ТехнологијаЕпл укинува 100 работни места во секторот за дигитални услуги, имале други приоритет Американската технолошка корпорација Apple укинува околу 100 работни места во секторот за дигитални услуги, пишува Bloomberg, повикувајќи се на анонимни информирани извори.Најголем дел од кратењата се направени во тимовите одговорни за апликацијата Apple Books и Apple Bookstore, а отпуштени се и некои вработени во секторот Apple News. Како што се наведува, отпуштањата во Apple Books се резултат на промените во приоритетите на компанијата, која смета дека овој оддел повеќе не треба да биде дел од главната понуда на услуги. Секторот за дигитални услуги на Apple беше важен двигател на растот во последниве години и помогна да се надомести повремената послаба побарувачка за уредите на компанијата. Компанијата од Купертино релативно ретко отпушта вработени, но оваа година веќе се забележани четири помали кругови на отпуштања. Ривалите на Apple во Силиконската долина моментално отпуштаат значително повеќе работници бидејќи се борат со забавувањето на растот и префрлањето на алатките за вештачка интелигенција (ВИ). Корпорацијата Интел неодамна објави дека отпушта повеќе од 15 отсто од својата глобална работна сила, додека технолошката фирма Cisco (Cisco Systems) го намали бројот на вработени за седум отсто.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСончево и топло време со температура до 35 степениДенеска во Македонија ќе времето ќе биде претежно сончево, со мала до умерена локална облачност, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Ќе дува слаб до умерен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува и ќе биде од западен правец, додека долж Повардарието ќе дува ветер од југоисток. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а максималните дневни се очекува да достигнат од 28 до 35 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до околу 12 степени, додека преку ден ќе достигне до 32 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 26. јули 2026 годинаДневен хороскоп за недела, 26. јули 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележувате дека вапиот приватен живот добива нов сјај и се враќа во рамнотежа. Кариера Ќе ги занемарите мислите за работата , зашто денеска ќе ви донесе денот убави искуства во други области. Здравје и совет Ќе ви недостига сила , штедете се. Девица 23.8.-23.9. Љубов Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и партнерот, денеска ќе се однесувате доста неурамнотежено. Кариера Додека размислувате за работата , се појасно е дека пред вас се отвора пат за нови успеси и напредувања. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во големите и во малите љубовни амбиции ќе се водите од својот внатрешен глас и ќе го постигнете посакуваното. Кариера Наеднаш би можела да се појави можност за деловна соработка со пријатели .Станува збор за работа поврзана со естетика. Здравје и совет Можен е преубав сон. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои од вашите соработници би можел денеска да ви го покаже своето нежно лице или чувства кон вас. Кариера Може да се каже дека ова ден за убави намери , искрени деловни мислења и добра соработка доколку не ги форсирате работите. Здравје и совет И натаму одмарајте се редовно. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Без оглед што вовашиот сегашен однос недостига емотивност , ќе успеете на паметен начин да ја подобрите вашата врска. Кариера Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние работи на кои сте навикнати , ќе ви причинуваат извесна тешкотија. Здравје и совет Бидете она што сте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Пред вас е ден во кој ќе се мешаат пријатни ситуации нешто сосем неочекувано , што спаѓа во фантазирање. Балансирајте. Кариера Ако сте решени да делувате од сенка , денеска е ден во кој на таков начин може да постигнете завидни успеси. Здравје и совет Чудни сништа ќе ве збунат. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете разиграни и подготвени за палавости.Доколку вклучите и хумор , ќе направите добра забава. Кариера Денеска ќе ви стане јасно колкав е капацитетот на она што ви се случува. Ќе нема крај. Здравје и совет Подобрување. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денешниот ден ќе ве поттикне веројатно на многу добри дела и попустливост кон партнерот. Кариера Секогаш сте го ценеле она што ќе го направите со свои раце. Денеска ќе покажете необичен талент , што бара прецизност во рацете. Здравје и совет Ќе бидете здрави и исполнети со среќа. Овен 21.3-20.4. Љубов Влегувате во подобар љубовен период.Ќе забележите според се подобриот однос со партнерот или со блиските луѓе воопшто. Кариера Не ги форсирајте своите ставови дури и кога сте во право.Попаметно е да почекате додека и на другите им стане јасно. Здравје и совет Чувајте си го грлото. Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои не се сигурни како да се однесуваат со саканата личност , нека го прашаат најдобриот пријател/ка за совет. Кариера Иако вашите заслуги се видливи , не се толку стабилни , па сепак денеска може да се повикате на нив и да продолжите понатаму. Здравје и совет Успешно се справувате со нервозата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина денеска ќе откријат што значи да се биде целосно среќен. Не само што ќе сакате и ќе бидете сакани , туку тоа ќе го раширите и на околината. Кариера Следува успешна соработка со лица кои се духовити , забавни , млади и креативни. Истото важи и за таквите работи. Здравје и совет Сосема сте здрави. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска ќе се покажат вашите скриени чувства .Ќе бидете малку збунети , но и ќе ви биде пријатно. Кариера Се чини како да ви се отвораат некои нови деловни можности за кои до сега не сте биле свесни. Размислете на мира за нив. Здравје и совет Никаде не треба да брзате.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаКрвав масакр на Сардинија- ѝ пукал во глава на сопругата, па отишол и го убил својот брат (ВИДЕО)Жена (47) е тешко повредена, додека нејзиниот зет, маж (42), е убиен во два одделни напади што се случија во четвртокот во зори во близина на Каљари на Сардинија.Италијанската полиција се сомнева дека двата инцидента се поврзани. Осомничениот, 39-годишен маж од Каљари кој легално поседувал огнено оружје, им се предал на карабинерите по нападот и признал дека ги застрелал сопругата и братот, објавува РАИ. Според досегашните информации, првиот напад се случил околу 5:45 часот наутро во градот Соланас, каде што жена била застрелана во главата во нејзиниот семеен дом. Таа се здобила со сериозни повреди на главата и била итно префрлена во болницата Броцу во Каљари. Само 25 минути подоцна, околу 6:10 часот наутро, службите за итни случаи добиле повик од населбата Марџине Росо во општината Кварто Сант'Елена. Таму бил пронајден 42-годишен маж, застрелан во градите и починал на местото на настанот. Пет минути по вториот напад, во 6:15 часот наутро, осомничениот доброволно се појавил во станицата на карабинерите и признал дека ги застрелал сопругата и братот. Според првичните резултати од истрагата, мотивот за злосторството најверојатно лежи во сериозни семејни конфликти. По наредба на дежурниот обвинител, мажот е уапсен и приведен, додека карабинерите продолжуваат со истрагата и собирањето докази со цел целосно да се реконструираат околностите на убиството и обидот за убиство.Тагови: Сардинија сопругата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook