ЕУ конференција Брисел: Основа на процесот на проширување се заслугите на кандидатите - Канал 5

ЕУ конференција Брисел: Основа на процесот на проширување се заслугите на кандидатите

Основата на процесот на проширување се заслугите на земјите кандидатки, но геополитичката ургентност бара проактивност во проширувањето, порачаа трите лидерки на Унијата – Урсула фон дер Лајен, Каја Калас и Роберта Метсола.

ЕУ конференција Брисел: Основа на процесот на проширување се заслугите на кандидатите

Основата на процесот на проширување се заслугите на земјите кандидатки, но геополитичката ургентност бара проактивност во проширувањето, порачаа трите лидерки на Унијата – Урсула фон дер Лајен, Каја Калас и Роберта Метсола на годишната евроамабсадорска конференција.. Се повикаа и на истѕражувањата на Евробарометарот, сшпред кои мнозинството од ЕУ граѓаните се согласни со прием на нови членки.

-Имаше многу дебати за тоа како да го испорачаме навремено процесот базиран на заслуги. Но, од огромно значење е да се подготвиме со тоа што ќе ги доближиме Западниот Балкан, Молдавија, Украина, до нашата Унија уште сега. Проширувањето не е прашање на идеологија. Тоа е прашање на европски заеднички интерес и безбедност. И мора да бидеме подготвени да испорачаме штом ќе дојде време- Урсула Фон дер Лајен, претседателка на Европска комисија.

-Проширувањето) мора да остане засновано на заслуги. Но, во сегашниот контекст треба да го забрзаме темпото. Проширувањето е геополитички избор.И се чини дека нашите граѓани го разбираат ова. Од податоците на Евробарометарот гледаме дека повеќе граѓани го поддржуваат проширувањето отколку што се грижат за неконтролираната миграција, на пример Но, од нас зависи да продолжиме да ја раскажуваме приказната за проширувањето,- Каја Калас, висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Претседателката на Европскиот парламент пак ги потсети евроамбасадорите дека како што нагласи изборите во Западен Балкан се добиваат и губат врз основа на ветувањето за Европа.

-Не мислам дека сум разговарала со ниту еден шеф на држава, влада или амбасадор кој не се согласува со проширувањето засновано на заслуги, водено од критериуми, како геополитичка неопходност. И сепак, Западен Балкан, Украина, Молдавија, тие со години гледаат кон Европа. Некои достигнаа важни пресвртници и очекуваат од нас да ги усогласиме нивните реформи со одговор. - Роберта Метсола, претседателка на Европскиот парламент.

Сепак, според европските медиуми, оваа евроамбасадорска конференција се одвива во тензични услови а една од причините е начинот на кој Комисијата притиска за проширување на ЕУ со низа т.н креативни решенија како идејата за обратно проширување. Како што пренесе Политико од свои дипломатски извори, дипломатите биле децидни дека не се согласуваат со идејата да се дозволи на земјите кандидатки да станат дел од Унијата додека се уште работат над исполнување на критериумите за членство иако официјално, Комисијата не доставила формални предлози за промена на пристапниот процес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проблеми во Формула 1: Возач на Хаас е отстранет од тимот на четири трки до крајот на сезоната

Естебан Окон дефинитивно ја заврши својата епизода во тимот на Хаас. 

Проблеми во Формула 1: Возач на Хаас е отстранет од тимот на четири трки до крајот на сезоната

Францускиот возач нема да се врати за следните четири трки, а ова е резултат на големи несогласувања и дискусии што ги имал со тимот.

Ова е официјалната одлука на Хаас, потврдена од шефот на тимот, Ајао Комацу:

- Овие одлуки не се донесуваат лесно, како што беше случајот во Мексико Сити, но како и тогаш, веруваме дека ова е најдобро за тимот. Разговорите што се водеа меѓу тимот и Окон ќе останат интерно прашање и ние ќе продолжиме да ја почитуваме доверливоста и приватноста на сè што се случува зад затворени врати - рече Комацу.

Поради оваа причина, Хаас го премести Рафаел Камара, бразилски возач кој веќе се натпреварува во Формула 2, во Хаас. Бразилецот дефинитивно ќе биде возач на овој тим во 2027 година, а ќе добие шанса да дебитира во својата татковина, на легендарната патека Интерлагос.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вајц ја повика Кос да помогне во надминувањето на спорот меѓу Македонија и Бугарија

Билатералните прашања не треба да го попречуваат пристапниот процес, посочи известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц на денешната седница на Комитетот за надворешни работи на европскиот Парламент. 

Вајц ја повика Кос да помогне во надминувањето на спорот меѓу Македонија и Бугарија

Тој ја повика еврокомесарката за проширување Марта Кос да вложи дипломатски напори за надминување на спорот меѓу Скопје и Софија, оценувајќи дека директниот дијалог меѓу двете влади е единствениот начин за излез од застојот.

Посочи и дека тоа го бара бидејќи мотивацијата за разговори меѓу Скопје и Софија не била секогаш на највисоко ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Го нарекуваше брат, а го уби“- се огласи синот на убиениот бизнисмен од Бугарија

Калојан Бинев напиша емотивни зборови на социјалните мрежи по убиството на неговиот татко Слави Бинев. 

„Го нарекуваше брат, а го уби“- се огласи синот на убиениот бизнисмен од Бугарија

Синот на бизнисменот и претседател на федерацијата за теквондо откри дека обвинетиот за убиството, Ејуп Темиз, бил исклучително близок со својот татко и семејството, пишува порталот 24chasa.bg.

„Тој ден, еден човек, семеен пријател кој го нарекуваше мојот татко свој брат, уби не само една личност, туку илјадници луѓе на овој свет. Бидејќи во секого што го допре, мојот татко остави дел од себе! Да, беше строг, и тоа исклучително. Но, тоа не значеше дека сакаше помалку или дека не му е грижа. Тој беше човек со огромно срце и насмевка што ништо и никој не можеше да ја избрише! Човек од чест, со огромно достоинство! Тато, не го заслужуваше ова! Сите те сакаме и ни недостигаш.“

Слави Бинев беше убиен со еден истрел во својот дом на 24 октомври. Еден час подоцна, полицијата го уапси турскиот бизнисмен Ејуп Темиз, кој работи во Бугарија. Тој е обвинет за убиство и е во притвор од страна на Градскиот суд во Софија.

Во последните денови стана познато дека Ејуп и неговата сопруга, архитектката Нија Темиз, ќерка на покојниот главен архитект на Софија Стојан Јанев, биле семејни пријатели со Бинев. Можеби затоа тој се согласил да посредува во спор за недвижности меѓу Нија Темиз и познатиот архитект професор Калин Тихлов.

Двајцата имале деловен спор. Сепак, како што стана јасно на рочиштето за мерката притвор за Ејуп, мотивот сè уште не е разјаснет. Според неговата одбрана, тој се плашел за своето семејство откако во спорот се вмешале трети лица, имено Пламен Дисков - Кела, човек чија биографија е контроверзна низ годините.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер