Ербас и Рено ќе работат на развој на нови батерии за автомобили и авиони

Европскиот производител на авиони Ербас објави партнерство со францускиот производител на автомобили Рено во развојот на нова генерација електрични батерии за автомобили и авиони.

Инженерските тимови на двете компании ќе ги здружат силите за развој на технологии за складирање енергија, кои треба да им овозможат на електричните возила да патуваат подолги растојанија помеѓу две полнења и на тој начин да отстранат значителна пречка во нивниот развој, се вели во соопштението на Ербас.

„За прв пат, двајца големи европски играчи од различни сектори споделуваат инженерско знаење за да ја обликуваат иднината на хибридно-електричните авиони“, рече извршниот потпретседател за инженерство на Рено, Жил Ле Борњ.

„Воздухопловството е област која бара исклучително многу кога станува збор за безбедноста и потрошувачката на енергија, а истото важи и за автомобилската индустрија“, додаде Ле Борњ.

Соработката меѓу двете компании ќе се фокусира на оптимизација на управувањето со енергијата и производство на малку полесни батерии.

Средба на Спасовски и Демерџиев утре во Скопје

Како што соопшти МВР, изјави од министрите не се предвидени, а на крајот од официјалната средба ќе биде објавено соопштение за медиумите.

Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи на Република Бугарија Иван Демерџиев со придружна делегација, утре, ќе престојува во работна посета на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија во рамки на која ќе се сретне со неговиот колега, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Како што соопшти МВР, изјави од министрите не се предвидени, а на крајот од официјалната средба ќе биде објавено соопштение за медиумите.

Посетата на Дерменџиев беше најавена во петокот, по телефонскиот разговор на премиерите на Бугарија и на Македонија, Галаб Донев и Димитар Ковачевски, посветен на актуелните случувања во односите меѓу двете земји. Прес-службите на двете Влади соопштија дека двајцата премиери разговарале за потребата претстојните празнувања на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, да се одвиваат мирно и непречено.

Во таа насока, за утре, беше најавена посетата на вршителот на должноста вицепремиер и министер за внатрешни работи на Бугарија Иван Демерџиев и претседателот на државната агенција „Национална безбедност“ Пламен Тончев, кои ќе имаат работна средба со своите македонски колеги во Скопје на која ќе ги прецизираат заедничките активности за да се гарантира мирно и безбедно одбележување на 4 февруари.

Утре променливо облачно и студено

Времето утре ќе биде променливо облачно и студено, попладне со делумно намалена облачност. 

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 1 до 9 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 5 степени.

Следува период на променливо облачно и студено време. Во вторник локално ќе провејува слаб снег и ќе дува засилен северен ветер. Во среда ќе има преодно намалување на облачноста, а од четврток повторно повремено ќе има слаби врнежи претежно од снег, велат од УХМР.

Магла со видливост до 50 метри на патниот правец Тетово – Попова Шапка

Магла со видливост од 40 до 50 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, соопштија вечерва од Авто-мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

– Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, се наведува во соопштението.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

– Особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, се нагласува во соопштението.

притисни ентер