made in Unwashed Blender Speaks Out, Says She Grieves ‘Every Day’ https://t.co/3Mb6rhP7h1 — People (@people) October 14, 2026 Според веб-страницата на Агенцијата за стандарди за храна (FSA), кафулето последен пат добило хигиенска оцена со пет ѕвездички во 2024 година. Барис Жисел се изјасни за виновен во јануари 2025 година за шест прекршоци, вклучително и недавање или вклучување информации за алергени на потрошувачите, неуспехот да се справи со контаминацијата со алерген за време на процесот на производство на храна и сервирање храна што содржела алергенска состојка што не требало да биде присутна. Тој е казнет со 18.000 фунти и налог од 100 часа општествено корисна работа.Тагови: девојче блендер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook