Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
1Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
2Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
3Демократска сенаторка на 82 годишна возраст раководела со мрежа на трговци со дрога, се огласи и ФБИ
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови
2Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови
СветЗаврши онлајн разговорот на Трамп со ЕУ лидерите, Зеленски и Мерц ќе имаат обраќања Според соопштението на француското претседателство, заврши онлајн самитот на кој учествуваат претседателот на САД Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидери од Европската Унија.За време на состанокот се дискутирало за војната во Украина и европската безбедност. На денешната попладневна средба учествуваат британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџа Мелони, полскиот премиер Доналд Туск, финскиот претседател Александер Стуб, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО Марк Руте. Разговорот со претседателот на САД Доналд Трамп се одржува преку видеоповик, пред неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска, на која Европа не е поканета. Целта на повикот е да се потсети Трамп дека безбедноста на целиот европски континент е во прашање, да се поттикне да ги има предвид интересите на Украина и да не дозволи рускиот претседател Владимир Путин да го придобие на своја страна. Во интервју во неделата, Мерц изјави дека Европејците „не можат да прифатат територијални прашања меѓу Русија и Америка да се расправаат или дури одлучуваат без инволвираност на Европејците или без Украинците“. Сепак, сега, кога Трамп и Путин ќе се сретнат илјадници километри далеку од украинските боишта, можно е да се донесат клучни одлуки за Европа – без нејзино учество. И Русија и Украина одамна тврдат дека сакаат крај на војната, но нивните барања се целосно спротивни. Претседателот на САД Доналд Трамп во понеделникот изјави дека ќе „се обиде да врати дел од украинската тероторија окупирана од Русија“, но предупреди и дека можеби ќе биде потребно „нешто да се замени, да се менува територија“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли секоја можност за „замена“ на територија. - Нема да ја наградиме Русија за она што го направи, порача Зеленски, повторувајќи дека Украина нема да прифати руска контрола врз областите кои Москва ги зазеде, вклучувајќи го и Крим. Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин не се откажува од своите територијални барања, од барањето за неутралност на Украина и одредување на големината на идната украинска армија. Русија започна целосна инвазија врз Украина делумно поради уверувањето на Путин дека западниот одбранбен сојуз НАТО ја користи соседната земја за да се приближи до руските граници. Денеска Русија изјави дека нејзиниот став за војната во Украина останува непроменет откако Путин минатата година ги постави своите услови: Украина целосно да ги повлече своите сили од клучните области и да се откаже од своите амбиции за членство во НАТО. Путин и американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретнат в петок на Алјаска, што ќе биде прв американско-руски самит од 2021 година, за да разговараат за можностите за завршување на војната. Трамп изјави дека двете страни во конфликтот ќе треба да разменат дел од териториите кои моментално ги контролираат за да се постигне тоа. Во моментов Русија контролира 19 отсто од Украина, вклучувајќи го целиот Кримски Полуостров, целата Луганска област, повеќе од 70 отсто од Доњецката, Запорошката и Херсонската област, како и помали делови од Харкивската, Сумската, Миколаевската и Днепропетровската област. По извештаите на некои медиуми дека Вашингтон смета дека Путин е подготвен на компромис околу територијалните барања, новинарите го прашаа портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Алексеј Фадеев дали рускиот став се променил. - Ставот на Русија останува непроменет, а тој беше изнесен во оваа сала пред нешто повеќе од една година, на 14 јуни 2024 година, рече денеска Фадеев, мислејќи на говорот на Путин во Министерството. Тогаш шефот на Кремљ ги претстави своите барања, вклучувајќи повлекување на украинските војници од делови на Доњецката, Запорошката и Херсонската област кои сè уште ги држат – што беа негови први јавни коментари за можен мировен договор. Путин исто така изјави дека Киев ќе мора официјално да ја извести Москва дека се откажува од плановите за приклучување кон НАТО и дека има намера да остане неутрален и несврстан. Покрај тоа, Путин нагласи дека мора да се гарантираат правата и слободите на рускојазичното население во Украина, како и „реалноста“ дека Крим, Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон сега се дел од Русија. Според него, овие услови ќе мора да бидат содржани и во меѓународните договори.Тагови: Доналд Трамп зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
ЕвропаАнгела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“. Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа. „Љубезна, топла и пристапна“ Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка. „Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот. Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа. Локални специјалитети во кошничката Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда. Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија. По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.Тагови: Ангела Меркел супермаркет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
ЕвропаДанска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва. Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната. „Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите. Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“. „Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата. Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва. Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина. Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL). Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.Тагови: Данска ракети Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваСидни Свини повторно провоцира- во новата објава се бричи, но никој не ја гледа во лицето (ВИДЕО)Актерката Сидни Свини објави нова фотографија на која се бричи лицето додека носи тесен градник. Фотографијата е дел од промоцијата на новата празнична колекција на нејзиниот бренд за долна облека Syrn, за кој таа е и главен модел. Нова кампања за долна облека Во четврток, официјалниот Инстаграм профил на брендот објави неколку фотографии од 29-годишната актерка облечена во темно син градник кој ги нагласува нејзините облини. Ѕвездата од серијата „Еуфорија“ позира пред огледалото во бањата. Со градникот, таа комбинираше краток раскопчан џемпер и црни хулахопки, а нејзината долга руса коса беше стилизирана во лабави бранови. На една од сликите, Сидни влече брич преку лицето покриено со пена за бричење. На друга фотографија се гледа ѕвездата од „Домашната помошничка“ како го исплазува јазикот додека прави селфи во огледалото. Третата е полароид на која актерката од „Само не ти“ се смее со раката на колкот и го покажува својот рамен стомак. View this post on Instagram A post shared by SYRN by Sydney Sweeney (@syrn) Трансформација во празнични ликови Описот на објавата го најави објавувањето на нови парчиња од празничната колекција на 27 октомври. Во среда, Свини ги воодушеви обожавателите објавувајќи промотивно видео за своите производи. View this post on Instagram A post shared by Sydney Sweeney (@sydney_sweeney) Таа сподели видео на Инстаграм на кое се трансформира во смели верзии на ликовите од иконските празнични филмови, носејќи нови парчиња од нејзината колекција. Сидни го пресоздаде препознатливиот стил на Синди Лу Ху со висока плетенка, додека носеше црвено-бели карирани пижами. Таа, исто така, позираше во црна долна облека со кожни ракавици, права коса и тешка шминка, потсетувајќи ја на Сали од филмот „Кошмарот пред Божиќ“. Дополнително, Сидни се појавува во тесна црвена долна облека која изгледа како да е завиткана во машна и светло син чипкаст ансамбл. Снимање во Њујорк Сидни неодамна пристигна во Њујорк за да започне со снимањето на продолжението на „Тајната на слугинката“. Минатата недела, таа објави видео на Инстаграм во кое ја открива импресивната екипа. Во филмот глумат Кирстен Данст, Стивен Калин, Мишел Морон, Пол Ентони Кели и Британи Сноу. Русокосата актерка глумеше и во првиот дел, базиран на бестселерот на Фрида Мекфаден од 2022 година, заедно со Аманда Сејфрид и Брендон Скленар. На патувањето во Њујорк ѝ се придружи и нејзиното момче Скутер Браун, со кого беше забележана во градот претходно оваа недела.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook