3Претрес во тетовско, лишен од слобода 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово
Светски ден на против карцином на грлото на матката: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
1Светски ден на против карцином на грлото на матката: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
2БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
СветЕУ бара венецуелските власти да запрат со „судско заплашување“ на опозицијатаЕвропската Унија денеска и порача на владата на Венецуела да престане да ги таргетира опозициските лидери откако властите отворија кривична истрага против најгласните кои го оспоруваат реизборот на претседателот Николас Мадуро.- Ова треба да престане. Ги повикуваме властите да го прекинат ова, оваа кампања на заплашување на опозицијата и судско заплашување, рече портпаролот на ЕУ, Петер Стано. Генералниот обвинител на Венецуела, Тарек Сааб, синоќа соопшти дека државното обвинителство започнува кривично гонење против лидерите на опозицијата, Марија Корина Мачадо и Едмундо Гонзалес, кои ги оспоруваат резултатите од изборите одржани на 28 јули. Сааб изјави дека истрагата е за „поттикнување на полицијата и војската да не го почитуваат законот“. Претходно вчера, опозициските лидери објавија писмо во кое ги повикуваат силите за безбедност „да застанат на страната на народот“ и да ги почитуваат резултатите од изборите, кои, според нив, тие ги добиле. Тврдењето на претседателот Николас Мадуро дека освоил трет мандат на гласањето на 28 јули, предизвика гневни протести од Венецуелците низ целата земја во текот на минатата недела, барајќи Мадуро да се повлече и да се почитува победата на Гонзалес. Венецуелските безбедносни сили почнаа да ги таргетираат наводните извршители на насилни злосторства за време на протестите, во операцијата неформално наречена „knock-knock“ за која застапничките групи велат дека има за цел да влее страв кај демонстрантите. Мадуро и други функционери ја рекламираа операцијата како средство за таргетирање на оние кои стојат зад насилството на протестите, кои тие ги опишаа како „фашистички криминалци“. „Операција чук-чук е името дадено од одредени владини портпароли, неформално, на ескалацијата на репресијата, рече Гонзало Химиоб, потпретседател на групата за правно застапување Форо Пенал. Таа се нарекува чук-чук бидејќи тоа е ударот на вратата што го добивате во раните утрински часови“, појасни тој. Форо Пенал вчера соопшти дека потврдила 1.010 апсења, а американската група Хјуман рајтс воч објави дека најмалку 20 луѓе се убиени. Инаку, претседателот на Изборната комисија на Венецуела, Елвис Аморосо синоќа соопшти дека на Врховниот суд му ги предал сите записници од претседателските избори, од кого претседателот Николас Мадуро побарал да ја официјализира неговата оспорена победа. „Се што бараше највисокиот суд на државата е поднесено“, рече Аморосо. Опозицијата смета дека и Државната изборна комисија и Врховниот суд се лојални на властите. Станува збор за записници од секое поединечно избирачко место, кои опозицијата и дел од меѓународната заедница ги бараат за да го докажат своето тврдење дека на изборите одржани на 28 јули победил кандидатот на опозицијата Едмундо Гонзалес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
МакедонијаОд 15 ноември до 15 март задолжително е поседувањето на зимска опрема во возилатаСогласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одредбите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“(Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18, 191/18, 70/19 и 98/19 и „Службен весник на Република Македонија“бр. 302/20, 122/21, 33/24, 208/24, 193/25, 258/25, 58/26, 79/26 и 148/26), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година), како зимска опрема на моторните возила се подразбира: За моторни возила кои не надминува 3.500 кг.: - зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри; - пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. За моторни возила со погон на четири тркала (4x4): - зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм; - пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина. За моторни возила кои надминува 3.500 кг: - зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм. - пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала; - автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата. Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци. Апелираме до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.Тагови: зимска опрема Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
МакедонијаУчество на државниот секретар Петрушевски на Виенската миграциска конференцијаДелегација од Министерството за внатрешни работи, предводена од државниот секретар Сашо Петрушевски, учествува на Виенската миграциска конференција, што се одржува од 16 до 17 ноември 2026 година во Австрија. Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, со претставници од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија исто така се учесници на овој многу значаен настан. Годинешната конференција се одржува во услови на длабоки геополитички, економски и технолошки промени, со далекусежни последици за глобалната соработка, мобилноста и миграцијата. На конференцијата се одржаа неколку панели на кои учесниците ги разгледуваа модалитетите на управување со границите како одговор на безбедносните предизвици. Во фокусот на интересот на конференција е глобалниот пазар на трудот и импликациите врз мобилноста и генерално врз потребата на луѓето за миграција. Сесиите на конференција дополнително истражуваа како миграцијата се одвива низ сите рути и како новите правила, вклучително и Пактот на ЕУ за миграција и азил создаваат и поддржуваат отпорни миграциски системи. Македонската делегација учествуваше на панелот посветен на влијанието на геополитички услови врз миграциските приоритети. За време на овој панел, беше презентирана различната реалност во повеќето европски земји, при што се заклучи дека европската миграциска соработка може да ги задоволи различните безбедносни национални потреби. За време на конференцијата се одржа билатерална средба на македонската делегација со генералната директорка на Меѓународниот центар за развој на миграциските политики (ИСМПД) Сузан Раб. За време на билатералната средба се дискутираше за приоритетите и поддршката за државата. Беа посочени областите каде би се насочила советодавна и техничка помош заради зајакнување на институционалните капацитети, подобрување на меѓу-институционалната соработка и поддржување на имплементацијата на националните миграциски политики.Тагови: Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во тетовско, лишен од слобода 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во ТетовоПри претресот е пронајден и одземен еден мобилен телефон.На 17.11.2026 во периодот од 05:45 до 07:25 часот, полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при ОСОСК, во содејство со полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал и Полициското одделение Жеровјане при СВР Тетово, извршиле претрес во дом и помошни простории кај А.Д.(18) во с.Радиовце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело по член 366 од Кривичниот законик, односно за лажна дојава за бомба во општинското средно училиште - гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. При претресот е пронајден и одземен еден мобилен телефон, а А.Д. е лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријаваТагови: Бомба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32