3Сообраќајот на граничниот премин „Рача“ во Република Српска сè уште е во прекин: по гаснењето на пожарот, од камионот истекло масло
3Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
КултураЕротски мозаик е вратен во Помпеја, откако го украл нацистички капетан во 1944 година (ФОТО)Еротски мозаик од периодот на Стар Рим, кој бил украден од офицер на Вермахтот во 1944 година, е вратен на своето вистинско место - во Помпеја.Капетан на нацистичката армија, кој бил одговорен за воениот синџир на снабдување во Италија за време на Втората светска војна, му го предал украдениот мозаик на кој е прикажан вљубен пар на друг Германец, објави агенцијата ANSA. Семејството на Германецот го вратило мозаикот од времето на Римското Царство, благодарение на интервенцијата на членовите на италијанската единица за заштита на културното наследство (TPC) од Рим, како и дипломатските врски и притисокот. Мозаикот се смета за предмет од исклучително културно значење. Се одржа церемонија по повод враќањето на овој мозаик, организирана од италијански конзерватори на антички уметнички дела. Патем, многу еротски слики и статуи, кои многумина ги нарекувале порнографски, биле откриени и во Помпеја и во Херкуланеум. По откривањето на овие градови уништени од ерупцијата на Везув во 79 година од н.е., неаполскиот крал Франциск I од Сицилија побарал еротските дела да бидат заклучени и скриени од јавноста речиси 200 години. Поради постоењето на еротски уметнички дела, во еден момент била развиена теорија дека овие градови биле населени со неморални луѓе и дека ерупцијата на вулканот всушност била Божја казна за неморалот во овие населби на Римското Царство.Тагови: Помпеја капетанот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Случајот со Славјанка Петровска на дело покажа дека Филипче е со двојни аршиниСлучајот со Славјанка Петровска на дело покажа дека Филипче е со двојни аршини, зборува за ЕУ а води селективна борба против корупцијата.Случајот со Славјанка Петровска е доказ дека Венко Филипче зборува за корупција и е против, единствено кога тоа му оди во прилог нему. Венко Филипче го отвори случајот во јавноста дури во моментот кога Петровска стана дел од Платформата „12.05“ и почна јавно да бара промени во СДС, што е доказ за двојните стандарди на Филипче. Платформата „12.05“ јавно побара Филипче да се повлече од лидерската позиција, а Филипче потоа директно ја прозва Петровска во врска со наводите околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според Филипче постоела разлика од дури 37 милиони евра. Филипче постојано зборува за Европската Унија, европските вредности, владеењето на правото и борбата против корупцијата како услов за европскиот пат на Македонија а самиот води селективна борба против корупцијата и криминалот. Филипче да каже од кога знаел за случајот и зошто молчел? И зошто токму сега, кога Петровска стана негов политички критичар, Филипче го обелоденува случајот? Филипче како за овој случај така и за останатите доколку има сомнеж за криминал да достави информации до јавното обвинителство. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
МакедонијаСДСМ: Арамијата нема излез, Фон дер Лајен му ги зеде лагите, сега разгорува тензија пред средбатаПретседателката на Европската комисијата ja кажа вистината во лице. Македонскиоот идентитетот е заштитен. Јазикот е заштитен. На маса се реформите, европското обвинителство и промена на Уставот. Нема нови услови. Нема нова преговарачка рамка, нема гаранции. Нема ниту поништување на Преспанскиот договор, ниту враќање на името како што ветуваше Мицкоски. Лагите со кои дојде на власт паднаа во воа. Кога нема нова лага што сега ќе може да ја продава како магла, арамијата се обидува повторно да разгорува. Пред заминувањето на Тимчо Муцунски на средба следната недела, Мицкоски зборува за капитулација на фашистичка Бугарија и за окупација на територијата на денешна Македонија во Втората светска војна. Не зборува за решение. Зборува за да не може ниту да се седне на масата. Сам вели: разговараме, не преговараме. Точно. Не преговара затоа што не бара исход. Бара конфликт што трае. Со Грција така. Со Бугарија така. Од кампањата до денес. Така не се оди ни кај сосед, а камоли во преговори за врата кон Унијата. Така не се доаѓа до решение. Пример што секој го разбира. Не го каниш соседот ако не сакаш да го пречекаш. Потоа да се чудите што масата останала празна. Тоа не е дипломатија. Тоа е изговор да не се влезе. СДСМ не спори со историјата. Историјата ја решаваат историчари. За државата тука се институциите, тие треба да обезбедат напредок. Арамијата ја користи првата за да ја запре втората. Затоа што ЕУ носи правила, а правилата не му одговараат на шефот на бандата. Средбата следната недела веќе е поткопана. Од Мицкоски. Од човек што, штом ќе остане без лага, разгорува тензија. Скопје, 06.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСообраќајот на граничниот премин „Рача“ во Република Српска сè уште е во прекин: по гаснењето на пожарот, од камионот истекло масло Сообраќајот на граничниот премин „Рача“ е во прекин поради истекување на масло по гаснењето на запалено товарно возило, соопшти Авто-мото сојузот на Република Српска.Управата за индиректно оданочување на Босна и Херцеговина (УИО) синоќа соопшти дека сообраќајот сè уште е во прекин на меѓународниот граничен премин Рача-Сремска Рача, откако во вечерните часови избувна пожар на камион со регистарски таблички од БиХ, додека се наоѓал на мостот меѓу Босна и Херцеговина и Србија. Камионот се запалил среде мостот откако претходно го напуштил царинскиот терминал на Управата. Во приколката се превезувал товар од алуминиумски скали наменети за извоз од Босна и Херцеговина во Романија. Управата за индиректно оданочување на Босна и Херцеговина ги повика возачите на камиони, како и останатите учесници во сообраќајот, да користат други алтернативни меѓународни гранични премини за да избегнат подолги задржувања. Противпожарните служби брзо интервенираа и го изгаснаа пожарот на камионот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08