Во резолуцијата донесена со 455 гласа „за“, 145 „против“ и 71 воздржан, Парламентот соопшти дека одлуката на полскиот Уставен суд од 22 октомври го „загрозува здравјето и животот на жените.
Забраната ќе доведе до зголемување на „небезбедни, тајни и опасни по живот абортуси“, предупредуваат пратениците.
Во текстот се забележува дека одлуката е донесена од „судии избрани од политичари од владејачката коалиција предводена од Партијата на законот и правдата (ПиС) и кои целосно зависат од нив“.
Во согласност со судската пракса на Европскиот суд за човекови права, Парламентот нагласува дека законите за ограничување на абортусот ги кршат човековите права на жените.
Пратениците се согласуваат дека непречениот и навремен пристап до услугите за репродуктивно здравје и почитувањето на репродуктивната автономија на жените и правата на донесување одлуки се клучни за заштита на нивните човекови права и родовата еднаквост.
Правата на жените се основни права, соопшти Парламентот, потсетувајќи дека институциите на ЕУ и земјите-членки се законски обврзани да ги почитуваат.