ЕСМ: Расте нивото на акумулациите

Во последните два месеца континуирано расте нивото на акумулациите каде АД Електрани на  Македонија има производни капацитети или користи дел од водата од истекот на природните езера, информираат од компанијата.

-Во најдобар ред се одвива процесот на производство на електрична енергија од хидроелектраните, како и процесот на снабдувањето со вода за пиење и наводување, а во исто време на високо ниво се одржуваат биолошките услови за живиот свет во акумулациите и по теченијата на реките, соопшти АД ЕСМ.

Оттаму прецизираат дека акумулацијата Тиквеш се наоѓа на ниво од 262 метри надморска висина, односно на само три метри под максималната кота. Охридско Езеро во моментот е на ниво од 693,67 мнв., додека минималната кота е 693,10.

Дебарското Езеро, како што посочуваат е на ниво 572,36 метри, а минималната кота е 560. Мавровското Езеро е на 1216,76 метри, а минималната кота е 1207. Нивото на Глобочица изнесува 686,74 метри, додека минимумот е 682,60. Козјак, пак, се наоѓа на кота од 450,62 метри, додека минималната кота таму е 435 метри, а Света Петка е на ниво од 357,06, додека пропишаниот минимум е 355 метри.

-Сите коти на акумулациите се на своите просечни вредности за овој период од годината и се високо над дозволените минимални нивоа. Се надеваме дека оваа година ќе биде хидролошки подобра од 2017, 2015, 2012 или 2008 година, кои беа сиромашни во врнежи, велат од АД ЕСМ.

Најавуваат дека континуирано ја следат состојбата и оти во изминатиот период се произведуваше помалку електрична енергија од хидроелектраните од тоа што беше планирано, имајќи го предвид токму, како што посочуваат, значењето кое водните ресурси го имаат за секоја сфера и дејност.

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и барања упатени до новата влада.

Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 дена од новата влада, исплата на трошоците за храна во висина од 20 проценти од просечната плата и исплата на трошоците за превоз, се дел од барањата што денеска Сојузот на синдикати ќе ги испорача на протестот организиран по повод Меѓународниот ден на трудот.

Синдикатот бара и ограничување на работата на определено време во исклучителни околности и на максимум една година, право на неработна сабота и зголемена контрола на прекувремената работа, намалување на полното работно време на 35-часовна работна недела и укинување на 72-часовната работна недела на стратешките проекти.

Протестот ќе почне пред Работничкиот дом, ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора и ќе заврши пред Владата.

- Неколку години наназад протестите станаа заштитен знак на ССМ како начин на изразување на работничкото незадоволство од продолжувањето на практиката карактеристична за изминатиот период, а тоа е дека нашите социјални партнери, работодавачите и претставниците на законодавната и извршната власт немаат слух за проблемите на работниците и народот, туку единствено и исклучиво работат за своите интереси. Сведоци сме дека додека платите на работниците се зголемуваат минорно, со забавено темпо и несоодветно на инфлацијата и зголемените трошоци на живот или воопшто не се зголемуваат, функционерите си обезбедија пораст на платите од енормни и незаслужени 78 проценти, се наведува во Првомајскиот проглас на ССМ.

Оценка на ССМ е дека има зголемено кршење на работничките права, а новиот закон за работни односи не се носи веќе шест години, додека последнава година, како што посочуваат, воопшто не се работело на него, односно не биле одржани расправи за надминување на разликите во креирањето на законот меѓу социјалните партнери.

Оттаму нагласуваат дека кај нив има над 10.000 обраќања за прекршени работнички права, а според ССМ, преседан е и тоа што измената на Законот за работни односи со која е воведена можноста за 72 часовна работна недела е направена без социјален дијалог и учество на ССМ како репрезентативен синдикат.

Атак на синдикализмот во државата, според ССМ, е и пресудата на Врховниот суд со која после 18 години судски спор и повеќе од 8 пресуди во корист на ССМ, се одзема Работничкиот дом.

- На идната Влада, ние работниците и порачуваме дека партнерски треба да ги градиме меѓусебните односи со активно учество на синдикатите во креирањето на националните стратегии и политики и доследно почитување на работничките и граѓанските права, во спротивно ќе продолжи трендот на штрајкови и протести како единствен облик на синдикална борба за работничките права и интереси, се наведува во Промајскиот проглас на ССМ.

Меѓународниот ден на трудот се празнува секој 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Овој празник се одбележува во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго, организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден. Во знак на почит кон жртвите од штрајкот, Втората интернационала на Основачкиот конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба.

Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот. Во државава има статус на државен празник и до 2006 година се празнуваше два дена, а од 2007 година се празнува само на 1 мај.

На денешен ден

- Денеска е Меѓународен ден на трудот.

1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач на династијата Хабзбург, кој владеел од 1273 до 1291 година. Во битката на Моравското Поле во 1278 година го победил чешкиот крал Отокар II Пшемисл.

1672.- Роден е англискиот писател и политичар Џозеф Адисон. Повеќето негови моралистичко-рационалистички есеи биле објавувани во весниците „Татлер“ и „Спектатор“. Ја напишал трагедијата „Катон“.

1858.- Се случила битката на Грахово. По победата во 1860 година, меѓународната комисија со поддршка на Франција го определила разграничувањето помеѓу Османлиското царство и Црна Гора.

1873.- Шкотскиот лекар, мисионер и истражувач во Африка Дејвид Ливингстон, кој ги открил Викториините водопади, бил пронајден мртов во местото Читамбо во сегашна Замбија. Прв ја истражувал пустината Калахари, басенот на реката Замбези, езерото Њаса и други африкански езера и изворот на реката Конго. Повеќе од 30 години поминал во Африка. Погребен бил во Вестминстерската катедрала во Лондон.

1886.- Во Чикаго, САД, избувнал штрајк на околу 40.000 работници кои истапиле со барањето за осумчасовен работен ден. На Првиот конгрес на Втората интернационала, што се одржал во Париз, во 1889 година било решено секоја година на 1 мај, во знак на сеќавање на чикашките работници, да се одржуваат масовни демонстрации. Од 1890 година 1 мај се слави не само во знак на борбата за осумчасовен работен ден, туку како манифестација на класната солидарност на работничката класа во целиот свет.

1904.- Умрел чешкиот композитор Антонин Дворжак, еден од творците на чешката национална школа. Бил следбеник на романтичниот неокласицизам на Јоханес Брамс. Дела: оперите „Русалка“, „Јакобин“, „Ѓаволот и Кача“, девет симфонии, вклучувајќи ја и прочуената „Симфонија од Новиот свет“, оркестарската композиција „Словенски игри“, „Концерт за виолончело и оркестар бр. 2 во h-mol“, „Концерт за виолина и оркестар во a-mol“, концерти за клавир и оркестар, камерна музика.

1923.- Роден е американскиот писател Џозеф Хелер. Тој ги напиша романите „Нешто се случило“, „Добар како злато“ и драмата „Бомбардиравме во Њухевн“.

1931.- Официјално бил отворен 102 ката високиот облакодер Емпаер стејт билдинг во Њујорк, во тоа време највисока зграда во светот.

1944.- Во злогласниот затвор "Хајдари" во непосредна близина на Атина, германските фашисти стрелале 200 истакнати македонски и грчки комунисти, меѓу кои и Трифун Хаџијанев, македонски револуционер и борец за остварување на национална и социјална слобода на македонскиот народ. Хаџијанев бил роден во Воден, Егејска Македонија, во 1890 година.

1945.- Во бункер во Берлин самоубиство извршил шефот на германската пропаганда во Втората светска војна, Јозеф Гебелс.

1955.- Роден е г.г. Стефан, поглавар на МПЦ-ОА. Неговата полна титула е Архиепископ Охридски и Македонски и Митрополит Скопски. Тој е роден како Стојан Вељановски во с. Добрушево, Битолско. Во 1969 г. се запишал на Македонска православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје и завршил во 1974 година. Истата година се запишал на Теолошкиот факултет во Белград каде дипломирал во 1979 година. По неговото враќање Синодот на МПЦ го назначил за учител во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“. Во 1980 година се запишал на постдипломски студии во Институтот „Св. Никола“ во Бари. Во 1982 година дипломирал на институтот. Тој се замонашил во манастирот „Св. Наум“ во Охрид на 3 јули 1986-та, на 12 јули бил именуван Митрополит Струмички, а кратко по тоа именуван за поглавар на Брегалничката епархија. Во наредните години работел како декан на Богословскиот факултет во Скопје, портпарол на Светиот архиерејски синод, како главен уредник на црковниот весник „Црковен Живот“ и главен секретар на Архиепископот Охридски и Македонски. Во Охрид од 9-10 октомври 1999 година на Црковното национално собрание (составено од духовни и световни членови) бил избран за поглавар на Македонската православна црква.

1960.- Длабоко над советската територија бил соборен американскиот шпионски авион „U-2“. Пилотот Френсис Пауерс, кој скокајќи од авионот се спасил, бил заробен во февруари 1962 година, а бил разменет за еден советски шпион.

1978.- Јапонскиот истражувач Наоми Уемура станал првиот човек кој успеал сам да допре до Северниот пол.

1991.- Во Македонската радио телевизија почнало емитувањето на Музичкото радио - Канал 103. Тоа е првата и единствена алтернативна и некомерцијална медиумска појава во македонскиот етер. Многу македонски групи и артисти, своите почетоци во медиумската промоција ги имаа токму на Канал 103, а и своите први живи настапи ги имаа на некои од многуте концертни активности, што ова радио ги има организирано.

1993.- Умрел поранешниот француски претседател на влада, социјалистот Пјер Береговој, кој претходно пукал во себе.

1994.- Во Имола, во Италија, умрел Аиртон Сена, еден од најпознатите возачи на автомобилското натпреварување во категоријата на „Формула 1“. Роден е во Сао Паоло, на 21 март 1960 година.

2002.- Во Холандија стапил на сила законот за евтаназија, една година откако Парламентот изгласал одлука со која таа земја станала прва во светот во која било дозволено убиство од милосрдие.

2004.- Во Даблин, Ирска, членки на Европската унија станале Чешка, Естонија, Кипар, Летонија, Литванија, Словачка, Словенија, Унгарија, Малта и Полска.

2005.- Во напад на бомбаш-самоубиец на погребна поворка во градот Тал Афар, во северен Ирак, загинале најмалку 25 луѓе, а 30 биле повредени.

2011.- Покојниот папа Јован Павле Втори официјално бил прогласен за блажен на церемонија на плоштадот Свети Петар во присуство на стотици илјади верници. Папата Бенедикт Шеснаесетти го прогласил својот претходник за блажен - последно ниво пред да биде прогласен за светец на Римокатоличката црква и додаде дека негов празничен ден ќе биде 22 октомври, ден кога е инаугуриран неговиот понтификат во 1978 година. Меѓу присутните на плоштадот била и сестра Мари Симон-Пјер Норман, Французинка која боледувала од Паркинсонова болест, а која без објаснување била излечена, како што вели, благодарение на молитвите на Јован Павле до Бога да изведе чудо. Беатификацијата била можна благодарение на тоа излекување на француската милосрдна сестра, а доколку се докаже дека направил уште едно спасување, ќе биде прогласен за светец.

2011.- Либискиот лидер Моамер Гадафи преживеал воздушен напад на НАТО во кој загинале неговиот најмлад син Сариф ал-Араб и три внуци. Во куќата во време на нападот биле Гадафи и неговата сопруга, но тие не биле повредени. Објектот се наоѓал во луксузниот кварт Баб ал-Азизи. Синот на Гадафи бил цивилно лице и студент во Германија.

2012.- Во тренинг центарот во Аризона, умрел Александер Дале Оен, светскиот шампион во пливање од Норвешка. Тој во јули 2011 година го освоил златниот медал на Светското првенство во Шангај, а сребрен во 2008 година на Олимписките игри во Пекинг. Дале Оен се подготвувал за претстојните ОИ во Лондон, на кои требало да биде еден од адутите на Норвешка за освојување медал.

2015.- На 93-годишна возраст во Битола, почина доајенот на битолското и македонското новинарство Димитар Димитровски - Такец. Новинарот, поет и писател познат во јавноста како Такецот, најголем дел од кариерата ја минал во „Нова Македонија“, „Битолски весник“ и Радио Битола. Неговото последно авторско дело било посветено на битолски Широк Сокак, а својот потпис го ставил и на бројни публикации.

2018.- Во Тетово почина Бранка Ѓорческа, носител на Партизанска споменица од 1941. Била учесник во Народно-ослободителната борба од 1941 година, припадник на Кумановскиот одред во 1943 година. Како истакнат борец и храбра жена била избрана за секретар на Третиот баталјон на СКОЈ во Третата народноослободителна бригада, секретар на бригадниот комитет на СКОЈ во четвртата бригада, секретар на дивизискиот комитет на СКОЈ во 50-та и 51-та дивизија. По ослободувањето станува член на Огласниот комитет во Штип, член на Окружниот комитет на СКОЈ во Скопје, командант на младинската бригада на изградбата на пругата Брчко Бановиќ и организациски секретар на Градскиот комитет на КПЈ во Тетово. Како храбар и истакнат борец во Мајската офанзива Ѓорческа била ранета. Иако воен инвалид, учествувала во изградбата на Македонија, заземајќи разни должности. Одликувана е со Орден за храброст, Орден за братство и единство, Орден на Републиката со бронзен венец, Орден на трудот со црвено знаме, Орден заслуги за народ со сребрена ѕвезда. Бранка Ѓорческа е родена во Штип во 1924 година. /МИА

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

РАБОТИ НА ПАТ:

Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај мост на река Шемница на Државен пат Р1101 км 85+903, делница Прилеп - Битола", и тоа од 27.03.2024 ќе има целосно затворање на делницата.

На 26.03.2024 година од 14.15 часот извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од автопатот 300м после надвозник „Маџари“ до клучка „Белви“ за време на поправка и рехабилитација на државен пат А1/А2 делница Скопје-Куманово (десна коловозна лента) каде што со ветикална сообраќајна сигнализација во должина од 200м сообраќајот се канализира и успорува од левата (за претекнување) сообраќајна лента во средната (за возење) сообраќајна лента за да потоа во должина од 1500м целиот сообраќај ќе се одвива по сообраќајната лента за претекнување (левата), а средната и сообраќајната лента за принудно запирање ќе бидат затворени за сообраќај.

Од 18.03.2024 г. има измена на режимот на сообраќај на државниот пат Р1101, делница Прилеп – Битола, заради интезивирање на градежните активности во врска со проект Санација на патот, кај мост на река Шемница.

Започнувајќи од 11.12.2023 год. ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп - Битола поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните работи.

Започнувајќи од 05.12.2023 год. е изменет режимот на сообраќај на државен пат A2, делница Тетово - Гостивар во двата правци на движење поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните.

Oд 24.11.2023 година од 16:00 часот режимот на сообраќајот на делницата од автопатот А-1, Куманово – ГП „Табановце“поточно кл.Куманово-кл.Кр.Паланка, десната сообраќајна лента за присилно запирање и застанување ќе биде затворена за сообраќај во должина од 500м, додека сообраќајот ќе се одвива по сообраќајната лента за возење и претекнување.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно ново издаденото одобрение за времен режим на сообраќај поради изведување на градежни работи на Автопат А4, делница ГП "Блаце" - Скопје (клучка "Стенковец") Подделница 1 – од 08.11.2023 г. постоечкиот локален пат до с. Блаце од магистраниот пат А4 пред граничниот премин ќе биде затворен, а пристапот до с.Блаце ќе биде обезбеден по привремен пат пред граничниот премин, согласно поставената сообраќајна сигнализација. Останува и претходно воспоставениот времен режим на сообраќај согласно кој на 2 км пред граничниот премин "Блаце" на местото на изведување на градежните работи сообраќајот се одвива по двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) и поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На 07.11.2023 година од 13:00 ч. извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од Автопат А1, Пeтровец – Катланово - рехабилитација со проширување на автопатот А1 (лево и десно коловозот во двата правца) во должина од 6000 м, сообраќајот ќе се одвива по новоизградената коловозна лента (Катланово - Петровец) двонасочно, со вертикално поставена сигнализација, додека коловозната лента Петровец - Катланово ќе биде затворена за сообраќај.

Oд 24.10.2023 година ќе се започне со реконструкција на регионалниот пат 1301 (Охрид-Свети Наум). Сообраќајот ќе се одвива непречено и ќе биде регулиран со содветна сообраќајна сигнализација.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај на Автопат А4, делница ГП "Блаце" - Скопје (клучка "Стенковец") Подделница 1 - проширување на постоен пат А4 од ГП "Блаце" до с. Блаце до ниво на автопат и изградба на дел од автопат со клучка за поврзување со локален пат до с. Блаце, на 2км пред Граничниот Премин "Блаце" од 06.10.2022 г. на местото на изведување на градежните работи се одвива нов времен двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) со поставена соодветна соорбаќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Oд 11.9.2023 г. воспоставен е времен режим на сообраќај во тунелот на патниот правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи – санација на тунелот. Поставена е светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата.

БИОН ДОО Тетово известува дека од 20.05.2023 година на патниот правец "Државен пат А3, делница: Буково - Охрид, подделница Буково - влез во Охрид" ќе има измена на времениот режим на сообраќај поради изведување работи што се предвидени на објектот "Поставување на сообраќајна сигнализација и опрема на државен пат А3, делница Буково - Охрид, подделница Буково - влез во Охрид". Режимот ќе биде според сообраќајниот проект. Работите на објектот се предвидени да завршат на 29.02.2024.

Од 14.06.2023 година почнува проектот „Санација на трупот на патот Р1303, делница Македонски Брод – Прилеп, премин Барбаpос. Сообраќајот на овој патен правец ќе се одвива непречено со ограничување на максимална брзина до 30 км/час.

Поради изведување на градежни работи (реконструкција на коловозот) на патниот правец Подмоље – Охрид на магистралниот пат А3, сообраќајот ке биде пренасочен преку регионалниот пат Р-1208. Работите започнуваат на 09.6.2023 г., а на местото ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Почнувајќи од 06.03.2023 г., на автопатот А1, делница Петровец – Катланово, започнуваат градежни активности поради што има изменет режим на движење на возилата. Сообраќајот се одвива непречено и се препорачува внимателно пристапување.

Поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново на државен пат А1, делница Велес-Неготино, ќе се применува времена измена на режим на сообраќај. Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопат Е-75. Сообраќајот ќе се одвива непречено, со брзина од V=80km/h во зона на градилиште. Режимот ќе се применува се до целосна изградба на новата клучка Градско.

На патниот правец Градско - Прилеп се изведуваат градежни активности и затоа препорачуваме внимателно возење и прилагодена брзина на движење.

На патниот правец Кичево - Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР на АМСМ

Тел. (02)15-555

притисни ентер