ЕСМ ќе ја обжали одлуката за стопирање на истрагата за мазутот – Мицкоски очекува преразгледување на случајот - Канал 5

ЕСМ ќе ја обжали одлуката за стопирање на истрагата за мазутот – Мицкоски очекува преразгледување на случајот

Од АД ЕСМ велат не се откажуваат од случајот, чекаат да пристигне решението, по што ќе посегнат по правните механизми кои им се на располагање.

ЕСМ ќе ја обжали одлуката за стопирање на истрагата за мазутот – Мицкоски очекува преразгледување на случајот

ЕСМ најавува жалба до вишото јавно обвинителство, не се задоволни од образложението на шефот на ОЈО ГОКК Абази и предметната обвинителка Коларевиќ зошто е запрена истрагата за набавката на мазут – предметот тежок 167 милиони евра, во кој тие посочија, не произлегле докази дека опфатените во истрагата ги сториле кривичните дела за кои се сомничеа. Од АД ЕСМ велат не се откажуваат од случајот, чекаат да пристигне решението, по што ќе посегнат по правните механизми кои им се на располагање.

-Следејќи ги информациите објавени во медиумите, правниот тим на Компанијата веќе ги презема сите подготвителни активности да поднесе соодветна жалба, веднаш по официјалното примање на Решението. АД ЕСМ ќе ги искористи сите правни механизми кои ни стојат на располагање за заштита на интересите на компанијата. – АД ЕСМ

Во однос на тоа дали ќе биде преисптината ваквата одлука од страна на републичкиот обвинител - од ОЈО Скопје за Канал 5 велат, ако се поднесе приговор, тогаш ќе постапува Вишото јавно обвинителство.

Реакција имаше и премиерот Мицкоски кој вели дека е шокиран од запирањето на истрагата, а воедно и потврди и дека републичкиот обвинител Ненад Савески, со кој вчера разговарале телефонски, не бил запознаен со ваквата одлука на ОЈО ГОКК, која според Мицкоски, го губи институционалниот кредибилитет на чело со Абази.

-Во текот на вчерашниот ден јас разговарав и со јавниот обвинител Ненад Савески на оваа тема, тој ме информираше дека не бил информиран за оваа одлука на ОЈО ГОКК кое што го води Ислам Абази и претпоставувам дека по вложената жалба од страна на АД ЕСМ, случајот ќе биде преразгледан и вратен на повторно анализирање. - Христијан Мицкоски – Претседател на Влада

Одговори и целосна транспарентност, врз основа на кои факти и аргументи е донесена одлуката за запирање на истрагата што е донесена одлуката, побара и министерот за правда Игор Филков, кој смета дека истата мора итно да биде преиспитана.

На вчерашниот брифинг со новинарите обвинителката Коларевиќ посочи дека во година и половина, бројни испитани сведоци и илјадници прочешлани документи и вештачења, не произлегле докази дека 13те осомничени, меѓу кои и сопственикот на компанијата РКМ – Ратко Капушевски, екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски и сопственикот на „Пуцко Петрол“ – Асмир Јахоски, го сториле кривичното дело перење на пари и злоупотреба на јавна набавка за мазут на ТЕЦ Неготино.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Абигејл интернет-сензација, милиони фанови секојдневно го разгледуваат нејзиниот профил

Сексапилната Абигејл го привлече првото поголемо внимание на јавноста во 2013 година, кога нејзината фотографија на социјалните мрежи стана вирална.

Фото: Абигејл интернет-сензација, милиони фанови секојдневно го разгледуваат нејзиниот профил

Абигејл Рачфорд од Пенсилванија некогаш сакала да стане фудбалерка, но сепак морала рано да се откаже од спортот поради здравствени проблеми.

Во тоа време, таа немала претстава дека неколку години подоцна ќе стане една од најпознатите ѕвезди на Инстаграм и едно од најбараните имиња во светот на манекенството.

Таа првпат привлече значително внимание од јавноста во 2013 година, кога нејзина фотографија стана вирален хит на социјалните мрежи. Оттогаш, нејзината кариера бележи незапирлив подем.

Се пресели во Лос Анџелес и работеше како модел за престижни списанија како *Maxim*, *Esquire* и *Playboy*; денес, таа има милиони следбеници ширум светот.

Абигејл често ја нарекуваат „Кралица на облините“ и „Кралица на Инстаграм“, а токму нејзиниот изглед, харизма и впечатлив стил се она што ја издвојува од останатите. Покрај модните снимања, таа соработува со бројни брендови и сама ги води своите проекти на социјалните мрежи, градејќи притоа успешен личен бренд. Сепак, зад тие гламурозни фотографии стојат многу труд и напорна работа.

Одржувањето на нејзиниот изглед бара часови посветеност, специјализирани третмани и постојана грижа, како и креативност во водењето на кариерата.

Абигејл Рачфорд стана една од препознатливите личности на дигиталната ера и пример за тоа како социјалните мрежи можат да создадат нова глобална ѕвезда за кратко време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриен денот на свадбата на Кристијано и Георгина

Откриено кога се жени светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо: Местото на свадбата има посебно значење за него.

Откриен денот на свадбата на Кристијано и Георгина

Најплатениот светски фудбалер Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна свршеница Георгина Родригез треба да стапат во брак следниот викенд, пренесува „Сан“ (The Sun).

Според таблоидот „Сан“, Кристијано Роналдо и Георгина Родригез ќе го кажат судбоносното „да“ следниот викенд.

Повикувајќи се на португалски извори, парот одлучи да ја организира свадбата од соништата на островот Мадеира, поточно во Фуншал – градот каде што славниот Роналдо ја започнал својата фудбалска кариера.

Според локалните медиуми, катедралата во главниот град на островот е веќе резервирана за следната сабота, а свечената церемонија е закажана за 15:00 часот. По црковниот дел, големата прослава треба да продолжи во луксузниот хотел „Савој Палас“.

Роналдо и Георгина инаку се во врска од 2016 година, а се свршија во август минатата година.

Гласините за претстојната свадба дополнително ги поттикна самата Георгина, откако објави интересна фотографија на Инстаграм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Артета за Винисиус: Арсенал ќе биде многу амбициозен

Предводникот на англискиот фудбалски шампион Арсенал, Микел Артета се осврна на шпекулациите во медиумите за интересот на „топџиите“ за Винисиус Жуниор, изјавувајќи дека клубот ќе биде „многу амбициозен“ на трансфер-пазарот. 

Артета за Винисиус: Арсенал ќе биде многу амбициозен

Според Goal.com, Арсенал внимателно ја следи ситуацијата со договорот на бразилскиот напаѓач во Реал Мадрид, бидејќи клубот бара засилување од светска класа за својот напад.

Менаџерот на Арсенал беше воздржан кога беше прашан за евентуалното ангажирање на ѕвездата на Реал Мадрид, но испрати јасна порака во врска со намерите на клубот.

По убедливата победа од 4:1 во подготвителниот натпревар против Џирона, Артета нагласи дека лондонскиот тим е подготвен да заземе одлучен пристап во потрагата по нови играчи.

Кога беше директно прашан за ангажирањето на бразилското крило, тој внимателно ги бираше зборовите, но јасно ги изнесе своите цели.

„Активни сме и се обидуваме да го подобриме и развиеме тимот. Тоа е јасно. Очекуваме одредени случувања во наредните недели бидејќи сакаме да напредуваме, исто како и сите други“, рече Артета. „Тоа е очигледно и на пазарот и преку потезите што ги прават нашите ривали – нема само да стоиме и да гледаме. Имаме големи амбиции за она што сакаме да го постигнеме.“ „Разликите се минимални.

Сакаме да бидеме подобри, а нивото на конкуренција ќе расте, па затоа мораме да ја зголемиме конкуренцијата во самиот тим. Мораме да утврдиме што ни недостасува за да стекнеме поголема предност. Тоа е нашиот начин на размислување“, додаде тој.

Оптимизмот на Арсенал произлегува од застојот во преговорите меѓу Винисиус и раководството на Реал Мадрид.

Шпанскиот клуб би можел да биде принуден да го продаде играчот доколку наскоро не се постигне договор, бидејќи постои ризик тој да си замине како слободен играч следното лето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер