Фото: Три брода се погодени со проектили во Ормутскиот теснец - Канал 5

Фото: Три брода се погодени со проектили во Ормутскиот теснец

Три бродови се погодени од неидентификувани ракети во Ормутскиот теснец, соопштија денеска  агенциите за поморска безбедност и други извори.

Фото: Три брода се погодени со проектили во Ормутскиот теснец

Еден од нападите предизвика пожар на товарен брод, што предизвика евакуација на поголемиот дел од екипажот, објави Ројтерс.

Тајландски брод во пожар

Според два извори за поморска безбедност, целта на нападот бил тајландскиот носач на големо „Мајуре Нари“, кој бил оштетен околу 11 наутички милји (46 километри) северно од брегот на Оман. Канцеларијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO) подоцна потврди дека пожарот на бродот е изгаснат и дека немало влијанија врз животната средина. Само основните членови на екипажот останале на бродот.

Јапонски контејнерски брод, исто така, е оштетен

Претходно, јапонскиот контејнерски брод „Уан Маџести“ исто така беше погоден од неидентификувана ракета, која претрпе помала штета. Инцидентот се случил 25 наутички милји (46 километри) северозападно од Рас Ал Хаима во Обединетите Арапски Емирати, соопштија безбедносни извори. Тие додадоа дека екипажот е безбеден, а бродот е на пат кон безбедно сидро.

Третиот нападнат брод плови под знамето на Маршалските Острови

Третиот нападнат брод, кој превезувал товар на големо, бил погоден околу 50 милји северозападно од Дубаи, соопштија компаниите за поморска безбедност. Компанијата за управување со поморски ризици „Вангард“ потврди дека ракетата го оштетила трупот на бродот „Стар Гвинет“, кој плови под знамето на Маршалските Острови. Екипажот на бродот е безбеден.

Бројот на напади во клучниот морски премин се зголемува

Сообраќајот низ Ормутскиот теснец, клучна поморска рута низ која минуваат околу 20 проценти од светските залихи на нафта и гас, е значително намален откако започна конфликтот во Иран на 28 февруари. Со овие најнови инциденти, бројот на нападнати бродови од почетокот на конфликтот се искачи на најмалку 14.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова: Пензионирањето не е крај на активниот живот, туку нова можност за мудроста и искуството

За неа, спортот не е само физичка, туку и ментална вежба којашто го подобрува здравјето, го поттикнува дружењето и не учи да продолжиме да им се радуваме на успесите, но и полесно да се справуваме со неуспесите.

Сиљановска-Давкова: Пензионирањето не е крај на активниот живот, туку нова можност за мудроста и искуството

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Охрид се обрати на отворањето на 30. Републички пензионерски спортски натпревари 2026, посветени на 80-годишнината од пензионерското организирање во Македонија и на 20 Септември - Денот на пензионерите на Македонија.

„Логично е да бидам меѓу вас, бидејќи и јас сум една од вас“, порача претседателката, истакнувајќи дека пензионирањето не е крај на активниот живот, туку почеток на нов животен циклус во којшто мудроста, знаењето и искуството доаѓаат до особен израз.

За неа, спортот не е само физичка, туку и ментална вежба којашто го подобрува здравјето, го поттикнува дружењето и не учи да продолжиме да им се радуваме на успесите, но и полесно да се справуваме со неуспесите.

Говорејќи за правата на пензионерите, Сиљановска-Давкова истакна дека тие треба да бидат вклучени во креирањето на политиките, а особено во носењето на законите и одлуките што се однесуваат на нив.

Претседателката посочи на примерот на Јапонците, познати како најдолговечен народ, укажувајќи дека една од најважните причини за тоа е вербата во филозофијата на „икигаи“, според која, секогаш постои причина за нашето постоење и цели што треба да ги оствариме.

На учесниците им посака фер-плеј, витешка борба и успех, како и уште многу вакви натпревари во иднина.

На отворањето се обратија и претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, претседателката на Здружението на друштва на пензионери на Словенија, Зденка Јан и претставникот на Министерството за спорт, Илија Ристески.

На натпреварите е предвидено учество на 312 натпреварувачи од 41 здружение, членки на сојузот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата ги усвои заклучоците за формирање на Оператор на пазар на природен гас

Клучен чекор кон либерализација и модернизација на гасниот сектор.

Владата ги усвои заклучоците за формирање на Оператор на пазар на природен гас

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од формирање на оператор на пазар на природен гас и ги донесе соодветните заклучоци за преземање на конкретни чекори за негово функционално воспоставување.

Следствено на донесените заклучоци, препораките и задолжувањата се однесуваат на МЕМО ДООЕЛ Скопје за да ја започне постапката и процесот за воспоставување на оператор на пазар на природен гас, согласно законските прописи од областа на енергетиката. МЕМО ДООЕЛ Скопје има обврска да изготви и достави сеопфатен план кој ќе ги опфати сите организациски, технички, ИТ, легислативни и финансиски параметри, како и редовно (најмалку еднаш на три месеци) да ја известува Владата, Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Министерството за финансии и Регулаторната комисија за енергетика за напредокот на активностите.

Правната рамка за организирање и управување со пазарот на гас како регулирана енергетска дејност од јавен интерес е поставена со Законот за енергетика уште во 2018 година. И покрај тоа што со овој закон успешно е воспоставен оперативен пазар на електрична енергија преку формирањето на МЕМО ДООЕЛ Скопје, соодветната институционална структура за гасниот сектор е новоспоставена во изминатите години.

Преку деталните анализи и подготовката на оваа информација, разгледувани беа регионалните пазарни модели (од целосно либерализирани системи како Австрија и Унгарија, до хибридни модели во Грција, Хрватска, Бугарија и Романија). Притоа се дојде до заклучок дека воспоставувањето на нов, посебен субјект би барало долготраен период за имплементација, високи административни и оперативни трошоци и комплицирани процеси.

Напроти тоа, МЕМО ДООЕЛ Скопје веќе располага со функционална ИТ-платформа, развиен систем за пазарно порамнување и докажана експертиза во управувањето со енергетски пазари. Доделувањето на надлежноста за пазарот на гас на МЕМО ДООЕЛ претставува најрационално, најповолно и најбрзо решение. Овој пристап е целосно во согласност со европските практики за транзициски пазари и овозможува постепено создавање на интегриран (комбиниран) пазарен оператор за електрична енергија и природен гас.

Носењето на овие заклучоци и доделувањето на оваа функција имаат суштинско и стратешко значење за Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, како и за целокупниот енергетски сектор во земјата во однос на подготовката на гасните интерконектори, пазарната конкуренција и транспарентност, за усогласувањето со ЕУ регулативата и институционалата ефикасност.

Република Македонија интензивно работи на клучните инфраструктурни проекти – гасните интерконектори со Грција (со планирано пуштање во средината на 2027 година) и со Србија (на крајот на 2028 година). Овие проекти ќе овозможат пристап до нови извори на снабдување (вклучително и LNG терминали) и нов бран на трговски текови. Без функционален пазарен оператор, ефикасното користење на оваа нова инфраструктура би било оневозможено.

Затоа, воспоставувањето на операторот овозможува премин од почетната фаза на либерализација кон созревање на гасниот пазар, формирање на транспарентни и пазарно засновани цени, како и воведување на ефикасни балансни механизми во корист на учесниците на пазарот и крајните потрошувачи.

Со овој чекор, Министерството и државата директно ги исполнуваат преземените обврски од европската регулаторна рамка и целите на Енергетската заедница за целосна интеграција со регионалните пазари. Дополнително, со искористување на капацитетите на МЕМО ДООЕЛ Скопје се обезбедува максимална заштеда на јавни средства и ресурси, гарантирајќи брз, оперативен и сигурен премин кон соодветна организација на пазарот.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на блиската координација со сите релевантни институции со цел навремена и успешна реализација на донесените заклучоци.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џеф Кроненвет е добитник на Специјална Златна камера 300 за особен придонес во филмската уметност на 47. ИФФК „Браќа Манаки“

„Скејтањето не е за девојчиња“ на Дина Дума го отвора Фествалот.

Џеф Кроненвет е добитник на Специјална Златна камера 300 за особен придонес во филмската уметност на 47. ИФФК „Браќа Манаки“

-Во Битола доаѓа човекот кој е познат на светско ниво како автор на екстремно квалитетни слики како директор на фотографија и умешно ја корсити светлината, но повеќе е познат по тоа што ја користи темнината, односно сенките. Човек кој во Битола ќе ја донесе атмосферата на трилерот, бидејќи тој ги изработи најдобрите трилери во светската кинематографија- Џеф Кроненвет е годинашен лауреат на Специјална Златна камера 300 за особен придонес во филмската уметност, најави на денешната прес-конференција директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Димитрија Доксевски.

Како автор на некои од највпечатливите и највлијателните визуелни ремек-дела во современата кинематографија, Кроненвет донесе револуција во филмскиот јазик. Неговата долгогодишна, култна соработка со режисерот Дејвид Финчер ни ги подари антологиските кадри во филмовите како Боречки клуб (Fight Club), Социјална мрежа (The Social Network), Исчезната (Gone Girl) и Девојката со тетоважа на змеј (The Girl with the Dragon Tattoo), кои му донесоа и две номинации за Оскар.

Познат како вистински „мајстор на светлината и сенките“, Кроненвет е пионер во дигиталната ера на кинематографијата. Тој успеа да го доведе дигиталниот формат до совршенство, користејќи прецизна психологија на кадарот каде што секое движење на камерата и секој зрак придушено светло директно ја отсликуваат внатрешната состојба и тензија меѓу ликовите.

Мајсторот на светлината, сенките и супериорната дигитална естетика доаѓа во Битола за да го прими највисокото признание и да застане рамо до рамо со великаните на светската кинематографија. Со доделувањето на ова признание, Кроненвет се приклучува на клубот на великаните на светската кинематографија кои ја понеле Специјална Златна камера 300 со што Битола уште еднаш цврсто се позиционира како центар на светската филмска уметност.

Свеченото врачување на наградата ќе се одржи во рамките на претстојното издание на фестивалот во Битола кога на Дан Лаустен и Џеф Кроненвет ќе ги примат наградите.

Доксевски годинава го најави просуството и на бројни значајни филмски имиња, меѓу кои Јануш Камински, полско-американски кинемтографер и двоен оскаровец, кој е добитник на Златна камера 300 на ИФФК „Браќа Манаки“, но никогаш не дојде во Битола и годинава ќе ја имаме можност и Камински да биде дел од свеченото отворање на Фестивалот.

Селекторот на главната компетиција, Слаѓан Пенев информираше за филмовите кои ќе бидат прикажани на свеченото отворање и затворање на Фестивалот, а се дел од главната селекција која брои 12 филмови.

-Програмата „Камера 300 на 47-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“ се состои од дванаесет филмови кои својата меѓународна премиера ја имале во 2026 година на некои од најголемите филмски фестивали во светот.

Меѓу нив и два нови домашни филмови, со кои ќе биде отворен и затворен фестивалот. Филмот СКЕЈТАЊЕТО НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА на режисерката Дина Дума и кинематограферот Фредерик Нуаром ќе ја има својата македонска премиера по успешното претставување на фестивалот Трајбека во Њујорк и на Филмскиот фестивал во Сараево. Ова е втор филм на Дина Дума кој ќе биде прикажан во главната програма на „Манаки“, по дебитантскиот СЕСТРИ, прикажан на 42-то издание на овој фестивал во 2021 година.

Вториот македонски филм во програмата „Камера 300“ ќе биде НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА ШТО СЕ СЛУЧИ ПРЕТХОДНО во режија на Срѓан Јаниќијевиќ, а директор на фотографијата е Дејан Димески. Овој филм деновиве ќе ја има својата меѓународна премиера на Филмскиот фестивал во Олденбург. Димески има освоено Бронзена Камера 300 на фестивалот „Браќа Манаки“ во 2017 г. за филмот ЖАБА во режија на Елмир Јукиќ, а неговите филмови БАЛКАНОТ НЕ Е МРТОВ (2013), ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА СКОПЈЕ (2016) и МИМИ (2022) претходно биле дел од програмата „Камера 300“.

Уште еден филм од оваа програма во чие создавање има македонски удел е филмот СРАМ И ПАРИ на режисерот Висар Морина и кинематограферот Јанис Мазух, во германско-косовско-словенечко-македонско-белгиско-албанската копродукција. Филмот забележа голем успех годинава на многу фестивали, премиерно беше прикажан на почетокот на оваа година на Санденс фестивалот, каде ја освои една од главните награди - големата награда на жирито за драмската програма (World Cinema Grand Jury Prize: Dramatic).

Од непосредното соседство ни доаѓа и филмот ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ, во режија на дебитантката Јелена Максимовиќ, а кинематографер е Паул Шпенгеман. Овој филм кој ќе биде деновиве премиерно прикажан на Филмскиот фестивал во Венеција, во програмата „Хоризонти“ е копродукција помеѓу Србија, Бугарија, Словенија, Црна Гора, Хрватска и Германија, а регионалната премиера ќе ја има токму на ИФФК „Браќа Манаки“.

Меѓу останатите филмови во програмата „Камера 300“, имаме уште неколку големи режисерски и кинематограферски имиња, а дел од нив и претходно учествувале на фестивалот „Браќа Манаки“.

Тандемот Илкер Чатак и Јудит Кауфман по вторпат ќе биде во главната програма на „Манаки“, откако пред две години ја освоија Златната Камера 300 за филмот НАСТАВНИЧКА КАНЦЕЛАРИЈА. Овој пат, нивната напната психолошка, семејна и политичка драма ЖОЛТИ ПИСМА доаѓа во Битола по успешна фестивалска промоција низ многу европски и светски фестивали, како и една од најголемите филмски награди – Златната мечка од Берлинале.

Уште два препознатливи режисерско-кинематограферски тандеми чии дела биле и претходно учесници на нашиот фестивал ќе бидат претставени во годинешнатта програма. Тандемот Павел Павликовски - Лукаш Жал со филмот ТАТКОВИНА, последниот од „историската трилогија“ на Павликовски, по антологиските ИДА (2013) и СТУДЕНА ВОЈНА (2018), добитници на Сребрена и Бронзена Камера 300 на ИФФК „Браќа Манаки“. Другиот тандем, Андреј Звјагинцев - Михаил Кричман, ни го носи филмот МИНОТАУР, по претходното гостување на програмата на „Манаки“ со ЛЕВИЈАТАН (2014) и БЕЗ ЉУБОВ (2017).

Покрај старите пријатели на фестивалот, преку оваа програма имаме чест да ги запознаеме и новите мајстори на филмската фотографија, меѓу кои е и бразилскиот кинематографер Адолфо Велозо, кој минатата година му се претстави на поширокиот филмски свет со визуелната лирика во фимот СОНИШТА НА ШИНИ во режија на Клинт Бентли. Неговиот удел во филмот КРАЛИЦА НА ОТВОРЕНО МОРЕ, режиран од Ленс Хамер, е значителен, со суптилно засилување на атмосферата на агонија и емотивно разорување, претворајќи ја оваа семејна драма во визуелно интензивно и вознемирувачко искуство.

Меѓу новиот бран кинематографери, како активни соучесници во создавањето на значајни современи филмски дела и чие време допрва доаѓа, во рамките на програмата „Камера 300“ ќе ги видиме и делата на Гералд Керклец (со филмот РОЗА, во режија на Маркус Шлајнцер), Ана Драгичи (со филмот АТЛАС НА УНИВЕРЗУМОТ, во режија на Паул Негоеску), Ману Тилински (со филмот ЛАВ НА МОЈОТ ГРБ, во режија на Тониа Мишиали) и Жонгџианг Лианг (со филмот НЕПОЗНАТА ДЕВОЈКА во режија на Зоу Џинг), рече Пенев.

-Овогодинешнaтa натпреварувачка програма за најдобра камера во документарен филм на 47-от Меѓународен фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе представи десет филмови снимени во шеснаесет земји, фокусирајќи се на најновите ликовни истражувања во современиот документарен филм, информираше Кумјана Новакова, селектор на документарната програма.

Со седум филмови снимени во 2026 година и три во 2025 година, селекцијата ги спојува етаблираните и новите кинематографски гласови од Балканот, Европа, Блискиот Исток, Африка и Северна Америка.

-Селекцијата обединува не околу една единствена тема, туку напротив, преку исклучителната разновидност на кинематографски пристапи. Избраните филмови се движат помеѓу документарен пристап, доку-фикција, перформативен филм, архивски пракси и нови слики, и експериментални форми. Низ лични и интимни приказни до историски теи и географски истражувања, селектираните филмови се фокусираат на прашањата за политиките на сеќавање, борбите против насилството и опстанокот.

Формално - посебна карактеристика на програмата е подеднаквото внимание што им се посветува на филмови со различно траење и форми - од кратки дела до долгометражни филмови - потврдувајќи го документарниот филм како простор на континуирано експериментирање со можностите на подвижната слика. Како фестивал посветен на кинематографијата, селекцијата става посебен акцент на сликата како начин на размислување: не само како средство за документирање на светот, туку и за негово повторно преиспитување, реконструкција и замислување.

-Најинтересните факти на прв поглед: 10 филмови, 16 претставени земји и/или простори на продукција, 7 филмови од 2026 година и 3 од 2025 година, опсег на времетраење: од 15 до 109 минути.

Родова застапеност: 4 филмови се режирани или ко-режирани од жени, 5 филмови се режирани или ко-режирани од мажи, 1 филм е ко-режиран од жена и маж.

Низ многу различни географски подрачја - од Судан до Иран и Оман, од Косово и Балканот до Франција, Шпанија и на други места - филмовите се враќаат на прашањата за: раселување и миграција, сеќавање и историски траги, пејзажи обележани со насилство или трансформација, отсуство и загуба, тела како архиви, и можноста за повторно читање на историјата преку слики, подвлече Новакова.

Филмови во документарната програма:

I PLANT MY HAND IN THE GARDEN / ЈА ЗАСАДУВАМ СВОЈАТА РАКА ВО ГРАДИНАТА

Hoda Taheri & Boris Hadžija

Germany, Serbia, Iran / 82' / 2026

Cinematographer: Vytautas Katkus

TODO ES CÁRCEL / ЖИВ ЗАТВОР

Eloy Enciso Cachafeiro

Spain, 2026, Color, 109’

Cinematographer: JIMMY GIMFERRER

CROSSINGS : KALEH ZIYARAT / ПРЕМИНИ: КАЛЕХ ЗИЈАРЕТ

Rouzbeh Akhbari

Canada, Portugal, Iran, Oman / 2026 / 67’ Cinematographer: Rouzbeh Akhbari, Jacopo Falsetta

KRAKATOA / КРАКАТОА

Carlos Casas

France, Poland, Spain, United Kingdom / 2026 / 78’ Cinematographer: Benjamín Echazarreta

THE BEAUTY OF THE DONKEY / МАГАРЕШКА УБАВИНА

Dea Gjinovci

Switzerland, Kosovo, France, USA / 2025 / 75’ Cinematographer: Maxime Kathari

IF YOU DON'T LIKE IT, LOOK AWAY / ЖЕНСКА БАЊА

Margaux Fournier

France / 2025 / 30’

Cinematographer: Théo Vincent Suzzoni

BAREFOOT MARIA / БОСОНОГА МАРИЈА

Rebecca Digne

France / 2026 / 41’

Cinematographer: Rebecca Digne

THE WEARY HOURS OF TWO LAB ASSISTANTS / ИСЦРПУВАЧКИТЕ ЧАСОВИ НА ДВЕ ЛАБОРАТОРИСКИ АСИСТЕНТКИ

Burak Çevik

Turkey, UK, Germany, Croatia / 2026 / 23’ Cinematographer: Gregory Oke

NOTHING HAPPENS AFTER YOUR ABSENCE / НИШТО НЕ СЕ СЛУЧУВА ОТКАКО ЌЕ ЗАМИНЕШ

Ibrahim Omar

Cinematographer: Ala Kheir

THE BRIDGE / МОСТОТ

Léa Triboulet

France / 2026 / 23’ Cinematographer: Michaël Capron

-Овогодишната Меѓународна краткометражна програма носи 15 филмови и продолжува една важна традиција на ИФФК “Браќа Манаки“ – да открива нови кинематографери, но и да ги следи авторите кои повторно се враќаат на фестивалот со нови филмови, соопшти селекторката на кратки филмови на Фестивалот, Марија Апчевска, која заедно со Атанас Велковски го направија годинашниот избор.

Во селекцијата се среќаваат филмови од најзначајните светски фестивали но и нови авторски откритија.

-Од Кан доаѓа „Неколку нешта што се случуваат покрај реката“ на Даниел Соареш, со кинематографија на Марта Симоеш, како и „Татковина“ или буле по име Јанто“ на Бертолд Вајуди, снимен од Ноа Бем. Од Санденс доаѓа „Блескав мраз“ на Хана Ширбек, со кинематографија на Винсент Прохороф, додека меѓу познатите имиња во програмата е и Роби Рајан, кинематографер на „Лажен накит“ на Џеси Мусалем.

Особено значајно е и силното македонско присуство во годинашната програма, преку авторите Леон Ристов и Самир Љума со „Никола, Никола“, Милена Витман и Марина Колоска со „Раѓање“ и Наум Доксевски, кинематографер на “Очите на Берна“.

Истовремено, програмата има значајно женско авторско присуство – од режисерките Лхагвадулам Пурев-Очир, Доротеа Синг Жанг, Милена Витман, Џеси Мусалем, Мел Ночети, Јелица Јериниќ и Хана Ширбек, до кинематограферките Марта Симоеш, Марина Колоска, Виржини Судеј и Мел Ночети, истакна Апчевска.

Филмовите кои доажаат на 47. Издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во кратката програма ги соопшти Велковски.

„Неколку нешта што се случуваат покрај реката“ / A Few Things Happening by a River (2026, Франција, Португалија) — реж. Даниел Соареш, кин. Марта Симоеш

„Прозорец свртен кон југ“ / A South Facing Window (2025, Франција, Монголија) — реж. Лхагвадулам Пурев-Очир, кин. Васко Виана

„Како лек“ / As a Cure (2026, Кина, Обединето Кралство) — реж. Доротеа Синг Жанг, кин. Луј Лустерман

„Очите на Берна“ / Berna’s Eyes (Sytë e Bernës) (2025, Косово, Северна Македонија) — реж. Ермал Гердовци, кин. Наум Доксевски

„Раѓање“ / Birthing (2025, Северна Македонија, Хрватска) — реж. Милена Витман, кин. Марина Колоска

„Црн дрозд“ / Blackbird (Paysage après la bataille) (2025, Франција) — реж. Жоао Пауло Миранда Марија, кин. Виржини Судеј

„Лажен накит“ / Faux Bijoux (2026, Франција, Либан) — реж. Џеси Мусалем, кин. Роби Рајан

„Некогаш тој човек го нарекував дом“ / I Used to Call That Man Home (2026, Мексико, Шпанија, Италија) — реж. Мел Ночети, кин. Мел Ночети

„Имагинарни броеви“ / Imaginary Numbers (2026, Србија, Финска) — реж. Јелица Јериниќ, кин. Томислав Шутлар

„Последните тропи“ / Last Tropics (2025, Грција) — реж. Танасис Трубукис, кин. Константинос Кукулиос

„Никола, Никола“ / Nikola, Nikola (2026, Северна Македонија, САД) — реж. Леон Ристов, кин. Самир Љума

„Таму на небото“ / Nobody Knows the World (2026, Перу, Колумбија, Шпанија, Мексико) — реж. Роди Декстре, кин. Хулијан Амару

„Блескав мраз“ / Radiant Frost (2026, САД, Филипини) — реж. Хана Ширбек, кин. Винсент Прохороф

„Вторник или четврток“ / Tuesday or Thursday (2026, Црна Гора) — реж. Душан Касалица, кин. Игор Ѓорѓевиќ

„Татковина“ или буле по име Јанто“ / Vaterland or a Bule Named Yanto (2026, Германија, Индонезија) — реж. Бертолд Вајуди, кин. Ноа Бем.

-Овогодинешната студенска селекција носи 14 филмови од автори со различни потекла и различни филмски школи. Во сржта на секој филм се човечките чувства обликувани од индивидуалните гледни точки, темперамент и чувството за простор. Заедничко за сите 14 филмови е силната доверба во сликата од страна на кинематограферите, рече Ханис Багашов, селектор на студентската програма.

1. ЕЗЕРОТО / THE LAKE (2026, Северна Македонија / North Macedonia) – 15 min.

CREDITS/РЕАЛИЗАЦИЈА

Реж./Dir.: Софија ХРИСТОВСКА / Sofija HRISTOVSKA Кин./Cin.: Димитар АТАНАСОСКИ / Dimitar ATANASOSKI

2. ПРЕКУ ПРАГОТ / OVER THE THRESHOLD (2026, Србија / Serbia) – 15 min.

CREDITS/РЕАЛИЗАЦИЈА

Реж./Dir.: Тара ГАЈОВИЌ / Tara GAJOVIĆ Кин./Cin.: Наѓа СТАНИШИЌ / Nađa STANIŠIĆ

3. ПОКРАЈ РИДОТ НА НАПОЛЕОНОВИОТ ШЕШИР / PAST THE HILL OF NAPOLEON'S HAT (2025, Литванија / Lithuania) – 16 min.

CREDITS/РЕАЛИЗАЦИЈА

Реж./Dir.: Арнас БАЛЧИУНАС / Arnas BALČIŪNAS Кин./Cin.: Милда ЈУОДВАЛКИТЕ / Milda JUODVALKYTĖ

4. НОРХЕИМСУНД / NORHEIMSUND (2025, Куба, САД / Cuba, USA) – 12 min.

CREDITS/РЕАЛИЗАЦИЈА

Реж./Dir.: Ана АЛПИЗАР / Ana ALPÍZAR Кин./Cin.: Јуќан ЏАНГ / Yuqian ZHANG

5. ПАНКАЏА / PANKAJA (2026, Индија, САД / India, USA) – 14 min.

CREDITS/РЕАЛИЗАЦИЈА

Реж./Dir.: Ануја СВАМИ / Anooya SWAMY Кин./Cin.: Лук КАО / Luke KAO

6. ЗВУЧНИОТ ЅИД / LE MUR DU SON (2025, Италија, Швајцарија / Italy, Switzerland) – 12 min.

CREDITS/РЕАЛИЗАЦИЈА

Реж./Dir.: Антонио ЛА КАМЕРА / Antonio LA CAMERA Кин./Cin.: Ерика БУЛИЈАН / Erica BULIAN

7. НИКОЈ НЕ ЛАЕ / NOBODY BARKS (2025, Шпанија / Spain) – 20 min.

CREDITS/РЕАЛИЗАЦИЈА

Реж./Dir.: Џулија КОЛДВЕЛ СЕРА / Júlia COLDWELL SERRA Кин./Cin.: Мар ВИДАЛ ФЕРА / Mar VIDAL FERRÀ

8. ХОТЕЛОТ / THE HOTEL (2025, Турција / Turkey) – 12 min.

CREDITS/РЕАЛИЗАЦИЈА

Реж./Dir.: Халил ТАНИШАН / Halil TANIŞAN Кин./Cin.: Халил ТАНИШАН / Halil TANIŞAN

9. СЕВЕР ЈУГ / NORTH SOUTH (2025, Полска / Poland) – 10 min.

CREDITS/РЕАЛИЗАЦИЈА

Реж./Dir.: Станислав СКОЊЕЧНИ / Stanisław SKONIECZNY Кин./Cin.: Станислав СКОЊЕЧНИ / Stanisław SKONIECZNY

10. СЕЧИЛОТО, РАНАТА / THE BLADE, THE WOUND (2025, Франција / France) – 20 min.

CREDITS/РЕАЛИЗАЦИЈА

Реж./Dir.: Лука МИНИЕ / Lucas MINIER Кин./Cin.: Лука МИНИЕ / Lucas MINIER

11. ОД ВЕДРО НЕБО / OUT OF THE BLUE (2025, Германија / Germany) – 8 min.

CREDITS/РЕАЛИЗАЦИЈА

Реж./Dir.: Кевин КОХ / Kevin KOCH Кин./Cin.: Физи / Fizzy

12. КРАЈОТ НА СИРАНО ДЕ БЕРЖЕРАК / THE END OF CYRANO DE BERGERAC (2026, Чешка / Czech Republic) – 15 min.

CREDITS/РЕАЛИЗАЦИЈА

Реж./Dir.: Рудолф МАШАТА / Rudolf MAŠATA Кин./Cin.: Јахим НОВОТНИ / Jáchym NOVOTNÝ

13. ГНЕЗДО / NEST (2025, Швајцарија / Switzerland) – 20 min.

CREDITS/РЕАЛИЗАЦИЈА

Реж./Dir.: Стефанија БУРЛА / Stefania BURLA Кин./Cin.: Балц АУФ ДЕР МАУР / Balz AUF DER MAUR

14. ОД 6 ДО 5 / FROM 6 ΤΟ 5 (2026, Косово / Kosovo) – 10 min.

CREDITS/РЕАЛИЗАЦИЈА

Реж./Dir.: Ерлисе БЕЌИРИ / Erlisë BEQIRI Кин./Cin.: Ардијан ДУБОВА / Ardian DUBOVA

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер