Археолозите во Помпеја откриле луксузен спа комплекс (ВИДЕО) - Канал 5

Археолозите во Помпеја откриле луксузен спа комплекс (ВИДЕО)

Археолозите откриле приватен спа комплекс во Помпеја каде посетителите и гостите се капеле пред да тргнат на раскошни гозби, објави денеска една италијанска веб-страница.

Археолозите во Помпеја откриле луксузен спа комплекс (ВИДЕО)

Бањите откриени во римска вила се еден од најголемите приватни термални комплекси некогаш откриени во античкиот град во близина на Неапол, уништен во ерупцијата на Везув пред речиси 2.000 години, објави Би-Би-Си.

Археолозите заклучиле дека посетителите се соблекле во специјална соблекувална која, судејќи по клупите пронајдени таму, може да соберат до 30 луѓе. Потоа се релаксирале во калидариумот, соба со топла бања, па во тепидариумот, топла соба и на крајот се нуркале во базен со ладна вода во фригидариумот. „Ладната соба е многу импресивна. Се состои од 10 метри долг двор со трем, во чиј центар се наоѓа голем базен“, опишуваат археолозите.

По уживањето во спа третманот, гостите вечерале со свеќи во сала чии ѕидови биле обоени во црно и украсени со фрески кои прикажуваат сцени од грчката митологија. Салата и термалниот комплекс се дел од големата вила на која две години работеле археолозите.

Директниот премин од термалната област до големата социјална просторија сугерира дека римската вила била погодна за организирање раскошни приеми, се наведува во соопштението. Ваквите приеми веројатно претставуваа драгоцена можност за неговиот сопственик да обезбеди изборен консензус на своите гости, да промовира кандидатура на пријател или роднина или едноставно да го потврди својот социјален статус. По застрашувачката ерупција на Везув во 79 н.е., пепелта, лавата и карпите што паѓале, прекриле многу од зградите на Помпеја кои се зачувани до денес во речиси нивната првобитна состојба.

YouTube video

Вкупниот број на загинати не е познат, но управата на археолошкиот локалитет Помпеја открива дека за време на ископувањата биле пронајдени останки на повеќе од 1.000 жртви, совршено сочувани и обложени во повеќе слоеви пепел што паднале врз градот. Се вели дека во времето на вулканската ерупција, во Помпеја живееле околу 13.000 жители. Остатоците од градот биле откриени дури во 16 век, а организираните ископувања започнале околу 1750 година.

Во поново време, вниманието е насочено кон напорите да се запре влошувањето и уривањето на вредните згради. Помпеја денес е под заштита на светското наследство на УНЕСКО и е второто најпосетувано туристичко место во Италија, по Римскиот Колосеум.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Макарони со бешамел сос

Во вторник (29.09.2026) во емисијата гостин ни бeше Марко Новески.

„Гответе со Дракче“ - Макарони со бешамел сос

Состојки за денешниот рецепт:

400 г. макарони

500 мл. готов бешамел

200 г. рендан кашкавал

150 - 200 г. сирење

2 јајца

30 - 50 г. путер

масло

сол, црн бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Кавадарци продолжува со инвестиции во енергетска ефикасност

Кавадарци продолжува со инвестиции во енергетска ефикасност!- објави на својот профил на Фејсбук, првиот човек на општината Митко Јанчев. 

Јанчев: Кавадарци продолжува со инвестиции во енергетска ефикасност

355 kW фотоволтаични системи на 12 јавни установи, со донација од 4,5 милиони денари. Помали сметки. Поголеми заштеди. Повеќе инвестиции.

Кавадарци не чека промени. Кавадарци ги создава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меѓународна поддршка на македонскиот пинг понг, Мохамед Атум од Јордан ќе тренира со најмладите пинг понгари

Од 6 до 13 Октомври Мохамед Атум од Јордан, тренер од мрежата на Меѓународната пинг понг федерација (ИТТФ) ќе спроведе тренинг камп за 18 млади пинг понгари од Mакедонија.

Меѓународна поддршка на македонскиот пинг понг, Мохамед Атум од Јордан ќе тренира со најмладите пинг понгари

Кампот се одржува во Пехчево, а Атум и селекторот на македонската репрезентација Милош Миленковиќ го посетија клубот од Берово кој е еден од најмасовните во државата.

Ова е втор тренинг камп со меѓународен тренер за само еден месец. Во септември во Скопје се одржа камп со поддршка на Амбасадата на НР Кина, а во рамки на China Table Tennis College.

Од 11 Октомври нашите најдобри сениори, Кристијан Станојковски и Амелиа Николов, ги очекува нов предизвик - учество на Европското првенство во Словенија.

Со почит,

Пинг понг федерација на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер