БалканЕскобар му даде рок на Курти- има два дена да одговори на барањата на ЕУ и САД Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар изјави дека премиерот на Косово Албин Курти има рок од два дена да одговори на барањата на ЕУ и САД.Тој пред новинарите во Приштина изјави дека тој и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Косово-Србија Мирослав Лајчак в петок ќе ја информираат јавноста дали има напредок или не, пренесува Репортерс. Како што рече, Курти е должен до петок да се изјасни за прашањето за изборите на северот, како и дека по Охрид нема план Б и дека договорот мора да се спроведе. Според Ескобар, доколку Курти не ги прифати трите услови, тогаш е јасно дека не сака соработка со САД и ЕУ и дека тоа не може да помине без последици, пренесува Клан Косова. Тој додаде дека САД, Европската унија и сите меѓународни партнери се заедно во нивните барања за смирување и нормализирање на ситуацијата и дека доколку тоа не се случи, последиците за Приштина ќе бидат долготрајни при што појасни дека овие последици ќе бидат насочени кон жителите на Косово. Ескобар изјавил дека премиерот Курти има нацрт на статутот на Заедницата на српски општини (ЗСО), но го крие, пренесува Репортерс. Тој пред новинарите во Приштина изјави дека нацрт-статутот треба веднаш да го претстави владата, а САД и ЕУ очекуваат тоа да се случи наскоро, пренесува Клан Косова. Ескобар и Лајчак се во Приштина од понеделникот вечерта, каде разговараа со Курти, претседателката на Косово Вјоса Османи, претставници на трите најголеми опозициски партии и Српска листа. Повеќе од два часа траеше средбата на косовскиот премиер Албин Курти со специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар. По средбата Лајчак изјави дека на Албин Курти му биле претставени три барања за решение на ситуацијата на северот на Косово – итно смирување на тензиите, враќање на дијалогот и брзи нови избори. Градоначалниците на север, освен законитост, мора да имаат и легитимитет“, рече Лајчак. На прашањето за изборите тој одговори: „Да се договоревме, ќе кажев“. Што се однесува до градоначалниците на општините на север, Лајчак рече дека тие се легални, но дека немаат легитимитет „Законитоста не значи застапеност и легитимитет и тоа е проблемот што го имаме на север. Затоа, во интерес на Косово, во интерес на сите е да имаме претседатели на општини кои имаат законитост, но и легитимитет и застапеност“, рече Лајчак. Ескобар истакна дека никогаш немало поголемо единство во евроатлантската заедница – Европската унија, САД, земјите од НАТО, како и сите пријатели на Косово имаат единствен став за надминување на кризата на северот на Косово.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter