Ен Хатавеј се потсети на одвратната аудиција, на која морала да се бакнува со 10 колеги (ВИДЕО) - Канал 5

Ен Хатавеј се потсети на одвратната аудиција, на која морала да се бакнува со 10 колеги (ВИДЕО)

Ен Хатавеј вели дека тестовите за хемија меѓу актерите во раните 2000-ти биле одвратни, пишува IndieWire.

Ен Хатавеј се потсети на одвратната аудиција, на која морала да се бакнува со 10 колеги (ВИДЕО)

Во интервју за магазинот V, актерката се присети на незгодните аудиции за романтични комедии во кои глумеше на почетокот на кариерата.

„Во 2000-тите беше нормално да се бара од актерите да се бакнуваат за време на аудиција, да се тестира хемијата, иако тоа е најлошиот начин да се тестира хемијата - дури и мене ми се има случено“, рече актерката. „Тие рекоа: „Имаме десет момци кои доаѓаат денес, а ти ја доби улогата. Зарем не си возбудена да ги бакнуваш? Мислев дека нешто не е во ред со мене бидејќи не бев возбудена.“

„Бев толку млада и знаев колку е лесно да изгубиш сè ако некој рече дека ти е тешко да се работи, па се преправав дека сум возбудена“, објаснила ѕвездата од „Дневниците на принцезата“. „Тоа не беше игра за моќ, никој не се обидуваше да ме повреди или да биде ужасен. Тоа беа различни времиња и ние денес подобро знаеме“.

Наскоро ќе можеме да ја видиме Хатавеј во романтичниот филм The Idea of ​​You, кој пристигнува на Prime Video на 2 мај. Во филмот, актерката толкува 40-годишна самохрана мајка која влегува во врска со 24-годишен музичар, кој го игра Николас Галицин.

YouTube video

Филмот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал South by Southwest, кој се одржа во март годинава. Критичарите на Rotten Tomatoes го оценија The Idea of ​​You со 95 проценти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени

Еврокомесарката за проширување Марта Кос уште еднаш ја повика Македонија да ги спроведе уставните измени но и да гради „доверба„ со сите земји членки на Унијата. 

Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени

Како што потенцираше Кос, државава е една од трите првенци во спроведување на реформската агенда, меѓутоа, без уставни измени, овој напредок не може да се преслика во моментумот за проширување.

-Ова бара лидерство и градење доверба со сите наши 27 земји-членки. И ова беше мојата порака минатата недела во Македонија. Кој е тука од Македонија? Добредојдовте. Земја која брзо напредува во реформите на планот за раст и е една од најдобрите во оваа област, но треба да ги донесе договорените уставни измени за да може да внесе иста динамика во преговорите за проширување,- - Марта Кос, еврокомесарка за проширување .

Откако вчера заврши крајниот рок за реформите од јунскиот грејс период, Македонија реализираше девет од десетте планирани чекори а изостана реформскиот Изборен законик чија финансиска вредност изнесуваше 4,2 милиони евра.

Иако финалната оценка од ЕК за успешноста и квалитетот на завршените реформи се очекува во септември, од Министерството за европски прашања посочија дека заедно со тековниот извештаен период, очекуваат исполнување на вкупно 19 реформски чекори, по што би се исплатиле околу 100 милиони евра од Планот за раст. Досега, државава има исполнето 22 од предвидените 136 реформски чекори по што се ослободени 142 милиони евра од алоцираните 750 милиони евра за државава преку Планот за раст. Како резултат на реформскиот неуспех на останатите кандидатки, официјален Брисел најави дополнително распределување на средства кон Македонија, Албанија и Црна Гора како земји со најголем реформски напредок, а колкав износ би добила државава ќе се знае кон крајот на месецов.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Деве Баир спречен обид за криумчарење на две илјади парчиња медицински препарати

Мобилен тим од одделението за оперативни работи спречи обид за криумчарење на две илјади парчиња вијали со медицински раствор „Гадонанс“, кои косовски државјанин, возач на товарно моторно возило, сакал да ги криумчари криејќи ги во кабината на возил

На Деве Баир спречен обид за криумчарење на две илјади парчиња медицински препарати

Против сторителот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење.. Сторителот, вработен како возач во косовска транспортна компанија вршел транспорт на алуминиумски профили на релација турција – косово и истиот е застанат за контрола на граничен премин Деве Баир, но возачот изјавил дека нема ништо за пријавување.. Вијалите спакувани во папки и кеси, во рефусна состојба и без оригиналното пакување, се пронајдени на различни места во кабината на возилото – во горниот кревет, во фабричката шуплина, во просторот над возачкото седиште, како и во личниот багаж пронајден во долниот кревет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка – го известил Собранието, но не и Уставниот суд

Уставниот судија Гоце Наумовски поднел оставка од судиската функција директно до Собранието, но за тоа не ги известил ниту Судот, ниту претседателот Дарко Костадиновски. 

Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка – го известил Собранието, но не и Уставниот суд

Првиот човек на Уставен за Канал 5 потврди дека за оставката на Наумовски дознал од телефонски разговор со собранискиот спикер Африм Гаши, откако судијата не се појавил и на денешната седница без никакво образложение. Го барале на телефон со часови, но не одговарал на повиците. Од Уставниот суд соопштија дека до нив не е доставена официјална информација за оставка, а официјална потврда не е пристигната ниту од Собранието. Од законодавниот дом, пак, за Канал 5 потврдија дека оставката на Наумовски е пристигната кај нив.

Претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски за Канал 5 вели дека за него и Судот причините за оставката не се познати, а додека официјално не ги добие нема дава дополнителни коментари.

-Денес после седницата на која судијата Гоце не дојде, слушнав непроверена информација дека поднел оставка во Собрание. Информацијата ми беше потврдена од спикерот Африм Гаши. До мене ни до Судот не се обратил и оттука причините за оставката не ги знам. Во овој момент додека не бидам известен официјално од Собранието и не ги видам причините, нема да дадам никаков коментар освен што оставката е личен чин– изјави Костадиновски за Канал 5.

Отсуството на Наумовски беше причина што Уставниот суд и денеска не можеше да одлучува за иницијативите на Левица и Демократи за оценување на уставноста на делови од Изборниот законик поврзани со платеното политичко рекламирање. Според Костадиновски сега одлука за Изборниот законик ќе се носи штом ќе се избере нов уставен судија, а оставката ќе ја отежне работата на Судот. По заминувањето на Наумовски Уставниот суд ќе остане со седум судии од вкупно девет. Претходно од местото оставка поднесе професорката Јадранка Дабовиќ.

Собранието го избра Гоце Наумовски за Уставен судија во февруари годинава по предлог на на владејачкото мнозинство. Наумовски е професор на катедрата по римско право на правниот факултет „Јустинијан Први“ , а пред изборот беше советник на премиерот и е брат на поранешниот вицепремиер за европски прашања Васко Наумовски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер