ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата пред граѓаните, вети 5000 денари а за 2 год. пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000
1ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата пред граѓаните, вети 5000 денари а за 2 год. пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000
3ВМРО-ДПМНЕ: Талогот излезе на површина, Венко Филипче е политички импровизатор и бледа копија на Заев
Времето на чекање на аеродромите низ Европа е двојно зголемено по воведувањето на новиот електронски систем
2Времето на чекање на аеродромите низ Европа е двојно зголемено по воведувањето на новиот електронски систем
БалканЕП ќе дебатира за укинување на визите за граѓаните на Косово со српски пасоши Комитетот за внатрешни работи, правда и граѓански слободи на Европскиот парламент утре треба да го усвои извештајот на известувачот за укинување на визите за граѓаните на Косово со српски пасош, Матјаж Немец.Откако на 1 јануари стапи во сила визната либерализација за Косово, косовските Срби со пасоши на Управата за координација се единствените во регионот, на кои им е потребна виза за патување во ЕУ. ЕК во ноември 2023 година предложи промени во регулативата од 2018 година, така што безвизниот режим ќе се применува и за косовските Срби. Во извештајот на Немец се истакнува дека визите за косовските Срби се дискриминација. - Додека не се реши конечниот статус на Косово или не се постигне значителен напредок во нормализацијата на односите помеѓу Косово и Србија, предлогот не треба да се обидува и не може да го реши спорот помеѓу Србија и Косово, ниту треба да се очекува, се истакнува во извештајот на Немец, додавајќи оти на тоа треба да се гледа како на техничко прашање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата пред граѓаните, вети 5000 денари а за 2 год. пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата пред граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата и работи во интерес на сите граѓани.За две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари. ВМРО-ДПМНЕ во предизборието ветуваше дека ќе обезбеди линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари. Ветено, реализирано. И наместо 5000 денари Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорача повеќе, за секој пензионер линеарно ги зголеми пензиите за 7.000 денари. За домаќинство во кое двајцата сопружници се пензионери ова значи 14000 денари повеќе секој месец во домашниот буџет. И додека владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на подобрување на животниот стандард од СДС и опозицијата преку иницијативи пред Уставниот суд имаше обиди мерката да ја оспорат но Владата остана доследна на определбата да ги заштити интересите на пензионерите за подобар животен стандард. Исто така Владата останува на ставот дека нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на мерки, проекти и политики кои носат конкретни резултати за граѓаните. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
МакедонијаЗдружение на судиите за одлуката на Уставниот судСудскиoт совет на Република Македонија и Здружение на судиите на Република Македонија, во врска со Решението на Уставниот суд И.бр.1/2026 и реакциите што тоа ги предизвика во јавноста.Судскиoт совет на Република Македонија и Здружение на судиите на Република Македонија, во врска со Решението на Уставниот суд И.бр.1/2026 и реакциите што тоа ги предизвика во јавноста, смета за потребно да укажат на неколку принципиелни прашања од значење за независноста на судската власт и владеењето на правото. Судскиот совет на Република Македонија и Здружение на судиите на Република Македонија го почитуваат уставниот статус на Уставниот суд и принципот дека неговите одлуки се конечни и извршни и дека надлежните државни органи се должни да постапуваат во согласност со обврските што произлегуваат од нив. Истовремено, еднакво значајно е почитувањето на уставно загарантираната самостојност и независност на судовите, законски уредениот тек на судските постапки и правото на користење на предвидените правни лекови. Во конкретниот случај, Решението П4-240/22 од 4 мај 2026 година на Основниот граѓански суд Скопје не е правосилно и против него е изјавена жалба за која треба да одлучува надлежниот второстепен суд. Оттука, постапката сè уште е во тек, а оценката на законитоста на првостепената одлука му припаѓа само на надлежниот второстепен суд. Во такви околности, Судскиот совет на Република Македонија и Здружение на судиите на Република Македонија сметаат дека секое институционално постапување поврзано со конкретната неправосилна судска одлука бара особена внимателност и воздржаност, за да не се создаде впечаток на прејудицирање на исходот од постапката или на притисок врз судиите кои одлучуваат во конкретниот предмет. Независноста на судството не е привилегија на судиите, туку гаранција за граѓаните дека за нивните права и обврски ќе одлучува независен и непристрасен суд. Функцијата на судовите не се состои во извршување на одлуки на други државни органи, туку во самостојно и независно судење врз основа на Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори. Оттука, ниту еден орган, без оглед на неговата уставна положба, не може да определува или да прејудицира каква одлука треба да донесе судот во конкретен предмет. Судскиот совет на Република Македонија и Здружението на судии на Република Македонија особено нагласуваат дека почитувањето на одлуките на Уставниот суд и почитувањето на независноста на редовните судови не се спротивставени вредности. Напротив, тие се составни делови на истиот уставен поредок и на принципот на владеење на правото. Нивната заштита подразбира секој орган да ги остварува своите надлежности во уставно и законски утврдените граници, со должно почитување на надлежностите и независноста на другите органи. Судскиот совет на Република Македонија и Здружение на судиите на Република Македонија остануваат цврсто определено за доследно почитување на Уставот, законите и одлуките на Уставниот суд, но и за бескомпромисна заштита на независноста на судската власт, правото на правично судење и непреченото функционирање на системот на правни лекови. Само преку институционална воздржаност, заемно почитување на уставните надлежности и доследно почитување на законските процедури може да се обезбеди владеење на правото и да се зајакне довербата на граѓаните во институциите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
ФудбалАлварез одбива да тренира со Атлетико Мадрид: Не сметајте на менеНапаѓачот на Аргентина Хулијан Алварез ја известил управата на Атлетико Мадрид дека престанува да тренира со тимот. Аргентинскиот репрезенативец се одлучил на овој чекор откако вчера не успеал да разговара со тренерот Диего Симеоне за трансферот што го посакува, пренесува „Мундо Депортиво“. Алварез продолжува да инсистира на трансфер во Барселона – желба што првпат јавно ја изрази за време на Светското првенство. Откако дознал дека ниту тренерот, ниту извршниот директор Мигел Анхел Гил Марин не се во клубот, тој дал до знаење дека повеќе не е дел од нивните планови. Според шпанскиот весник, аргентинскиот напаѓач смета дека на тренерот му недостасувала храброст да се соочи со него, иако Симеоне знаел дека Алварез сака да го реши својот статус. 26 годишниот Алварез не очекувал дека Симеоне ќе замине на дводневен одмор на Ибица токму во моментот кога било закажано неговото враќање во клубот поради разговори. Алварез е подеднакво разочаран и од однесувањето на Гил Марин – другиот клупски функционер кој може да го одобри неговиот трансфер – а кој исто така е на одмор. Фудбалерот имал намера ситуацијата да ја реши пријателски, преку дијалог, но не добил можност за тоа. Како резултат на тоа, Алварез им упатил јасна порака за своите натамошни чекори на присутните во тренинг-центарот на клубот. Неговите изјави биле кратки: „Не сметајте на мене“ и „Повеќе нема да тренирам“. Се очекува напаѓачот да престане со тренинзите во среда, кога Симеоне ќе се врати од одмор и ќе ги продолжи тренерските обврски. Тогаш, аргентинскиот тренер повеќе нема да може да го одложува состанокот. Алварез тврди дека уште од февруари има ветување од клубот оти ќе му биде дозволено да си замине за време на летниот преоден рок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter