Ердоган: Турција е подготвена да биде посредник и гарант во решавањето на кризата во Газа

Турција е подготвена да дејствува како посредник и гарант во решавањето на конфликтот во Појасот Газа, рече денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во обраќањето на Светскиот владин самит во Дубаи, јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

„Израел, ако навистина сака да постигне траен мир, мора да се откаже од својата експанзионистичка политика. Секој чекор кон решение на палестинскиот проблем преземен без создавање палестинска држава ќе биде грешен“, рече Ердоган, додавајќи дека патот кон мирот и спокојството во регионот е преку формирање на независна палестинска држава врз основа на границите од 1967 година со главен град Источен Ерусалим.

„Подготвени сме да ги преземеме нашите одговорности, вклучително и како гарант и посредник во овој процес. Никогаш нема да ги напуштиме нашите палестински браќа и сестри“, посочи Ердоган.

Турција досега испрати 34 тони хуманитарна помош за жителите на Газа и продолжува да обезбедува помош за енклавата, додаде Ердоган, цитиран од државната ТВ ТРТ-Хабер.

Ѓоковиќ воодушеви стотици луѓе во трговски центар во САД (ВИДЕО)

Деновиве, додека тренираше на Универзитетот UCLA, Новак Ѓоковиќ сподели видео во кое го „рекламира“ производот SILA на компанијата „Waterdrop“ чиј амбасадор е.

Станува збор за коцки за хидратација со електорилит кои се „спонзорирани“ од самото име на најголемиот светски тенисер во историјата, па не е чудно што Ноле ја посети продавницата на споменатата компанија во Лос Анџелес.

По тој повод го предизвика општа еуфорија кај присутните, кои побрзаа да се фотографираат со Србинот кој во раце држеше кутија „СИЛА“.

Она што е исто така интересно е дека Ѓоковиќ најпрвин се упатил кон толпата каде што биле децата, а пред да влезе во трговскиот центар се поздравил со сите.

Секако, многу брзо потпишуваше автограми и се дружеше со обожавателите, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете во видеото подолу:

Заврши драмата во Италија: По 44 часа закана, момче се откажа до намерата да скокне од балкон

Млад човек (23) од Пескара, Италија, кој се заканувал дека ќе скокне од терасата на својот стан, по 44 часа преговори се откажал под изговор дека е уморен.

„Доста ми е, уморен сум“, им рекол на полицајците и се симнал од оградата на терасата на која балансирал речиси два дена, објави АНСА.

Момчето од 28 февруари во 14 часот и 30 минути стоело на работ од оградата на терасата, а причините се уште не се познати.

Откако се симнал, влегол во куќата и им ја отворил вратата на специјалците на кои им рекол дека му е доста. Го завиткале во ќебе и заедно со кучето го извадиле од станот.

Екипата на итната помош му пружила соодветна нега и тој е префрлен во болница.

Георгина направи фустан од дресот на Роналдо и прошета по модната писта (ФОТО)

Георгина Родригез, партнерката на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, привлече големо внимание на Модната недела во Париз поради изборот на облека во која прошета по пистата.

Оваа шпанска убавица вчера вечер беше на модната писта, на ревијата на Vetements, облечена во фустан од дресот на Роналдо со потпис и посебна посвета на актуелниот играч на Ал Наср.

Медиумите пишуваат дека овој фустан е пример за „блоккор“ кој комбинира спортска мода со урбана облека, а на задната страна пишувало:

- За љубовта на мојот живот, Георгина и Ветементс - потпишан од Кристијано Роналдо.

На Георгина, инаку, не и е непозната Модната недела, бидејќи претходно присуствувала на некои од најголемите модни ревии. Сепак, ова е прв пат да прошета со некој од брендовите. Сите се согласуваат дека нема да и биде последен настап.

притисни ентер