ЕПП и Фон дер Лајен во трка по гласови за обезбедување мнозинство во Европарламентот - Канал 5

ЕПП и Фон дер Лајен во трка по гласови за обезбедување мнозинство во Европарламентот

Европска народна партија (ЕПП) е оптимист дека нејзината кандидатка Урсула фон дер Лајен ќе го обезбеди потребното мнозинство при гласањето во Европскиот парламент на 18 јули за да биде реизбрана за претседателка на Еврокомисијата. 

ЕПП и Фон дер Лајен во трка по гласови за обезбедување мнозинство во Европарламентот

Иако, трите групации од т.н. „проевропско мнозинство“ што застанаа зад номинацијата на Фон дер Лајен – ЕПП, Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите и либералната група „Да ја обновиме Европа“ заедно имаат 401 европратеник или 40 повеќе од неопходните 361 за нејзин реизбор, сепак раководството на партијата не сака ништо да препушти на случајот и се обидува обезбеди сигурно мнозинство на гласови.

Ова од причина што гласањето е тајно и им овозможува на европратениците да не ги почитуваат насоките на нивните пратенички групи и да гласаат по сопствено убедување. Се проценува дека околу 15 проценти од европратениците на мнозинството нема да гласаат за реизборот на Фон дер Лајен, вклучително и членови на нејзината ЕПП.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, таква можност веќе најави француската партија Републиканци (ЛР) уште при нејзиниот избор за „шпиценкандидат“ на ЕПП на партискиот конгрес во Букурешт. Претставник на ЛР тогаш изјави дека нејзините европратеници нема да гласаат за реизбор на Фон дер Лајен „како што не гласале ни во 2019“, сметајќи ја за кандидат на нивниот политички опонент, францускиот претседател Емануел Макрон. Кон нив би можеле да се продадат и европратеници од шпанската Народна партија (ПП), Австриската народна партија (ОВП) и Словенечката демократска партија (СДС), кои исто како и ЛР се членки на ЕПП.

При нејзиниот избор во 2019 година, Фон дер Лајен доби 383 гласа, иако „проевропското мнозинство“ во имаше 443 пратеници. За избор тогаш беа потребни 374 гласа, а мнозинството беше обезбедени благодарение на гласовите на италијанското популистичко Движење Пет ѕвезди (М5С), кое не е член на ниту една групација.

Ако се задржи ваквиот тренд и се остварат очекуваните 15 проценти „непослушни европратеници“, Фон дер Лајен би можела да биде во проблем при обезбедувањето на потребното мнозинство, па затоа ЕПП се труди да обезбеди гласови надвор од трите групации од мнозинството.

Во текот на кампањата за европските избори претставници на ЕПП, вклучително и партискиот претседател Манфред Вебер, а и самата Фон дер Лајен, не ја исклучуваа можноста за соработка со „здравите елементи“ од десничарската група Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), алудирајќи пред се на Браќата на Италија (ФДИ) на италијанската премиерка Џорџа Мелони и на Граѓанската демократска партија (ОДС) на чешкиот премиер Петр Фиала. Таквата соработка првенствено се однесуваше на можноста за поддршка од овие партии при реизборот на Фон дер Лајен.

Сепак, ваквата можност сега изгледа помалку веројатна имајќи предвид дека при номинирањето на Фон дер Лајен за реизбор во Европскиот совет, Мелони беше воздржана. Дополнително, СД и либералите се изјасни против каква било соработка со ЕЦР и пред се со Мелони, па евентуален договор со нив би претставувал ризик за губење на гласовите на европратениците од мнозинството, пред се на социјалдемократските.

Затоа за ЕПП побезболно решение би било да побараат поддршка од групата на Зелените, кои не ја кријат амбицијата да станат „рамноправен член на мнозинството“. Извори во оваа групација најавија дека нивните европратеници се подготвени да ја поддржат Фон дер Лајен доколку таа се обврзе дека нема да отстапи од спроведувањето на Зелениот договор, кон кои резерви имаат партиите од десницата, вклучително и некои од членките на ЕПП.

Во предизборието генералниот секретар на ЕПП, Танасис Баколас во едно интервју се заложи за прифаќање на Зелените во „проевропското мнозинство“. - Мислам дека ЕПП, социјалистите, либералите и зелените се политички елементи во ЕУ кои гарантираат дека нашата Унија се движи во вистинската насока, рече Баколас.

Меѓутоа, координаторот за земјоделство на ЕПП, Херберт Дорфман, неодамна изјави дека Фон дер Лајен „не треба да бара поддршка од Зелените“ за да избегне повторување некои ситуации од минатото поврзани со еколошки прашања и „запоставување“ на земјоделците.

Извор во ЕПП оцени дека има „проблем со довербата“ меѓу партијата и Зелените. - Не можеме да им веруваме дека целосно ќе не поддржат, посочи претставникот на ЕПП.

Според него, главната разлика меѓу нив е ставот околу на Зелениот договор – Зелените инсистираат на негово целосно спроведување, додека ЕПП е за „прагматичен“ пристап во неговата имплементација.

- Зелениот договор е закон и сите го признаваат, но при неговото спроведување треба да се има предвид и економската перспектива, посочи претставникот на ЕПП.

Копретседателката на Зелените, Тери Рајнтке, пак, оцени дека во самата ЕПП постои „поделба“ околу тоа каде да се бара поддршка за реизбор на Фон дер Лајен, при што дел од партиите членки повеќе преферираат договор со ЕЦР, отколку со зелениот блок.

- Мислам дека таму има многу различни позиции за ова прашање и се ќе зависи од тоа која страна ќе надвладее во оваа внатрешна борба во ЕПП, изјави Рајнтке.

Европратеникот Удо Булман од Социјалдемократската партија на Германија (СПД) изјави дека поддршката за реизборот на Фон дер Лајен ќе зависи од нејзиното ветување да се придржува на неколку принципи, бидејќи таа и при изборот во 2019 имала „прекрасен говор“, кој немал никаква врска со она што следувало потоа.

- Зошто не ја повикуваме да се придржува на неколку принципи? Каква да биде поделбата на моќта, како да се организира управувањето во Комисијата, како да се организира рамнотежа што ќе ги вклучува СД, либералите, зелените заедно со ЕПП, додаде Булман.

Тој изјави дека го поддржува вклучувањето на Зелените во „проевропското мнозинство“ како уште една „продуктивна сила“, порачувајќи и на Фон дер Лајен да ги прочита „сигналите“ од изборите во Велика Британија и Франција, каде најмногу пратеници освоија партиите од левицата.

- Нека се држи подалеку од Мелони и да го следи советот да биде кандидат на проевропските сили, истакна Булман.

Социјалдемократите, меѓу другото, поддршката за реизбор ја условуваат со забрана на моторите со внатрешно согорување во новопроизведените автомобили од 2035 година, на што се противат германските либерали кои оценија дека доколку не се поништи одлуката за оваа забрана тоа би претставувало „гигантска изборна измама“.

Извори во групата на либералите оценуваат дека во Фон дер Лајен гледаат „единствена алтернатива“ за блокирање на екстремната десница, но посочуваат дека во обид да обезбеди доволно гласови за реизбор таа ветила „многу различни работи на многу различни луѓе“, што може да има контраефект.

Дополнително, против реизборот на Фон дер Лајен се изјаснија и ирските либерали, поради, според нив, нејзиниот „отворено произраелски став“. Сепак, извор во блокот на либералите изрази оптимизам дека Ирците сепак ќе го поддржат нејзиниот реизбор.

- Гласањето е тајно, па би било штета ако добие гласови од СД, „Да ја обновиме Европа“ или дури и од EЦР, а сепак изгуби поради внатрешни несогласувања во нејзината партија, додаде истиот извор.

Според аналитичарите, доколку Фон дер Лајен не го обезбеди потребното мнозинство за реизбор тоа ќе претставува тежок удар за нејзината натамошна кариера, но и „катастрофа“ за кредибилитетот на Унијата и ќе ги принуди лидерите на ЕУ да бараат алтернатива за неа.

Тие сметаат дека таквото сценарио, кое би било без преседан, може да предизвика политичка криза, особено затоа што нема ниту еден друг кандидат кој со сигурност не би можел да добие поддршка и во Советот на ЕУ и Европскиот парламент.

Токму стравот од хаос и потребата за политичка стабилност во услови на војната во Украина, унгарското претседавање со ЕУ и можната промена во американската администрација во ноември, одат во прилог на Фон дер Лајен.

Поранешниот претседател на Еврокомисијата Жозе Мануел Барозо, кој во два мандати раководеше со извршното тело на ЕУ, оцени дека изборот на прв човек на ЕК претставува вистински предизвик затоа што тајното гласање им овозможува на европратениците да бидат „независни“ при изјаснувањето.

Тој во интервју минатата недела изјави дека има некои луѓе кои никогаш нема да гласаат за Фон дер Лајен, затоа што едноставно не сакаат Европската Унија да функционира. За среќа, според Барозо, има другите луѓе кои сакаат Европската унија да функционира и тие ќе ја поддржат, затоа, што како што нагласи, „не постои соодветна алтернатива за Урсула фон дер Лајен“.

Во меѓу време, во обид да го осигура потребното мнозинство, Фон дер Лајен не отпатува на Самитот на НАТО, што се одржа во Вашингтон од вторникот до четвртокот, туку, како што информира главниот портпарол на Европската комисија, Ерик Мамер, се фокусира „на создавање мнозинство во Европскиот парламент за силна Европа“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалник добил отказ, откако било откриено дека е порно актер

Швеѓанецот Ларс Ериксон (55) ја изгуби работата минатиот месец откако беше откриено дека се појавил во филм за возрасни. Тој тврди дека филмот е направен пред да влезе во политиката!

Градоначалник добил отказ, откако било откриено дека е порно актер

Ериксон глуми во порнографски филмови од 2018 година, истата година кога го напушти Риксдаг, шведскиот парламент, објави Дејли Меил.

Сепак, неговата кариера како порно актер излезе на виделина откако Ериксон беше идентификуван во два филма за возрасни, кои беа објавени во 2025 година и во октомври оваа година, додека беше претседател на општинскиот совет на Јокмок во шведска Лапонија, според локалните медиуми.

Според извештаите, тој бил отпуштен на 19 октомври, а бил вратен на работа една недела подоцна, но без овластувања врз вработените, финансиите и буџетот на општината.

Ериксон тврди дека филмовите, снимени во Соединетите Држави, се направени пред тој да стане градоначалник на Јокмок и дека неговиот последен контакт со порно индустријата бил во 2022 година.

Тој глумел во филмовите под псевдонимот „Ханс“ и се појавил пред камерата во филмот, кој беше објавен во октомври.

Ериксон претходно беше пратеник од Социјалдемократската партија за изборната единица Вестманланд, која се наоѓа во близина на Стокхолм, во шведскиот национален парламент.

Истрагата на шведската телевизија SVT откри дека филмовите биле промовирани преку сметка на социјалната мрежа X до минатиот месец.

Сепак, Ериксон изјави за шведскиот медиум дека немал влијание врз тоа кога филмовите ќе бидат објавени и дека не ја управувал сметката, додавајќи дека таа била управувана во име на дистрибутерот.

„Со оглед на тоа што ова е легална, иако табу, активност што е завршена повеќе од две години пред да бидам подобен за вршење функција во општинската власт, тешко ми е да видам какво влијание би можело да има ова“, рече тој.

Ериксон е претседател на општинскиот совет и градоначалник на Јокмок од февруари 2024 година, но објавено е дека ќе биде разрешен од функцијата општински лидер, според весникот „Афтонбладет“, и покрај тоа што беше вратен на работа една недела по неговото првично разрешување.

Тој ќе добие пакет отпремнина еквивалентен на седум месечни плати.

Трудовата комисија на Јокмок ја оправда одлуката за отпуштање на Ериксон велејќи дека порнографските филмови претставуваат потенцијален безбедносен ризик, бидејќи криминалците би можеле да ги искористат за да го уценуваат поранешниот претседател на општинскиот совет.

Општинскиот советник Роланд Боман наведе „безбедносни причини“ кога беше прашан за одлуката на SVT. Боман тврдеше дека верува оти Ериксон не ја информирал општината за својата кариера во порно индустријата.

„Самата општина е од голем интерес за странските сили, а јас првенствено мислам на Русија. Да се ​​има таков фактор на ранливост во општина што е од големо значење од гледна точка на безбедносната политика не е оптимално, но тоа е нешто што општината би морала да го реши и отстрани“, рече Оле Лундин, професор по административно право на Универзитетот во Упсала.

Сепак, Ериксон одговори дека обидот да ја искористи својата порно кариера како средство за уцена би бил „бесмислен“, бидејќи бил отворен во одговарањето на прашања од шведските медиуми кога бил замолен за коментар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ирец со секира уништил американски воен авион, вреден 60 милиони долари- му се заканува долгогодишна казна затвор (ВИДЕО)

Американските федерални обвинители подигнаа обвинение против Ирец за обид за уништување на воен транспортен авион вреден 60 милиони долари.

Ирец со секира уништил американски воен авион, вреден 60 милиони долари- му се заканува долгогодишна казна затвор (ВИДЕО)

Дејти О'Корен, 48, е обвинет за употреба на секира и галиум, високо корозивна супстанца, за да предизвика штета од милиони долари на авионот C-130 Херкулес на Националната гарда на воздухопловството паркиран на пистата на аеродромот Шенон во Ирска, објави Дејли Меил.

Наводно, тој влегол на аеродромот, кој бил дом на неколку американски воени лица и нивната опрема, а потоа поминал неколку часа уништувајќи го авионот на 11 април 2026 година.

Ирскиот државјанин О'Корен, кој е познат и под името Дејвид Куран, наводно го планирал нападот со месеци. Министерството за правда на САД вели дека го истражувал дизајнот на авионот и најдоброто место за провала на аеродромот.

Тој бил уапсен дури откако екипажот на авионот се вратил за да го продолжи своето патување до следната дестинација. Членовите на екипажот го забележале О'Корен низ прозорецот на пилотската кабина и го известиле обезбедувањето на аеродромот Шенон.

Потоа бил виден како бега низ отворот, пред да застане за дополнително да го оштети надворешноста на авионот со секира. Тој, исто така, истурил мешавина од метални пелети и некоја непозната супстанца во резервоарот за гориво на авионот.

Според Министерството за правда на САД, наводниот напад резултирал со „вистинско уништување“ на воениот авион. Според обвинението поднесено на 16 ноември во федералниот суд за Јужниот округ на Њујорк, авионот C-130H бил онеспособен за употреба и никогаш нема да биде вратен во активен лет.

О'Корен е обвинет за уништување на владин имот, што носи максимална казна од 10 години затвор.

Наводно, тој го проучувал дизајнот на авионот со месеци пред да нарача неколку капсули галиум, метал кој е течен на собна температура и е познато дека ги кородира алуминиумот и челикот за неколку минути.

Тој, исто така, купил разни алатки што планирал да ги користи за време на нападот и пребарувал на интернет за координати на можни локации за пробивање на аеродромот Шенон.

Тој, исто така, се претплатил на услуга што ги следи воените авиони и истражувал претходни напади врз американските воени авиони во ирскиот аеродромски центар.

Тој дури отишол дотаму што се обидел да контактира со лице вклучено во еден од тие претходни инциденти.

Министерството за правда на САД соопшти дека О'Корен покажал детално познавање на внатрешниот распоред на авионот, како и на најдобриот начин за уништување на неговите клучни компоненти.

Откако влегол на аеродромот Шенон наутро на 11 април, тој се упатил кон авионот, кој застанал во Ирска на пат кон друга земја.

Откако стигнал до такси-патеката на аеродромот, го скршил механизмот за заклучување на задната врата за екипажот на авионот пред да се забарикадира внатре.

Потоа О'Корејн продолжил да ги сече жиците и хидрауличните водови во авионот и ги скршил сите мерачи во пилотската кабина пред да ги пробие воздушните канали.

„Овие обвиненија испраќаат јасна и моќна порака дека нападите врз американските воени средства, а со тоа и нашата национална безбедност, нема да бидат толерирани“, рече американскиот обвинител Џејми Мекдоналд.

Помошникот-директор на ФБИ, Џејмс Ц. Барнакл Џуниор, потврдил дека ФБИ е вклучено во истрагата:

„ФБИ и нашите партнери за спроведување на законот ќе продолжат да гонат секој што ги таргетира американските воени средства, без оглед каде се случуваат овие напади.“

Нападот на О'Корејн следеше по три други инциденти на аеродромот Шенон во 2025 година. Минатиот ноември, три лица возеа комбе во аеродромот и во забранета зона каде што беше паркиран американски воен авион Ц-40. Кон средината на мај минатата година, три лица успеаја да влезат на аеродромот и да испрскаат американски воен авион со спреј. Само неколку недели претходно, ирските власти уапсија три лица откако со комбе удриа во оградата на аеродромот Шенон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пејач на свадба ја прекина песната за да му одржи лекција на пијан гостин: Покажи малку почит! (ВИДЕО)

Снимка од свадба во Узбекистан привлече големо внимание на социјалните мрежи откако пејачката среде настап ја прекина музиката и јавно се обрати на еден од гостите.

Пејач на свадба ја прекина песната за да му одржи лекција на пијан гостин: Покажи малку почит! (ВИДЕО)

Видно изнервиран од неговото однесување, решил да му одржи лекција за учтивост и почит пред сите гости.

Непријатна ситуација настанала кога пијан гостин му пришол на пејачот за да го накити со пари. Меѓутоа, наместо да го продолжи настапот, пејачот ја прекина песната, го зеде микрофонот и грубо му порача дека парите не значат дека може да се однесува како што сака.

- Добро брат, покажи малку почит. Покажете малку почит. Не кажувај: „Ќе правам што сакам само затоа што ти дадов пет илјади“. Дали разбираш? Ќе те пријавам ако е потребно. Луѓето не се однесуваат вака кога пијат. Повлечете се заедно. Ако веќе пиеш, занимавај се со тоа, пиј колку што можеш – рече пејачот со повишен тон.

По неговите зборови, во салата завладеа непријатна тишина, додека видеото набрзо почна да се споделува на социјалните мрежи.

Во коментарите нагласија дека бакшишот никому не му дава за право да ги понижува музичарите или да бара од нив да направат нешто против нивна волја, а алкохолот не е изговор за недолично однесување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер