Ермис- првиот грчки ТВ презентер создаден со вештачка интелигенција - Канал 5

Ермис- првиот грчки ТВ презентер создаден со вештачка интелигенција

Дами и господа добра вечер! Ви благодариме за присуството во Студио 4 на ЕРТ, се обрати „новиот“ презентер на грчката државна телевизија, но всушност не станува за нов новинар, туку за Ермис- првиот грчки виртуелен презентер .

Ермис- првиот грчки ТВ презентер создаден со вештачка интелигенција

Ермис во неговата четири минутна премиера на телевизија, ја презентираше програмата на информативниот канал ERTNEWS на државната телевизија, но и ја најави дебатата меѓу политичките лидер закажана за следната среда, токму на ЕРТ.

Рече дека требаше најавата да ја направи новинарот кој ќе биде модератор на дебатата.

-Но, поради обемот на работа ме мобилизираа мене. Вистината е дека сè што барав беше да имам една пилот емисија. Но, се чини дека им дадов идеи. Велат, секогаш сакаат да ги следат последните трендови на технологијата, објасни првиот грчки виртуелен ТВ презентер создаден со вештачка интелигенција

Дополнително, откако соопшти одредени информации за информативниот канал на ЕРТ истакна дека не сака да ја оспори способноста на вработените во телевизијата, но и се извини за евентуалните грешки.

-Ви благодарам за вниманието и ве молам да покажете разбирање за евентуални грешки. Вашите поплаки, Ве молам упатете ги до мојот програмер. Пријатно попладне, рече Ермис.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Со Лилд, македонските земјоделски производи добиваат извоз на европскиот пазар

Работењето на Лидл во Македонија ќе значи мапирање на државата, подобрување на бизнис климата, но и нови искуства во малопродажбата. 

Николоски: Со Лилд, македонските земјоделски производи добиваат извоз на европскиот пазар

Најголем бенефит од инвестицијата на Лидл ќе имаат домашните земјоделци, истакна денеска заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на поставувањето на камен темелник на новиот маркет на Лидл во Струмица.

“Навистина ми е драго што денеска сме тука и означуваме почеток на еден огромен објект за Струмица и за целиот регион. Многу значи тоа што најголемиот бренд во трговијата, во малопродажбата, како што е Лидл доаѓа во Македонија. Тоа многу значи за државата, за мапирање на државата, многу значи и за бизнис климата. И драго ми е што можеме да дадеме поддршка и да овозможиме да се реализираат инвестиции кои што се некаде околу 200 милиони евра планирани во државата, што е огромна работа. Ние се бориме за секоја инвестиција, за секое евро, за секое работно место, 200 милиони евра за економија како нашата, како македонската, е огромна работа и навистина сме благодарни на таа работа и сакаме максимално да ја поддржиме”- истакна Николоски.

Тој потенцира дека од оваа инвестиција најголем бенефит ќе имаат земјодлеците, токму од Струмичко.

“ Убеден дека Лидл Македонија но и пошироко ќе ги препознае и најдобрите производи од Струмица и од Струмичко. Најубавите раноградинарски производи се произведуваат токму тука. И сум убеден дека бројни производи од Струмичкото поле ќе се најдат на трпезите на многу луѓе, не само во Македонија, туку и во целиот регион. Знам дека веќе Лидл прави извоз и сакам да се заблагодарам за тоа. Многу значи за земјоделците, ова е земјоделски крај и ова е крај каде што се заработува со мака, со пот, се почнува да се работи многу рано наутро. И луѓето знаат да го ценат трудот и затоа сум благодарен што успевате да најдете пласман за нивните производи и сериозно да влијаете на подобрување на цената на производите, така што благодарам многу за таа работа”- рече заменик претседателот Николоски.

Упати честитки за реализација на инвестицијата, до општина Струмица која силно го поддржува овој проект и потенцриа дека Владата останува посветена на поддршка на секоја инвестиција која влијае врз севкупната економија.

“ Во следниот период ќе продолжиме да даваме поддршка секаде онаму каде што можеме, да ги олесниме процедурите. Во таа насока направивме измени на Правилникот за урбанистичко планирање, со што објекти како овој треба да стануваат реалност во целата држава, што поскоро и што побрзо. И на тој начин да продолжи да се развива целата оваа приказна, а се надевам дека за многу скоро, некаде таму околу Нова Година, ќе ги видиме и првите Лидл маркети отворени во Македонија, како би имале сите едно прекрасно искуство и на пазарување, но исто така и на користење на македонските производи”- рече во своето обраќање вицепремиерот Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бунраку демонстрација во Кинотека

Бунраку е професионален јапонски куклен театар кој е на УНЕСКО листата како Светско нематеријално културно наследство, информираат од Амбасада на Јапонија во Скопје. 

Бунраку демонстрација во Кинотека

На 30ти јуни се оддржа работилница и Бунраку демонстрација во Кинотека. Бунраку е професионален јапонски куклен театар кој е на УНЕСКО листата како Светско нематеријално културно наследство, информираат од Амбасада на Јапонија во Скопје.

Настанот започна со поздравни обраќања на амбасадорката Кавахара и деканот Владимир Павловски, по што следуваше извонредна изведба и работилница посветени на театарската уметност, во кои преку префинета куклена игра и богата нарација оживеаја приказни стари со векови.

Бунраку е јапонски професионален куклен театар. Развиен главно во текот на 17 и 18 век, тој претставува една од четирите форми на јапонскиот класичен театар, покрај кабуки, но и кјоген. Терминот „бунраку“ потекнува од „Бунраку-за“, името на единствениот комерцијален театар за бунраку што опстанал до денес.. Бунраку е познат и како „нингјо џорури“, назив што упатува на неговото потекло и суштина. „Нингјо“ значи „кукла“, а „џорури“ е стил на драмско наративно пеење придружено со трожичниот инструмент шамисен.

Заедно со кабуки, бунраку се развивал како дел од живата трговска култура на периодот Едо (1600–1868). Иако користи кукли, бунраку не е детски театар.

Од околу 700 драмски дела создадени во периодот Едо, приближно 160 останале во денешниот репертоар. Претставите, кои некогаш траеле цел ден, денес се скратени од првичните шест на два или три чина. Нингјо Џорури Бунраку е прогласен занематеријално културно богатство на Јапонија во 1955 година, а во 2008 година е впишан на Репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото на УНЕСКО (првично прогласен во 2003 година), стои во соопштението од Бунраку е професионален јапонски куклен театар кој е на УНЕСКО листата како Светско нематеријално културно наследство, информираат од Амбасада на Јапонија во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чудо во Венецуела! По шест дена, дете извлечено живо од под урнатините!

Вкупниот број на загинати во земјотресите кои минатата недела ја разурнаа Венецуела сега изнесува 1.943, изјави претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез, додека бројот на повредени речиси се дуплираше на 10.571.

Чудо во Венецуела! По шест дена, дете извлечено живо од под урнатините!

Јорданските спасувачи во Венецуела извлекоа дете од урнатините по шестдневните разорни земјотреси минатата недела, соопштија венецуелските власти.

Јорданските спасувачи го извлекоа Клибер Моран од зградата „Лос Коралес Гарден 1“ во Ла Гваира откако помина шест дена под урнатините, изјави потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез, во објава на Телеграм.

Венецуела беше погодена од два силни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала минатата среда, со разлика од една минута, што предизвика уривање на бројни згради и закопа илјадници луѓе под урнатините, соопштија властите и спасувачките екипи.

Пратка на УНИЦЕФ со 47 тони хуманитарна помош пристигна во Венецуела во вторник, изјави портпаролот на организацијата, Стефан Дижарик, наведувајќи дека помошта ќе биде наменета за деца и семејства погодени од катастрофата.

Според првичната проценка на сателитските податоци од НАСА, последовните потреси веројатно оштетиле или уништиле околу 60 илјади згради..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер