3Превозниците од Западен Балкан денеска на средба во Скопје – сè бара решение за ограничениот престој во Шенген-зоната
БалканЕУ ги повика косовските Срби да учествуваат во пописот и на градоначалничките избориЕвропската унија се приклучи на повиците упатени до сите граѓани на Косово да учествуваат во пописот на населението што започна во петокот, додека Србите во четирите северни општини ги повика да гласаат и за разрешување на градоначалниците. Европската унија се приклучи на повиците упатени до сите граѓани на Косово да учествуваат во пописот на населението што започна во петокот, додека Србите во четирите северни општини ги повика да гласаат и за разрешување на градоначалниците во тие општини, јави дописникот на МИА од Приштина. Во таа насока, ЕУ изрази жалење поради повиците упатени од најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ) и на други претставници на косовските Срби, за бојкот на гласањето и на пописот и ја повика СЛ да ја преиспита својата одлука да не учествува на гласањето за локалните избори закажани за 21 април. Овие пораки, според приштинските медиуми, ги испратил портпарол на ЕУ, потсетувајќи дека „учеството на Србите од северниот дел на Косово во косовските институции е во нивен интерес и е неопходно за да се намалат тензиите во тој дел на Косово“, што беа предизвикани откако Србите ги напуштија косовските институции во ноември 2022 година. - ЕУ жали поради одлуката на Српска листа да не учествува на изборите закажани за 21 април во четирите северни општини. Ова уследи по бојкотот на локалните избори од април 2023 година, се вели во ставот на Европската унија. Во него се повторува дека изборите во април 2023 година, „иако беа во согласност со косовската рамка, не понудија политичко решение, бидејќи бојкотот од Србите резултираше со многу слаба излезност“. - Ја имаме предвид загриженоста што ја изразија косовските Срби во врска со процесот на новите избори. Сепак, ја повикуваме Српска листа да ја преиспита одлуката да не учествува, се вели во синоќешната реакција на ЕУ што ја пренесоа косовските медиуми. Во пораката од Брисел се наведува дека „демократија значи и остварување на правото на косовските Срби да го искажат својот став во гласачките кутии“. - ЕУ потсетува дека е клучно локалните избори да се одржат во четирите општини на северот на Косово со учество на Србите без условувања. Одржувањето на нови избори за градоначалници треба да обезбеди целосно репрезентативно владеење на северот и да помогне во деескалација на ситуацијата. Гласањето за разрешување е чекор во таа насока, се вели во соопштението. ЕУ изрази жалење и за повиците за бојкот на пописот на населението од страна на политичките претставници на косовските Срби. - Унијата ги охрабрува сите во Косово да учествуваат на пописот, додека Агенцијата за статистики на Косово да ја интензивира информативната кампања за сите жители, вклучително и оние од немнозинските заедници, за да бидат доволно информирани за овој попис. ЕУ смета дека пописот е неопходен за многу одлуки за да се задоволат потребите на граѓаните, од ниво на влада, бизниси, граѓанско општество во Косово до меѓународна заедница, порача Брисел.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Наместо извинување за погрешното знаме - повторно народот е „талог“Власта на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО на официјална државна прослава го згрешија македонското знаме.Наместо сонце со осум краци - поставија верзија со дванаесет. Наместо да им се извинат на граѓаните, наместо да кажат кој е одговорен, наместо да објаснат колку народни пари се потрошени за овој нациоален срам - прво пробаа да го претстават како „уметничка инсталација“. Потоа повторно се вратија на омилената квалификација: народот и СДСМ се „талог“. Ова е нивниот стандарден рефлекс. Кога ќе направат грешка - народот и СДСМ се виновни. Кога ќе понижат државен симбол - народот е талог. Кога немаат резултати - народот и СДСМ се проблем. Неспособни да го направат правилно македонското знаме, а се дрзнуваат да го делегитимираат сопствениот народ. Тендер патриоти што не знаат како изгледа знамето на сопствената држава, не умеат ни AI билборд да направат без грешки, а имаат бугарски фирми и бугарски пасоши во џебовите - тоа знаат. Криминални тендери да спроведуваат - тоа знаат. Ова повеќе не е гаф туку однос. Однос на власт што се однесува кон граѓаните како кон талог, а кон државните симболи како кон декор за тендер и провизија. Нема извинување. Има само нов напад. И тоа е сè што умеат. Уште 3 дена до враќањето на Мицкоски со „нови знаења“ Уште три дена до крајот на екскурзијата. Мицкоски го заврши семејниот дел во Бриж и сега е на „стручниот“ дел во Брисел. Официјално учи за францускиот предлог. Со нетрпение го чекаме назад. Да видиме што ново научил. Дали конечно сфатил дека францускиот предлог е дел од преговарачката рамка? Или повторно ќе се врати со истата приказна што ја раскажуваше додека клечеше за власт? По „феноменалниот“ НАТО, по „ремек-делото“ Преспански договор, по тврдењето дека протоколите не се дел од преговарачката рамка - сега доаѓа редот на новото „знаење“. Само да не се повтори старото сценарио: едно да научи во Брисел, а сосема друго да им продава на граѓаните дома. Уште три дена. Потоа извештај. Ние чекаме. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВладата на Колумбија прогласи вонредна состојба по силниот земјотрес со јачина од 7,4 степениВладата на Колумбија прогласи вонредна состојба по силниот земјотрес што ја погоди земјата.„Јас лично ќе бидам на чело на оваа национална криза и неуморно ќе патувам низ земјата за да ги преземам неопходните мерки“, напиша претседателот Абелардо Де Ла Есприеља на платформата Х. Земјотресот со јачина од 7,4 степени се случи вчера во општината Сан Хозе дел Палмар, околу 250 километри северно од главниот град Богота. Според првичните податоци на владата, загинале повеќе од 110 лица, а над 1.500 објекти моментално се ризични за живеење.Како итна мерка, владата испрати војска која ќе учествува во потрагата по преживеани под урнатините. Земјотресот ги погоди најсиромашните региони на земјата. Големи делови од регионот, исто така, се под контрола на вооружени групи. Десетици згради се урнати во западниот дел од Колумбија, земјотресот био почуствуван и во Еквадор и Венецуела. Се проценува дека бројките на загинати и повредени ќе растат.Тагови: земјотрес Колумбија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
МакедонијаПревозниците од Западен Балкан денеска на средба во Скопје – сè бара решение за ограничениот престој во Шенген-зонатаЗдруженијата на професионалните превозници од земјите од Западен Балкан денеска треба да одржат регионална средба во Скопје.Здруженијата на професионалните превозници од земјите од Западен Балкан денеска треба да одржат регионална средба во Скопје, на која ќе разговараат за проблемот со кој се соочуваат во однос на ограничениот престој во земјите од Шенген-зоната на 90 дена во период од 180 дена. На средбата, која по првпат се одржува во земјава, е најавено учество на раководствата на здруженијата на превозниците од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Превозниците веќе испратиле писмо до Европската унија со барање за директна средба со цел надминување на проблемот со кој се соочуваат. Тие го поставија 10 август 2026 година како рок до кој очекуваат од брисел да каже како ќе се реши статусот на професионалните возачи, но засега останаа без конкретен одговор. Министерот за транспор Николоски минатиот месец изјави дека проблемот со професионалните возачи земјава го решава самостојно преку билатерални разговори со држави од Европската унија, а не заедно со другите земји до Западен Балкан бидејќи, според него, ова прашање се злоупотребува од дел од нив за политички цели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter