Ескобар пристигна во дводневна посета на Албанија - Канал 5

Ескобар пристигна во дводневна посета на Албанија

Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар денеска ја започна посетата на Албанија каде веќе се сретна со највисоките лидери на земјата, а утре ќе има средба со претставниците на опозицијата.

Ескобар пристигна во дводневна посета на Албанија

Придружуван од амбасадорката Јури Ким, првата средба ја оствари со премиерот Еди Рама, а потоа и со шефот на државата Бајрам Бегај.

Во отсуство на официјално соопштение, медиумите јавија дека на средбите тема број еден биле локалните избори што ќе се одржат на 14 мај, за кои кампањата почнува за два дена.

Американската политика претходно преку својата амбасадорка Ким јасно стави до знаење дека албанската политика мора да има чисти кандидати без криминално досие. Исто така, беше посочено дека треба да се внимава и на финансирањето на оваа изборна кампања.

- Второ прашање за кое се разговара е Охридскиот договор меѓу Косово и Србија. Ескобар во изминатите недели беше поттик за што поскоро спроведување на овој договор. Има информации дека барал од албанските власти и од самиот премиер Еди Рама да ја продолжат поддршката за овој договор и охрабрувањето на косовските власти за негово спроведување, наведуваат албанските медиуми.

Третото прашање е поврзано со „внатрешното и многу загрижувачко прашање за Албанија, како што се кибер-нападите од Иран".

- Потсетуваме, Соединетите Американски Држави, покрај помошта во кибер-нападот преку ФБИ, обезбедија и финансиска и техничка поддршка за зголемување на одбранбените капацитети на Албанија од идни напади. Ескобар ја потврдил поддршката на САД во иднина за соочување со овие напади и природно да се зголемат одбранбените капацитети, додаваат медиумите.

Инаку, утре планирани се средби со Енкелејд Алибеај и група претставници на Демократската партија, како и со поранешниот албански претседател Илир Мета, сега лидер на Партијата на слободата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 11. септември 2026 година

Дневен хороскоп за петок 11. септември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 11. септември 2026 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и партнерот, денеска ќе се однесувате доста неурамнотежено.

Кариера

Додека размислувате за работата , се појасно е дека пред вас се отвора пат за нови успеси и напредувања.

Здравје и совет

Потребен ви е одмор.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Во големите и во малите љубовни амбиции ќе се водите од својот внатрешен глас и ќе го постигнете посакуваното.

Кариера

Наеднаш би можела да се појави можност за деловна соработка со пријатели .Станува збор за работа поврзана со естетика.

Здравје и совет

Можен е преубав сон.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои од вашите соработници би можел денеска да ви го покаже своето нежно лице или чувства кон вас.

Кариера

Може да се каже дека ова ден за убави намери , искрени деловни мислења и добра соработка доколку не ги форсирате работите.

Здравје и совет

И натаму одмарајте се редовно.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Без оглед што вовашиот сегашен однос недостига емотивност , ќе успеете на паметен начин да ја подобрите вашата врска.

Кариера

Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние работи на кои сте навикнати , ќе ви причинуваат извесна тешкотија.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Пред вас е ден во кој ќе се мешаат пријатни ситуации нешто сосем неочекувано , што спаѓа во фантазирање. Балансирајте.

Кариера

Ако сте решени да делувате од сенка , денеска е ден во кој на таков начин може да постигнете завидни успеси.

Здравје и совет

Чудни сништа ќе ве збунат.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете разиграни и подготвени за палавости.Доколку вклучите и хумор , ќе направите добра забава.

Кариера

Денеска ќе ви стане јасно колкав е капацитетот на она што ви се случува. Ќе нема крај.

Здравје и совет

Подобрување.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денешниот ден ќе ве поттикне веројатно на многу добри дела и попустливост кон партнерот.

Кариера

Секогаш сте го ценеле она што ќе го направите со свои раце. Денеска ќе покажете необичен талент , што бара прецизност во рацете.

Здравје и совет

Ќе бидете здрави и исполнети со среќа.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Влегувате во подобар љубовен период.Ќе забележите според се подобриот однос со партнерот или со блиските луѓе воопшто.

Кариера

Не ги форсирајте своите ставови дури и кога сте во право.Попаметно е да почекате додека и на другите им стане јасно.

Здравје и совет

Чувајте си го грлото.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Оние кои не се сигурни како да се однесуваат со саканата личност , нека го прашаат најдобриот пријател/ка за совет.

Кариера

Иако вашите заслуги се видливи , не се толку стабилни , па сепак денеска може да се повикате на нив и да продолжите понатаму.

Здравје и совет

Успешно се справувате со нервозата.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Многумина денеска ќе откријат што значи да се биде целосно среќен. Не само што ќе сакате и ќе бидете сакани , туку тоа ќе го раширите и на околината.

Кариера

Следува успешна соработка со лица кои се духовити , забавни , млади и креативни. Истото важи и за таквите работи.

Здравје и совет

Сосема сте здрави.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска ќе се покажат вашите скриени чувства .Ќе бидете малку збунети , но и ќе ви биде пријатно.

Кариера

Се чини како да ви се отвораат некои нови деловни можности за кои до сега не сте биле свесни. Размислете на мира за нив.

Здравје и совет

Никаде не треба да брзате.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Како што ќе минува денот , ќе забележувате дека вапиот приватен живот добива нов сјај и се враќа во рамнотежа.

Кариера

Ќе ги занемарите мислите за работата , зашто денеска ќе ви донесе денот убави искуства во други области.

Здравје и совет

Ќе ви недостига сила , штедете се.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓи Димов во „Вести плус“

Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Ѓорѓи Димов

Ѓорѓи Димов во „Вести плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царска пита што секогаш успева – Мека, сочна и се спрема без мака

Царската пита е едно од домашните јадења кои речиси сите ја сакаат, особено кога ви е потребен брз појадок, вечера или нешто за послужување на гости.

 Царска пита што секогаш успева – Мека, сочна и се спрема без мака

Царската пита е едно од домашните јадења кои речиси сите ја сакаат, особено кога ви е потребен брз појадок, вечера или нешто за послужување на гости. Не бара сукање, ниту чекање тестото да нарасне, состојките едноставно се соединуваат, смесата се истура во плех и се пече.

Најубава е додека сè уште е топла, но вкусна е и кога сосема ќе се излади. Токму затоа може да се приготви однапред и да се послужи кога ви одговара.

Состојки:

4 јајца

200 мл јогурт

100 мл масло

200 г. брашно

1 кесичка прашок за печиво

150 г. шунка

150 г. полутврдо сирење

3 помали кисели краставички

1 помала црвена пиперка

прстофат сол

малку бибер по желба

Подготовка:

Скршете ги јајцата и изматете ги во поголем сад додека не станат благо пенести. Додајте го јогуртот и маслото, па сето тоа добро соединете го. Брашното измешајте го со прашокот за печиво и постепено додавајте го во смесата, непрекинато мешајќи, сè додека не добиете глатка смеса без грутчиња.

Шунката, сирењето и киселите краставички и пиперката исечкајте ги на ситни коцки. Додајте ги во приготвеното тесто и измешајте со дрвена лажица или шпатула, за рамномерно да се распределат. Со солта внимавајте, бидејќи шунката, сирењето и краставичките се веќе солени. По желба додајте малку бибер.

Приготвената смеса истурете ја во плех обложен со хартија за печење или претходно намачкан со малку масло. Измазнете ја површината и ставете ја да се пече во рерна на 180°С.

Печете околу 30-35 минути, односно додека питата не нарасне и добие убава златно - румена кора. Пред крајот на печењето проверете со чепкалка. Ако излезе сува, питата е готова.

Кога ќе ја извадите од рерна, не сечете ја веднаш, оставете ја да постои 10-тина минути за да се стегне и парчињата да го задржат својот убав облик.

Оваа пита може да ја послужите со јогурт, кисело млеко или кефир. Погодна е да ја понесете на работа или излет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер