ЕСМ испорача нова цена, што ќе покажат пресметките на регулаторна?

Димитров вели дека производната цена на електричната енергија би се намалила на долгорочен рок со сопствено производство преку електростопанство.

По завшената аукција со која ЕСМ на универзалниот снабдвач ЕВН хоум му понуди струја по цена за 60 евра за мегават час, што е за 5% повеќе од досегашната, според професорот по енергетика Константин Димитров покачувањето е очекувано и реално, најмногу поради како што вели недомакинското работење на ЕСМ последните години. Димитров вели дека производната цена на електричната енергија би се намалила на долгорочен рок со сопствено производство преку електростопанство, за кое смета дека имаме доволно капацитети кои се неискористени.

- Мора да расте се трошоците се зголемуваат, цената е таа и ние граѓаните мора да разбереме дека електричната енергија е роба. Но, ако се споредиме со комшиите, тогаш зошто тие да имаат поевтина е ние поскапа? Нашето електростопанство недомакински работи последниве години, прескапо плаќа јаглен за производство на електрична енегрија. Произведувате однапред свесно, сте купиле прескапа основна енергија бидејки сами не ја копате. Имаме рудници, што не копаат, стојат копаат малку. - Константин Димитров - професор и експерт по енергетика

Откако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка поднесоа предлог за дополнување на Законот за енегретика, со кој би се скратиле процедурите во Регулаторната комисја за лиценцирање на универзалниот снабдуач, според Димитров ова е охрабрувачк потег. Вели дека новата Влада ќе има полни раце работа во однос на решавање на повеќе економски прашања во државата, вклучувајки го и регулирањето на растот на цената на електрична енегрија.

-Јас сум убеден дека новата Влада ќе ја исполни обврската дека ќе поднесе вонреден закон со кој што цената на електричната енергија не смее да се зголеми, јас така го разбрав и го прифаќам. Они уште не седнале на жешко столче, а веќе ги напаѓаат од сите страни, им подметнуваат долгови, зголемени цени. - Константин Димитров - професор и експерт по енергетика

Законот треба да се најде пред пратениците во почетокот на следната недела по изборот на новата влада. Новата цена на струјата се очекува да ја донесе РКЕ деновиве, а ќе важи од 1 јули до крајот на годината. Првиот човек на регулаторна Марко Бислимовски за Канал 5 вели дека го подржува предлогот за Законски измени од ВМРО-ДМПНЕ и коалицијата и потсетува дека нема да има ценовни шокови за граѓаните.

Дополнително ЕВН хоум на тендерот ја прифати понудата од ЕСМ за снабдување од 85% од потребите на регуларниот пазар, додека за останатите 15% иако биле добиени понуди од 3 компании, од ЕВН велат дека цените биле за околу два ипол пати повисоки во однос на цената на ЕСМ, па тие не беа прифатени.

Украинските граничари спречија дваесетина регрути да избегаат од земјата

Украинските граничари спречија дваесетина регрути да избегаат од земјата. Групата е приведена во близина на селото Келменци, во близина на границата со Молдавија, соопштија властите, цитирани од ДПА.

Регрутите доаѓале од различни делови на Украина и планирале да побегнат пешки во текот на ноќта. Тие кои им помогнале да избегаат, наводно, добиле по 12.000 евра.

Пред повеќе од две години, Украина прогласи воена состојба и нареди мобилизација за да се брани по целосната руска инвазија. Оттогаш, мажите на возраст меѓу 18 и 60 години кои подлежат на воена служба може да ја напуштат земјата само во исклучителни околности, забележува ДПА./МИА

ЕУ и Украина потпишаа договор за заеднички безбедносни обврски

ЕУ и Украина споделуваат заеднички вредности.

Европската Унија и Украина споделуваат заеднички вредности, како демократијата, почитувањето на човековите права и основни слободи и владеење на правото, како и заеднички интереси за мир, безбедност, стабилност и просперитет, се наведува во договорот за заеднички безбедносни обврски што денеска пред официјалниот почеток на Самитот на ЕУ во Брисел го потпишаа претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен и шефот на украинската држава Володимир Зеленски.

- Посветени на овие заеднички вредности и интереси и во согласност со заклучоците на Европскиот совет од јуни, октомври и декември 2023 година и Заедничката декларација за поддршка на Украина од 12 јули 2023 година, Европската Унија и нејзините земји членки, заедно со партнерите, ќе придонесат на долг рок за безбедносни обврски кон Украина, што ќе и помогне на Украина да се одбрани, да се спротивстави на напорите за дестабилизација и да ги одврати актите на агресија во иднина, се наведува во документот.

Во него, како што јави дописникот на МИА, двете страни потписнички ја повторуваат својата решителна осуда на руската агресија врз Украина, како очигледно кршење на Повелбата на ОН, а Европската Унија ја потврдува и својата непоколеблива поддршка на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граници од 1991 година, нејзиното право на самоодбрана од руската агресија утврдена во член 51 од Повелбата на ОН и нејзиниот стремеж кон сеопфатен, праведен и одржлив мир.

- Европската Унија повторува дека иднината на Украина и нејзините граѓани е во рамките на ЕУ и потсетува на историските одлуки на Европскиот совет за доделување статус на земја кандидат и за отворање на пристапните преговори со Украина. Европската Унија го поздравува значителниот напредок што го постигна Украина, дури и во услови на тековната војна на Русија против Украина, се додава во договорот.

Во документот се потенцира дека ЕУ и нејзините земји членки се клучни придонесувачи за непосредната и долгорочна безбедност и отпорност на Украина, преку воена и цивилна помош, хуманитарна, финансиска, трговска и економска поддршка, прифаќање на раселените лица, поддршка на реформите, закрепнувањето и реконструкцијата, како и преку рестриктивни мерки, поддршката на механизмите за одговорност, дипломатска поддршка и глобална достапност.

- Целокупната помош за Украина и нејзиниот народ од страна на Европската Унија и нејзините земји членки досега изнесува речиси 108 милијарди евра, вклучувајќи 39 милијарди евра воена поддршка, од кои 6,1 милијарди евра преку Европскиот мировен фонд (ЕПФ). Новоформираниот Фонд за помош на Украина во рамките на ЕПФ додава дополнителни пет милијарди евра за 2024 година за да обезбеди понатамошна воена помош и обука, а може да се предвидат дополнителни годишни зголемувања до 2027 година, врз основа на украинските потреби и политичките насоки од Советот, се навадува во документот.

Натаму се потсетува дека ЕУ воспостави Украински механизам вреден 50 милијарди евра за да обезбеди предвидлива финансиска поддршка за Украина во периодот 2024-2027 година, од кои веќе се исплатени 7,9 милијарди евра и се согласи да ги искористи приходите од каматите на замрзнатите руски средства за поддршка на земјата.

- Европската Унија е решена да продолжи да им ја дава на Украина и на нејзиниот народ сета неопходна политичка, финансиска, економска, хуманитарна, воена и дипломатска поддршка онолку долго колку што е потребно и интензивно колку што е потребно, се потенцира во договорот.

Во документот се нагласува и дека воената поддршка и безбедносните обврски ќе бидат обезбедени со целосно почитување на безбедносната и одбранбената политика на одредени земји од ЕУ и земајќи ги предвид безбедносните и одбранбените интереси на сите членки.

Од своја страна, пак, Украина се обврзува да продолжи со спроведување на реформите во рамки на напорите за нејзино членство во Европската Унија, како и во областа на безбедноста, разузнавањето и одбраната.

- Ова вклучува цивилен надзор над безбедносните и одбранбените сили, ефикасноста и транспарентноста на одбранбените институции и зајакнувањето на нејзината одбранбена индустрија, врз основа на Европската одбранбена индустриска стратегија, се наведува во договорот.

Покрај ова, Украина презема обврска за зајакнување на транспарентноста и одговорноста во однос на користењето на добиената помош, како и да придонесе за безбедноста на Европската Унија и нејзините земји членки, вклучително и преку споделување на информации. /МИА

притисни ентер