Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
1Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
СветЕУ ги повика граѓаните да го следат планот за намалување на зависноста од руска нафта и гасВо заложбите да се ослободи од зависноста на руската нафта и гас, Европската комисија ги повика граганите на унијата помалку да возат, да ги исклучуваат клима уредите и да работат од дома три дена во неделата.Европската комисија проценува дека мерките, развиени во соработка со Меѓународната агенција за енергија, ќе им заштедат на домаќинствата во просек по околу 500 евра годишно. Доколку сите граѓани на еу го следат планот од девет точки наречен „ја играм мојата улога“ (Playing My Part) ќе се заштеди доволно нафта за да се наполнат 120 супер танкери и доволно природен гас за загревање на речиси 20 милиони домови, соопшти Европската комисија. Користењето помалку енергија не е само директен начин за европејците да ги намалат сметките, туку исто така ја поддржува украина со намалување на потребата за руска нафта и гас, и се помага да се намалат приливите на приходи што ја финансираат инвазијата, наведува европската комисија ЕУ објави План од 9 точки за намалување на зависноста од руски гас! Европската унија објави извештај кој содржи низа препораки насочени кон намалување на последиците предизвикани од руската воена операција во Украина, а со тоа и од западните санкции против Русија. Заштедата на енергија одамна е потребна за да се исполнат климатските цели, но неколкумесечните поскапувања на енергијата и борбите за намалување на зависноста од руските фосилни горива по воената операција на Москва во Украина го ставија ова прашање на политичката агенда. Планот на Европската комисија „Играјќи ја својата улога“ содржи девет точки, препораки, кои ги повикуваат граѓаните почесто да користат јавен превоз или повеќе да работат од дома. Европската комисија исто така повикува на овие чекори: Во зима користете помалку централно греење, а во лето намалете ја употребата на клима уред; Возете побавно на автопатите, со исклучена клима на автомобилот, што троши помалку гориво; Користете воз наместо авион; Почесто користете јавен превоз, повеќе пешачете или возете велосипед. Во недела воопшто не возете автомобил, како што е веќе пракса во некои градови. Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) соопшти дека доколку се следат препораките, може да заштеди 450 евра годишно на сметката за енергија на типично домаќинство од ЕУ, во зависност од фактори како што се типот на куќата и автомобилот што ги има домаќинството. Доколку се спроведат низ ЕУ, мерките би можеле да заштедат 220 милиони барели нафта годишно и 17 милијарди кубни метри гас, соопшти ИЕА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаТројца малолетници од Скопје предизвикале пожар во парк шумата Гази Баба, уапсени се Лишени од слобода тројца малолетници од Скопје поради предизвикување пожар, следува пријава.На 04.10.2026 во парк шума Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода тројца малолетници од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека предизвикале пожар при што била опожарена сува трева. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а по целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОбвинителството ги оспорува заклучоците на вештакот ангажиран од д-р Нино Васев Во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Онкологија 1“. Денеска во Кривичниот суд беше испрашуван вештакот Владимир Даниловски, вешто лице ангажирано од страна на одбраната.Неговите заклучоци за терапијата на онколошките пациенти беа оспорени од обвинителството на денешното вкрстено испрашување. На судењето кое се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти, обвинителството поставуваше прашања за дозирањето и третманот на конкретни онколошки пациенти со лекови и терапија за кои, како што нагласи вештото лице, се произнесува во своето вештачење и наведува дека се дадени согласно европските протоколи и се во насока на тоа да се види стручноста на ова вешто лице. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
МакедонијаЗајакнати акциски контроли за брзо возење – констатирани 628 прекршоциНа 04.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли .На 04.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон санкционирање на возачите кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. При спроведените контроли констатирани се вкупно 628 прекршоци. Од нив, 344 прекршоци се констатирани кај возачи кои ја надминале дозволената брзина надвор од населено место, додека 284 прекршоци се однесуваат на возачи кои ја надминале пропишаната брзина во населено место. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи. Во текот на контролите констатирани се и 66 прекршоци од друг вид. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и намалување на ризиците предизвикани од непочитување на ограничувањата на брзината, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter