ЕУ и САД очекуваат Вучиќ и Курти утре да ги прифатат појдовните точки - Канал 5

ЕУ и САД очекуваат Вучиќ и Курти утре да ги прифатат појдовните точки

ЕУ и САД очекуваат Вучиќ и Курти утре да ги прифатат појдовните точки и да почнат да работат на европскиот план.

ЕУ и САД очекуваат Вучиќ и Курти утре да ги прифатат појдовните точки

ЕУ и САД очекуваат лидерите на Белград и Приштина утре во Брисел да го прифатат европскиот предлог како принцип, појдовна точка за целосно, правно обврзувачко решавање на односите меѓу двете страни и да почнат да работат како да го спроведат во рок од неколку месеци, а во исто време неизбежното формирање на Заедницата на српските општини (ЗСО), јави Бета.

Официјални лица во Брисел, информирани за дијалогот меѓу Белград и Приштина, на новинарите зад затворени врати изјавија дека српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Аљбин Курти ставиле до знаење дека ќе ги претстават своите „црвени линии“ и услови во однос на европскиот предлог, познат и како француско-германски план.

Европските посредници, сепак, подвлекоа дека ЕУ и САД се цврсто убедени дека „европскиот, германско-францускиот предлог“ го има ова на ум и нуди решенија, а Вашингтон посочи дека конечниот договор ќе значи важни отстапки и „болни компромиси за двете страни“, изјавија надлежните. Затоа нема веднаш да се разговара за содржината на предлогот на ЕУ, кој е утврден во анексот и не е објавен, туку за начините и чекорите за што поскоро спроведување.

Официјални лица во Брисел дополнително го образложија својот став дека прифаќањето и спроведувањето на овој договор од страна на Белград значи де факто признавање на независноста на Косово, а не официјално, бидејќи тоа не се бара во „појдовните точки и принципи“ на договорот.

Претходно, специјалните претставници на ЕУ и на САД за Западен Балкан, Мирослав Лајчак и Габриел Ескобар, истакнаа дека решението за сеопфатен договор е Србија да не се противи на влезот на Косово во меѓународните организации, преземено од договорот меѓу поранешни две Германии за решение на меѓусебните односи, кога Бон не ја призна Источна Германија, но не се спротивстави на нејзиниот влез во ОН, јави Бета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕкоСкопје – нова дигитална платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми во Скопје

Од денеска, граѓаните во Скопје имаат на располагање нова дигитална алатка за пријавување еколошки проблеми. 

ЕкоСкопје – нова дигитална платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми во Скопје

Официјално е лансирана ЕкоСкопје, паметна еко-платформа создадена од млади, која овозможува едноставно пријавување проблеми во градот и придонесува кон подобра комуникација меѓу граѓаните и надлежните градски служби.

Платформата е достапна за користење на: ekoskopje.skopje.gov.mk

Преку ЕкоСкопје, граѓаните можат да пријават еколошки проблем со приложување фотографија и локација. Пријавите се евидентираат во системот, по што следува нивно разгледување, проследување до соодветните градски служби и ажурирање на статусот. На овој начин, платформата создава можност за поедноставна и поорганизирана комуникација за еколошките проблеми во Скопје.

ЕкоСкопје е резултат на младинска идеја која прерасна во функционална дигитална алатка и потребата на градот за директна комуникација со граѓаните.

Официјалната промоција на ЕкоСкопје се одржа денеска во Europe House Скопје, во организација на Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД), во соработка со Град Скопје.

На настанот се обратија Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје, Ewout Sandker, претставник на Европската комисија, и Иван Јованов, Извршен директор на ЛЕАД, кои го истакнаа значењето на младинското учество, дигиталните иновации и соработката меѓу институциите и граѓанскиот сектор во создавањето решенија за подобар град.

„И јас живеам во градот, пешачам и ги гледам истите проблеми, го дишам истиот воздух и знам колку може да биде фрустрирачки. Честитки до тимот и организацијата за оваа платформа која овозможува граѓаните и младите да бидат слушнати а градските служби ефективно да реагираат. Но можеме да ги имаме и најдобрите закони и најновата технологија, ама ако не го смениме нашето однесување и начинот на кој ги третираме улиците, парковите и околината тогаш напредокот останува лимитиран. Денешниот ден не е крајот на приказната, туку е само почетокот.“ изјави Еваут Сандкер, претставник на Европската комисија.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги охрабрува сите граѓани и млади: „На Скопје му се потребни идеи кои стануваат дела и соработка што носи видливи промени. Денес промовираме токму таков пример, платформа создадена од младинската енергија. Трудот на младите заслужува признание и практична поддршка а наша обврска е да создадеме простор нивните предлози да добијат примена. Ги повикувам граѓаните да ја користат платформата, а младите ги охрабрувам да продолжат да создаваат.“

Во рамки на настанот, Андреј Божиновски, член на победничкиот тим , ja претстави веб-платформата.

ЕкоСкопје е развиена во рамки на проектот SkopYEAH!, кој го реализира ЛЕАД во соработка со Град Скопје, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Напнато на границата помеѓу Јужна и Северна Кореја: Војската чека сигнал за дејствување

Јужна Кореја денеска соопшти дека ќе преземе одлучни мерки доколку Северна Кореја изврши какви било дополнителни провокации.

Напнато на границата помеѓу Јужна и Северна Кореја: Војската чека сигнал за дејствување

Реакцијата на Сеул доаѓа по заканите од Пјонгјанг за воена ескалација, предизвикани од предупредувачките истрели на јужнокорејските сили долж утврдената граница, пренесува новинската агенција „Јонхап“.

Ким Јо Џонг, влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, се закани со повторно започнување на пропагандни емисии насочени кон Сеул и со распоредување дополнителни офанзивни тактички средства долж Демилитаризираната зона (ДМЗ) што ги раздвојува двете Кореи, истакнувајќи дека ситуацијата на границата станала крајно нестабилна.

„Министерството за национална одбрана изразува сериозна загриженост во врска со критиките на Ким Јо Џонг упатени кон легитимните операции на нашата војска – спроведени во согласност со Договорот за примирје – како и во врска со ескалацијата на тензиите преку воени закани“, се вели во соопштението, во кое се додава дека Јужна Кореја ќе одговори одлучно доколку Северна Кореја продолжи со своите провокации.

Напнатоста се зголеми по 21 септември, кога во Демилитаризираната зона (ДМЗ) експлодираа нагазни мини, при што беа повредени тројца јужнокорејски војници.

Сеул и Командата на Обединетите нации утврдија дека инцидентот бил предизвикан од противпешадиски мини поставени од Северна Кореја, што претставува кршење на Договорот за примирје. Сепак, Пјонгјанг категорично ја негираше каквата било вмешаност во експлозиите.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На улиците во Париз се„војува“, но натпреварот од Лигата на шампионите ПСЖ-Барселона ќе се одигра

Претстојниот дуел на гигантите меѓу брнителот на титулата Пари Сен Жермен и шпанскиот првак Барселона во Лигата на шампионите нема да биде одложен ниту откажан.

На улиците во Париз се„војува“, но натпреварот од Лигата на шампионите ПСЖ-Барселона ќе се одигра

Претстојниот дуел на гигантите меѓу брнителот на титулата Пари Сен Жермен и шпанскиот првак Барселона во Лигата на шампионите нема да биде одложен ниту откажан, и покрај насилните протести што ја потресуваат Франција – потврди францускиот министер за одбрана, Себастијан Лекорни.

Лекорни во синоќа изјави дека побарал од регионалните власти да воведат делумни полициски часови во некои градови, со цел да се заштитат граѓаните и бизнисите по немирите што се случија за време на викендот.

„Решен сум да воспоставам ред“, рече францускиот премиер, додавајќи дека, доколку е потребно, би можела да се воведе вонредна состојба. Сепак, тој оцени дека локалните и делумни забрани за движење во моментов претставуваат посоодветно решение.

Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, потврди дека не постојат планови за откажување на натпреварот.

ПСЖ во вторник навечер ќе ја пречека Барселона на стадионот „Парк на принцовите“, а почетокот на натпреварот е закажан за 21:00 часот по средноевропско време.

Сепак, немирите ги погодија и француските фудбалски клубови.

Марсеј пријави значителна штета на својата официјална продавница на познатата авенија „Ла Канебиер“, додека Лил соопшти дека нивната продавница во центарот на градот претрпела големи оштетувања и била ограбена. Двете продавници се привремено затворени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер