3Уапсен во Германија, а потоа депортиран во Србија летово: Што се знае за терористот кој ја нападна израелската амбасада
ЗдравјеЕпидемиолог: Мајмунски сипаници може да добие секој, нема врска со сексуалноста Најмногу случаи на мајмунски сипаници во Велика Британија се потврдени кај хомосексуалните и бисексуалните мажи.Лекарите и здравствените експерти предупредуваат дека е неопходно да се информираат за вирусот оние кои во моментов се најзагрозени без да бидат стигматизирани, пишува Би-Би-Си. Дали мајмунските сипаници се шират побрзо меѓу хомосексуалните и бисексуалните мажи? Одговорот е не. Секој може да добие мајмунска сипаница. Со оглед на тоа дека најголем број потврдени случаи има кај мажите кои имаат секс со мажи, лекарите ги охрабруваат да обрнат посебно внимание на симптомите. „Инфекциите не се поврзани со сексуалноста. Ние сме загрижени за мајмунските сипаници воопшто, како јавна закана“, рече Матео Прохаска, епидемиолог од Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (УКХСА). Бидејќи сипаниците често се пренесуваат со директен контакт откако ќе се воведат во заедницата, поверојатно е да се прошират низ таа заедница меѓу оние кои се во близок контакт меѓу себе, како на пример во домаќинството или меѓу сексуалните партнери. Прохаска вели дека сè уште не е познато зошто има поголем процент на случаи меѓу хомосексуалците. „Изгледа дека инфекцијата навлегла во мрежите на хомосексуални и бисексуални мажи и други мажи кои имаат секс со мажи. И тука ги гледаме повеќето случаи“, рече тој. Хомосексуалците и бисексуалците беа предмет на стигма и хомофобија по почетокот на СИДА-та во 1980-тите и 1990-тите. Лекарите и добротворните организации се обидуваат да се погрижат истото да не се случи со мајмунските сипаници и се загрижени дека тоа би можело да ги спречи другите да сфатат дека можеби го имаат вирусот. Добротворната организација за ХИВ и сексуално здравје Terrence Higgins Trust ја подигнува свеста кај лидерите на UKHSA и NHS за мајмунските сипаници за да дознаат повеќе за вирусот. Алекс Спароухок, член на организацијата, вели дека се загрижени дека луѓето погрешно би можеле да ја сметаат мајмунската сипаница за „хомосексуална болест“ и верува дека секој треба да биде свесен за знаците и симптомите. Хаиме Гарсија-Иглесијас, социолог на Универзитетот во Единбург кој проучувал како СИДА-та и Ковид-19 влијаеле на одредени заедници, вели дека постои „значителен ризик“ стигмата „повторно да излезе на површина“ и може да ги спречи луѓето да побараат помош. Апликациите за запознавање како Grinder исто така ги советуваат корисниците на што да внимаваат. Со оглед на тоа што нема многу случаи, експертите не ги советуваат луѓето да го менуваат личното однесување, туку да бидат „хипер будни“, вели Прохаска. Кондомите штитат од сексуално преносливи инфекции, но не го спречуваат ширењето на мајмунските сипаници, се додава. Спароухок рече дека луѓето не треба да се грижат премногу, но ако некој не се чувствува добро и развие симптоми како „треска, главоболка, отечени лимфни јазли и осип“, треба да се јават кај својот лекар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
МакедонијаМицкоски: Мораме да се движиме со современите текови на човештвото Изјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по презентацијата на апликацијата „m.Uslugi“.Апликацијата „m.Uslugi“, овозможува граѓаните да ги имаат своите најважни документи меѓу кои и лична карта, директно на својот мобилен телефон. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Околу 30.000 луѓе денеска оставија пример што заслужува да го следи цело СкопјеГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со колегите градоначалници, младите, волонтерите и илјадници сограѓани, ја продолжија големата еко-акција за расчистување на Скопје.- Денес повторно, околу 30.000 причини да веруваме во силата на овој град. Во најмасовната еко-акција за нашето Скопје, видовме што може да направи љубовта кон својот град кога ќе стане дело. Луѓе кои одвоија од своето време, ги засукаа ракавите и вложија труд за сите нас. За својата улица. За соседите. За децата. За нашиот заеднички дом. Тоа е Скопје во кое верувам. Скопје што се обединува, презема одговорност и со сопствени раце го менува своето секојдневие – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дена во денешната еко-акција се приклучија и угостителите, давајќи придонес во оваа голема заедничка борба за почисто и поубаво Скопје. - На секој од вас ви благодарам од срце. Горд сум на вашата посветеност, на вашата совест и на примерот што денес го оставивте. Нашите деца заслужуваат да растат покрај зеленило и во чиста околина, а од нас да научат како се чува тоа што им припаѓа на сите. До оние што и понатаму несовесно фрлаат отпад им порачувам: почитувајте ги овие луѓе. Почитувајте го нивното време, нивниот труд и нивниот град, кој е и ваш. Секое катче што денес го исчистивме носи нечиј вложен напор. Никој нема право утре повторно да го претвори во депонија. Оваа енергија има сила да создаде трајна промена. Да почнеме од својот праг, од улицата по која минуваме, од паркот во кој играат нашите деца. Одговорноста за почист град ја покажуваме со секоја наша постапка, а за секој што намерно го загадува Скопје - нема да има толеранција. Ви се поклонувам за трудот и за големото срце. Да оставиме пример, не ѓубре – рече Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека овие акции продолжуваат да се реализираат двапати месечно, со цел грижата за Скопје да стане наша секојдневна навика и апелираше до сите што несовесно фрлаат отпад да се почитува и чува сработеното.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
БалканУапсен во Германија, а потоа депортиран во Србија летово: Што се знае за терористот кој ја нападна израелската амбасадаМалолетник, кој утрово загина по напад врз припадник на Жандармеријата пред израелската амбасада во Белград, бил уапсен во Минхен во мај под сомнение дека подготвувал терористички чин, а во јули бил депортиран во Србија.Дел од медиимите од извор во полицијата отркиваат дека малолетникот кој беше убиен пред израелската амбасада по напад врз припадник на Жандармеријата, е роден во околината на Шабац, а во мај оваа година бил уапсен во Минхен, Германија, под сомнение дека таму подготвувал терористички чин. Потоа, во јули годинава, тој бил депортиран во Србија. Германските власти детално го испрашале малолетникот, кој им опишал како почнал да се интересира за содржини на интернет поврзани со исламскиот фундаментализам и терористички организации, како што се Ал Каеда и Исламската држава. Откако стапил во контакт со непознато лице во Германија, тој почнал да планира напад врз еврејската заедница во Минхен. За потсетување, министерот за внатрешни работи во техничкиот мандат, Ивица Дачиќ, изјави дека вечерва, 15 минути по полноќ, во Белград бил извршен терористички напад врз припадник на Жандармеријата кој ја обезбедувал Амбасадата на Израел. Поради тоа, наредено е подигнување на нивото на безбедносна закана од тероризам на највисоко ниво, како и зголемување на присуството на полицијата на клучните локации. Како што додаде тој, припадник на Жандармеријата го усмртил напаѓачот, кој бил малолетен. Нејасно е како српските безбедносни служби, првенствено БИА, дозволиле малолетникот во оваа ситуација да остане без надзор, па така да може да стигне до Амбасадата и да се обиде да убие припадник на Жандармеријата . „Иако неговиот идентитет сè уште не е утврден, нашата служба го следеше и познато е дека тој бил поддржувач на Исламската држава. На својот профил на Инстаграм, тој имал објавено црно знаме и симболот на Исламската држава“, изјави Дачиќ. Тој додаде дека, заедно со директорот на полицијата, генералот Драган Васиљевиќ, го посетил повредениот припадник на Жандармеријата, кој се чувствува добро и денеска ќе биде пуштен на домашно лекување.Тагови: Србија терорист Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39