Ентони Хопкинс: Не знам дали сум станал дедо, ниту пак ме интересира“ - Канал 5

Ентони Хопкинс: Не знам дали сум станал дедо, ниту пак ме интересира“

Славниот британски актер сер Ентони Хопкинс тврди дека не му е познато дали станал дедо и оти “воопшто не го интересира тоа“.

Ентони Хопкинс: Не знам дали сум станал дедо, ниту пак ме интересира“

Хопкинс (80), кој со својата ќерка Ебигејл заедно се појавил во три филма, подоцна се оддалечил од неа.

За медиумите тој неодамна откри дека не знае каде е Ебигејл ниту што во моментов прави во животот, како ни тоа дека станала мајка, напомнувајќи дека “децата не ги сакаат своите татковци“ како и тоа дека “родителите и децата не мораат да се сакаат“.

„Навистина немам никаква идеја за тоа. Луѓето едноставно се отуѓуваат. Семејствата се поделуваат....Луѓето прават сопствени избори во животот. Мене на овој или на оној начин, веќе не ми е важно“ – изјавил Хопкинс за „Радио Тајмс“.

На коментарот дека неговата изјава звучи многу сурово, славниот актер одговорил.

„Па да, звучи сурово, затоа што и животот е таков!“.

Ебигејл Хопкинс (48) е единствената ќерка на Ентони Хопкинс од неговиот брак со поранешната сопруга Петронела Баркер, од која се разведе кога Ебигејл имала само четири години, пишува британскиот „Метро“.

Контактите ги обновиле во текот на деведесеттите, кога таа играше во некои помали улоги во долгометражни и краткометражни филмови и во телевизиски документарци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам.

Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на меѓусебната соработка и зајакнувањето на партнерските односи во повеќе области.

Посебно беше истакнато значењето на регионалната соработка и координацијата меѓу девете држави, како важен придонес кон остварувањето на заедничките приоритети и зајакнувањето на стабилноста и партнерството.

На средбата беа разменети и мислења за актуелните политички и економски прашања, како и за можностите за натамошно унапредување на билатералните односи и соработката меѓу двете држави.

Двајцата говорници ја потврдија заедничката заложба за продолжување и интензивирање на соработката и натамошно унапредување на стратешкото партнерство во интерес на двете земји.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола побара 45 минути пауза, поради лагите изнесени од страна на Мицкоски за Алта банка. 

СДСМ: Мицкоски излажа на надзорната за Алта банка, СДСМ побара пауза за да се објави вистината

„Барам процедурално затоа што иако Надзорната расправа требаше да биде а институт во којшто ќе се обзнани вистината пред јавноста, во претходниот исказ на сведокот слушнавме низа на невистини затоа што се мафташе со некои списоци. Во меѓувреме ги извадивме записниците и затоа барам барам 45 минути пауза за да се обзнани вистината. Вистината којашто некој сакаше да ја покаже пред јавноста, а тоа е лагата“, рече Битиќи.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.

Европско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“

Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент.

Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер