Енрике: Дембеле беше добар во 2024 година, а ќе биде уште подобар годинава - Канал 5

Енрике: Дембеле беше добар во 2024 година, а ќе биде уште подобар годинава

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике искажа пофални зборови за Усман Дембеле. 

Енрике: Дембеле беше добар во 2024 година, а ќе биде уште подобар годинава

Фудбалерот постигна два гола вчеравечер во победата (3:0) над Брест во првиот натпревар од плејофот од Лигата на шампионите.

-Оние кои го познаваат Усман знаат за каква личност се работи. Го гледам како тренира, можам да кажам дека тој е полн со самодоверба. Дембеле беше добар во 2024 година, а ќе биде уште подобар во 2025 година, изјави Енрике.

Оваа сезона 27-годишниот Французин на 28 натпревари во сите натпреварувања постигна 23 гола и креира шест асистенции.

Реваншот меѓу ПСЖ и Брест ќе се одигра на 19 февруари. Победникот од двомечот ќе се соочи или со Ливерпул или со Барселона. /MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање дали граѓаните ќе добијат обештетување од невремето во Скопје, рече: 

Мицкоски: Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје

„Што се однесува до обештетувањето на граѓаните кои претрпеа штета од невремето кое што се случи, само можам да кажам дека општините и институциите под општините формираат комисии. Граѓаните кои имаат штета треба да ја пријават таа штета во комисиите. Тие ќе направат проценка и потоа во Комитетот за проценка на штети ќе ги достават до Владата, а ние согласно закон и пракса ќе интервенираме и ќе ги обештетиме оние граѓани кои што ќе пријават штета. Апелирам до граѓаните оние кои имаат штета да пријават, да излезе Комисија да ја констатира и да добиеме ние како Влада спецификација на тие штети, за да можеме да ги обештетиме“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кина ги забрани партнерките и партнерите со вештачка интелигенција

Милиони тагуваат поради дигитални раскинувања Кина ги забрани апликациите за персонализирани партнери со вештачка интелигенција, принудувајќи милиони корисници на ненадеен дигитален прекин на врските.

Кина ги забрани партнерките и партнерите со вештачка интелигенција

Прописите стапија на сила на 15 јули 2026 година и беа заеднички издадени од пет владини оддели, вклучувајќи ја и Администрацијата за сајбер простор на Кина.

Правилата наведуваат дека алатките за вештачка интелигенција не смеат „прекумерно да им се додворуваат на корисниците, да предизвикуваат емоционална зависност или зависност воопшто, или да ги нарушуваат вистинските меѓучовечки односи на корисниците“.

Компаниите сега мора да вградат опции за моментален излез, редовни потсетници дека вештачката интелигенција не е реална и ограничувања на долгорочната емоционална меморија. Алатките за учење и работа се исклучени.

Компаниите ByteDance, Alibaba и Tencent одлучија целосно да ги суспендираат своите функции на придружници на вештачката интелигенција, наместо да се придржуваат кон новите правила, објавува The Independent.

Строгите мерки се поврзани со падот на стапките на брак и наталитет во Кина, бидејќи регулаторите се загрижени дека врските со вештачката интелигенција ја заменуваат вистинската интимност, иако експертите забележуваат дека подлабоките проблеми, како што е економскиот притисок, играат поголема улога.

Укинувањето на овие опции предизвика вистинска тага на мрежата „Веибо“, каде што корисниците ја архивираа преписката и се збогуваа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовски: Спортската инфраструктура повеќе нема да биде заборавена - 49 милиони денари за градскиот базен во Кавадарци

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на целосно реконструираниот  Градски базен во Кавадарци.

Ристовски: Спортската инфраструктура повеќе нема да биде заборавена - 49 милиони денари за градскиот базен во Кавадарци

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на целосно реконструираниот Градски базен во Кавадарци, капитален проект вреден речиси 49 милиони денари, со кој градот добива современ спортско-рекреативен центар наменет за сите генерации.

Од вкупната инвестиција, 30.141.432 денари се обезбедени преку Министерството за спорт, од средствата на Владата на Република Македонија преку вториот јавен повик за финансирање на инфраструктурни проекти, додека останатите средства ги обезбеди Општина Кавадарци.

-Ние не градиме споменици, туку места каде што ќе растат идните шампиони. Секој реконструиран базен, секоја спортска сала и секое игралиште значат повеќе можности за децата, повеќе здравје за граѓаните и повеќе шанси Македонија повторно да создава врвни спортисти. Нашата цел е јасна – спортската инфраструктура повеќе никогаш да не биде оставена да пропаѓа, туку да стане двигател на развојот во секоја општина - истакна министерот Ристовски.

Тој нагласи дека Министерството за спорт паралелно работи на завршување на повеќе капитални проекти низ државата.

Во рамки на реконструкцијата е обновен целиот базенски комплекс, поставен е нов систем за филтрација и пречистување на водата, реконструирани се големиот и малиот базен, изградени се водни атракции и тобогани, детски водни реквизити, современо детско игралиште, целосно се обновени соблекувалните, тушевите, санитарните јазли, лекарската просторија, пристапните патеки и останатите придружни содржини.

Во Кавадарци е во завршна фаза и изградбата на новиот затворен базен, проект чија реализација Министерството ја доведе до финална фаза по повеќегодишен застој. На ист начин беа завршени и базените во Карпош, во Кисела Вода и во Штип, продолжува изградбата во Струмица, Кичево и Ѓорче Петров, додека технички е завршен и базенот во Битола.

Со ова Министерството за спорт продолжува со реализација на стратешката определба за модернизација и развој на спортската инфраструктура низ целата држава, со цел секоја општина да добие современи услови за спорт, рекреација и развој на младите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер