ЕУ министрите договорија итни мерки во борбата против тероризмот

Министрите за правда и за внатрешни работи на 28-те земји-членки на Европската унија на вонредниот состанок на советот на ЕУ одржан во Брисел договорија итни мерки во борбата против тероризмот.

По терористичките напади во белгиската престолнина, ЕУ министрите договорија десет итни мерки за борба против тероризмот, и во најкус рок преземање на радикални чекори за сузбивање на терористичките мрежи и нивно разбивање со цел зачувување на мирот во Европа.

Министрите изразуваат шок од нападите во Брисел на 22 март 2016 година .

Тие се згрозени од овие ужасни терористички акти и истите најостро ги осудуваат.

Со цел подобрување на колективната способност за борба против тероризмот,тие на земјите-членки на ЕУ за правда и внатрешни работи им препорачаа неколку мерки.

Итно усвојување и имплементирање на директива со што ќе се обезбеди размена на податоци меѓу ЕУ членките за сите патници, брзо завршување на законодавството за борба против тероризмот, за системски прегледи на надворешните граници на шенегн зоната, контрола на набавувањето и поседување на огнено оружје, продолжување на европскиот информативен систем за криминални досиеја „Екрис“ на државјани од трети земји, како и спроведување на акцискиот план за борба против финансирање на тероризмот, фалсификувањето на документи и целосна имплементација на постојните правила на ЕУ за експлозивни прокурзори.

Универзитетот Колумбија го одложи рокот што им го даде на демонстрантите против војната во Газа

Американскиот универзитет Колумбија го одложи рокот, кој истекува на полноќ, што им го даде на пропалестинските студенти да го расчистат кампусот, каде што протестираат против војната во Газа.

- Преговорите напредуваа и продолжуваат според планираното, соопшти кабинетот на претседателот на Универзитетот во Њујорк Минуш Шафик, негирајќи дека била побарана полициска интервенција.

- Не нарекуваат терористи, нè нарекуваат насилници. Но единствената алатка што ја имаме е нашиот глас, рече еден од студентите на собирот.

Пропалестинските студентски демонстрации во САД, кои се проширија на неколку универзитети, почнаа на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Некои од најпрестижните универзитети во светот, како Харвард, Јеил и Принстон, се приклучија на студентското движење и демонстрации.

Блинкен за неколку дена во Израел, седми пат од почетокот на војната

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторник ќе го посети Израел, седми пат по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше како одговор на Израел во Појасот Газа.

Јавниот сервис Кан денеска јави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафа, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држи Хамас.

Блинкен моментално е во посета на Кина.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа, ние ќе продолжиме да се бориме.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа.

Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија.

Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен.

Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.

Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.

Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард.

Нема откажување од иднината!

СДСМ

притисни ентер