Ентони Хопкинс и Франсис Мекдорманд – добитници на Оскар за најдобар актер и актерка - Канал 5

Ентони Хопкинс и Франсис Мекдорманд – добитници на Оскар за најдобар актер и актерка

Франсис Мекдорманд го освои својот трет Оскар на синоќешната церемонија во Лос Анџелес на доделување Оскари, за улогата во филмот „Земја на номадите" (Nomadland), со што ја потврди својата репутација како една од најдобрите актерки од нејзината гене

Ентони Хопкинс и Франсис Мекдорманд – добитници на Оскар за најдобар актер и актерка

Со тоа им се придружи на Мерил Стрип, Даниела Деј Луис и Џек Николсон, единствените активни актери кои освоиле три Оскари. Пред нив е само покојната Кетрин Хепберн со четири Оскари.

Британскиот актер Ентони Хопкинс синоќа го освои својот втор Оскар на церемонијата во Лос Анџелес, за улогата во филмот „Татко". Тоа е негов втор Оскар по скоро 30 години и четири номинации, откако во 1992 година беше награден со улогата на Ханибал Лектор во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат".

Социјалната драма „Земја на номадите" (Nomadland), за животот во време на рецесија на американскиот запад, е прогласена за најдобар филм на синоќешната церемонија во Лос Анџелес. Кинескињата Клои Жао, за која ова е само трет филм, е втората жена наградена за режија. Кандидати за највисоката награда на Американската филмска академија годинава беа и „The Trial of the Chicago 7", „Mank", „Promising Young Woman", „Minari", „Judas and the Black Messiah", „The Father" и „Sound of Metal".

Soul на комапнијата Пиксар (Pixar) го освои Оскарот за најдобар анимиран филм. Тој е 11-ти Оскар за Пискар во последните 20 години од доделувањето на наградата во таа категорија.

Британскиот актер Даниел Калуја го освои Оскарот за најдобра споредна улога, за улогата во филмот „Judas and the Black Messiah". Актерот, роден во Лондон во семејство на имигранти од Уганда, за улогата на млад активист за Црниот Пантер, Фред Хамптон, кој беше убиен во 1969 година во Чикаго, претходно ги освои Златниот глобус, Наградата на Здружението на актери и британската БАФТА. Други номинирани беа Пол Рејси (Sound of Metal), Лесли Одом Џуниор (Night in Miami) и Саша Барон Коен (Trial of he Chicago 7).

Јужнокорејската актерка Јун Ју-јунг е добитничка на Оскар за најдобра споредна улога за улогата во филмот MInari.

„ My Octopus Teacher " од режисерот од Јужна Африка, Крег Фостер е прогласен за најдобар документарец на Американската академија за филмски уметности и науки во Лос Анџелес. За наградата беа номинирани и „Collective", „Crip Camp", „The Mole Agent" и „Time".

Список на главните добитници на 93. Оскари, награда од Американската академија за филмска уметност и наука, што се одржа во Долби театарот и на други локации во Лос Анџелес.

– Најдобар филм: „Nomadland"

– Најдобра режија: Клои Жао, „Nomadland"

– Најдобра машка улога: Ентони Хопкинс (Тhe Father)

– Најдобра актерка: Франсис Мекдорманд (Nomadland)

– Најдобра споредна машка улога: Даниел Калуја

– Најдобра споредна женска улога: Ју Јунг-јун

– Најдобар странски филм: „Drunk", Томас Винтерберг, Данска

– Најдобар документарен филм: „ Мy Octopus Teacher"

– Најдобар анимиран филм: Soul – Студио Пиксар

– Најдобро оригинално сценарио: „Promising Young Woman"

– Најдобро адаптирано сценарио: „The Father"

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатен училиштен прибор за сите првачиња во Крива Паланка

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ја прими донацијата и упати благодарност до компанијата „Таргет“.

Бесплатен училиштен прибор за сите првачиња во Крива Паланка

Со грижа за најмладите и поддршка за нивниот прв училиштен чекор, и оваа година за сите првачиња во Општина Крива Паланка е обезбеден бесплатен училиштен прибор, благодарение на успешната соработка со реномираната и општествено одговорна компанија „Таргет“.

Донацијата, која традиционално се реализира петта година по ред, е наменета за најмладите ученици кои за неколку дена за првпат ќе седнат во училишните клупи и ќе го започнат своето ново животно поглавје.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ја прими донацијата и упати благодарност до компанијата „Таргет“ за континуираната поддршка и општествената одговорност што ја покажува кон локалната заедница.

„Првиот училиштен ден е посебен момент за секое дете и секое семејство. Затоа ни е особено драго што петта година по ред ја продолжуваме оваа убава традиција и на нашите првачиња им обезбедуваме поддршка за нивниот прв чекор во светот на знаењето. Благодарност до компанијата ‘Таргет’ што повторно ја препозна важноста на вложувањето во најмладите. Кога вложуваме во децата, вложуваме во иднината на Крива Паланка“, истакна градоначалникот Митовски.

Обезбедениот училиштен прибор ќе биде наменет за сите првачиња од основните училишта на територијата на општината, како мал, но значаен придонес за поубав и порадосен почеток на нивното образование.

Општина Крива Паланка продолжува со активности и партнерства насочени кон поддршка на децата и семејствата, создавајќи услови во кои најмладите ќе растат, учат и напредуваат со еднакви можности.

На сите првачиња им посакуваме среќен почеток, многу нови знаења, другарства и безброј насмевки во нивното прво училишно поглавје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНРиТ: до Амбасадата на Македонија во Љубљана е доставено официјално известување за тешка сообраќајна незгода

Во незгодата животот го загубиле три лица – едно полнолетно и две малолетни лица, државјани на Република Македонија. 

МНРиТ: до Амбасадата на Македонија во Љубљана е доставено официјално известување за тешка сообраќајна незгода

Ве информираме дека до Амбасадата на Република Македонија во Љубљана е доставено официјално известување од словенечката полиција за тешка сообраќајна незгода што се случила на 27 август 2026 година на автопатот А1, во близина на Унец.

Во незгодата животот го загубиле три лица – едно полнолетно и две малолетни лица, државјани на Република Македонија. Повредени се уште две лица кои се наоѓале во возилото и кои исто така се македонски државјани.

Случајот го обработуваат надлежните полициски органи во Копер. Амбасадата на Република Македонија во Љубљана е во комуникација со надлежните словенечки институции и го следи понатамошниот тек на постапката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Високи температури и изолирано невреме со пороен дожд

Спас од пожарите се и најавените дождови во попладневните часови.

УХМР: Високи температури и изолирано невреме со пороен дожд

Од УХМР најавуваат дека во одредени делови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. максИмалната температура ќе достигне 39 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер