ЕПИ и ИДСЦ: Собранието уште денеска да свика седница за „францускиот предлогот“

Францускиот предлог нема да ги реши проблемите на релација Софија – Скопје, смета поранешниот шеф на дипломатијата Никола Димитров. 

На дебата посветена на засега се уште официјално необјавениот предлог, Димитров го нарече билатерална желботека која ја руши суштината на процесот на проширување на Унијата. Според него вметнувањето на бугарското малцинство во Уставот е прашање на Собранието каде треба да се обезбеди 2/3 мнозинство но пред се екс министерот за надворешни е на став дека македонските позиции се нарушени со оглед на тоа што билатералните прашања со предлогот на Макрон стануваат дел од преговарачката рамка.

-Не може во Македонија ние да впишуваме бугарска заедница во Уставот на барање на Бугарија, а Бугарија за мнозинскиот народ, за македонскиот народ кој зборува македонски јазик, уште не е на чисто со македонскиот идентитет. Ние не бараме да ни го признае јазикот. Државите не признаваат јазици, но имаат обврска да го почитуваат правото на самоизјаснувње и самоопределување на македонсккиот народ. Тоа што го направи Грција со Преспанскиот договор. Проблемот на овој предлог е прво што не го решава македонско – бугарскиот проблем затоа што негирањето уште постои. Додека Бугарија не се откаже од таа агенда, да не отрезни нас Македонците, тој проблем нема да биде решен, и ние не можеме да го затвориме македонското прашање со последнта држава која што има проблем со тоа, тоа е Бугарија, оценува Димитров –Поранешен министер за надворешни работи.

Дел од невладините пак во голем дел од преложеното препознаваат решенија кои, како што велат, се на штета на државата но и задираат во малцинските прашања кои се исклучиво надлежност на внатрешното државно уредување.

И од Институтот за демократија и Институтот за европски политики бараат итна собраниска седница на која ќе се разгледа предлогот и ќе се презентира пред јавноста.

Звезда и Партизан и следната сеона ученици во Евролигата!

Евролигата  ги објави 18 екипи кои ќе бидат учесници во Евролигата за следната сезона.

На состанокот акционерите( клубовите) на најелитното кошаркарско натпреварување во Европа, Евролигата дефинитивно ја потврдија одлуката за која се зборуваше подолго време.

Во следната сезона очекувано во елитното друштво ќе ја нема Валенсија која ќе го продолжи натпреварувањето во Еврокупот.

На радост на фановите на кошаркарските гиганти од Белград, Црвена Звезда и Партизан „вечните“ ривали трета година по ред ќе бидат дел сЕвролигата.

Следната сезона во Евролигата ќе играат и : Реал Мадрид, Барселона, Басконија, Панатинаикос, Олимпијакос, Асвел, Монако, Париз, Фенербахче, Анадолу Ефес, Олимпија Милано, Виртус Болоња, Макаби Тел Авив, Жалгирис, Баерн Минхен, Алба Берлин, .

Мецола: Евроизборите покажаа дека проевропските сили може да продолжат да соработуваат

Изборите за европскиот парламент покажаа дека демократијата е жива и дека проевропските сили може да продолжат да соработуваат.

Изборите за европскиот парламент покажаа дека демократијата е жива и дека проевропските сили може да продолжат да соработуваат, изјави вечерва претседателката на претходниот состав на Европарламентот, Роберта Мецола пред почетокот на неформалната средба на шефовите на држави или влади на земјите членки на која ќе се разговара околу изборот на највисоките функционери во Унијата.

- Резултатите од евроизборите мора да бидат земени предвид при изборот на претседателот на Европската комисија и можам да потврдам дека мнозинството од политичките групи во Европскиот парламент го поддржуваат процесот за избор на водечките кандидати, изјави Мецола.

Таа додаде дека ЕП е подготвен на соработка Советот на ЕУ во спроведување на постапката за избор на претседателот на Европската комисија, согласно Договорот на Европската Унија и утврдените процедури.

- Очекува добар напредок вечерва, за да можеме да почнеме да работиме, додаде Мецола, воедно потврдувајќи дека ја поднела својата кандидатура за претседател на Европскиот парламент и во новиот мандат.

Холандскиот премиер во заминување Марк Руте при пристигнувањето на средбата изјави дека кога ќе го погледне целиот пакет на имиња на кандидати за носителите на водечките функции во ЕУ мисли дека е можно брзо да се постигне консензус. Руте нагласи дека Урсула фон дер Лајен е одличен кандидат за претседател на Европската комисија, но дека за сите функции ќе се решава во пакет, додавајќи дека вечерва сепак нема да биде донесена никаква одлука.

- Очекувам дека на овој неформален состанок ќе постигнеме консензус, а формалната одлука ќе биде донесена следната недела, истакна Руте.

Ирскиот премиер Сајмон Харис, исто така, истакна дека вечерва нема да бидат донесени никакви одлуки, туку само ќе започнат дискусиите за избор на носителите на водечките функции во ЕУ.

- Тие одлуки се надевам ќе бидат донесени до крајот на овој месец. Мислам дека е важно брзо да ги разјасниме овие работи. Треба да го направиме тоа како што треба, но исто така треба да го направиме со одреден степен на ефикасност, додаде Харис.

Данската премиерка Мете Фредериксен изјави дека се уште е рано да се говори за конкретни имиња, при тоа нагласувајќи дека таа не е во игра за ниту една функција, иако се споменуваше како кандидатка за претседателка на Советот на ЕУ.

- Важно е донесеме брза одлука. Сосема сум сигурна дека ќе најдеме добри решенија, изјави Фредериксен, додавајќи дека од нејзина и од данска перспектива, Фон дер Лајен во досегашното раководење со Европската комисија „направила добра и одлична работа“.

Словачкиот претседател Петер Пелегрини при пристигнувањето на средбата изјави дека Словачка ќе биде конструктивна при изборот на водечките кандидати.

- Бараме единство. Треба да бидеме многу внимателни кој ќе ги претставува Европската Унија и Комисијата на меѓународно ниво. И за тоа треба да разговараме, да не правиме уште поголема тензија отколку што е во реалноста, треба да имаме човек кој ќе може да ја смири ситуацијата, која сега е крајно под огромна тензија, рече Пелегрини.

АМСМ:На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

притисни ентер