Емотивни сцени по елиминацијата на Англија: Дејвид Бекам не можеше да ги сокрие солзите и разочарувањето - Канал 5

Емотивни сцени по елиминацијата на Англија: Дејвид Бекам не можеше да ги сокрие солзите и разочарувањето

Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам тешко го поднесе поразот на англиската репрезентација во полуфиналето на Светското првенство; Аргентина победи со 2–1 по драматичен пресврт.

Емотивни сцени по елиминацијата на Англија: Дејвид Бекам не можеше да ги сокрие солзите и разочарувањето

Бекам го следеше натпреварот на стадионот во Атланта во друштво на сопругата Викторија Бекам и нивните деца Ромео, Круз и Харпер, како и девојката на Круз, Џеки Апостел. По последниот свиреж, на лицето му се гледаше длабоко разочарување, додека тој и Викторија, во неверување, си ги држеа главите со рацете.

Англија поведе во 55-тата минута со голот на Ентони Гордон, што предизвика воодушевување кај навивачите, но славјето беше краткотрајно. Аргентина направи целосен пресврт кон крајот на натпреварот и, со головите на Енцо Фернандез и Лаутаро Мартинез, си обезбеди место во финалето.

Особено емотивен момент се случи по завршувањето на натпреварот, кога синот на Дејвид, Круз, му пријде на својот татко и се обиде да го утеши со прегратка. За разлика од претходните натпревари, Викторија Бекам овој пат не ги криеше своите емоции. По водечкиот гол на Англија, таа му скокна во прегратка на сопругот и заедно со него го прослави погодокот.

Нејзината реакција привлече внимание и поради тоа што пред неколку дена таа беше предмет на бројни коментари на социјалните мрежи. Тогаш, многумина забележаа дека таа останала прилично воздржана за време на четвртфиналниот натпревар по голот на Џуд Белингем, а Дејвид Бекам подоцна се пошегува на нејзина сметка, велејќи дека таа „славела во себе“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху лут: „Не се согласуваме со планот на Комитетот за мир во Газа“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел не се согласил со планот на Комитетот за мир во Газа, поддржан од САД, дури и по добивањето уверувања дека израелската армија ќе се повлече од Појасот Газа.

 Нетанјаху лут: „Не се согласуваме со планот на Комитетот за мир во Газа“

Како што истакна Нетанјаху, условот поврзан со Ерусалим е разоружувањето на палестинската милитантна група Хамас.

Во видео објавено на Фејсбук, Нетанјаху изјави дека тимот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој раководи со Комитетот за мир, „верува оти може да доведе до разоружување на Хамас и демилитаризација на Газа“, пренесува „Тајмс оф Израел“.

„Претседателот Трамп смета, или неговиот тим смета, дека можат да го принудат Хамас да се разоружа и да ја демилитаризира Газа. Ние го разгледуваме тоа. Тие ни испратија нацрт-текст. Ние не се согласивме со него. Тоа не беше наш нацрт. Ги повлековме нашите забелешки“, рече Нетанјаху.

Тој ги повтори изјавите што се појавија во медиумите во изминатите неколку дена, а кои им се припишуваа на „високи израелски функционери“, наведувајќи дека Израел нема да се повлече „од своите сегашни позиции“ во Газа „сè додека Хамас целосно не се разоружа“.

Тоа е спротивно на планот за разоружување, кој бара од Израел да се повлече до првобитната „жолта линија“ во Газа – позиција до која се повлече како дел од договорот со Хамас од октомври 2025 година за прекин на огнот и ослободување на заложниците, но оттогаш ја прошири својата контрола врз Појасот Газа од 53 на над 60 проценти.

Иако Комитетот за мир посочи дека Израел нема да мора да се повлече зад првобитната „жолта линија“ сè додека Хамас барем не почне да го предава своето оружје, Нетанјаху изјави дека израелските сили воопшто нема да се повлечат сè додека Хамас не биде целосно разоружан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов пресврт во случајот „Епстајн“: Лондон под сè поголем притисок

Британската министерка за прашања поврзани со жртвите, Алекс Дејвис-Џонс, изјави дека владата разгледува опции за испитување на активностите на осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн во Обединетото Кралство.

Нов пресврт во случајот „Епстајн“: Лондон под сè поголем притисок

Британската министерка за прашања поврзани со жртвите, Алекс Дејвис-Џонс, изјави дека владата разгледува опции за испитување на активностите на осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн во Обединетото Кралство и дека премиерот Енди Бурнам се согласил да се сретне со жртвите.

Даунинг стрит ја ублажува изјавата на министерката Иако Дејвис-Џонс рече дека се разгледува можноста за јавна истрага, извори од Даунинг стрит подоцна посочија дека премиерот во моментов не подготвува ниту активно размислува за покренување на таков процес, објави „Индипендент“.

Министерката нагласи дека Барнам сериозно му пристапува на случајот и сака да разгледа системски промени што би ја подобриле состојбата за сите жртви на сексуално насилство.

Полицијата веќе ги истражува наводите.

Британската полиција веќе ги истражува обвинувањата поврзани со Епстајн, вклучително и можни случаи на сексуална злоупотреба на деца, трговија со жени преку британските аеродроми и злоупотреба на службената должност.

Дејвис-Џонс изјави дека евентуалната поширока истрага би можела да ги опфати и наводите против покојниот сопственик на „Хародс“, Мохамед Ал Фајед, кого стотици жени го обвинија за сексуално насилство.

Таа се врати на својата министерска функција откако во мај ја напушти владата на Кир Стармер, откако го обвини тогашното раководство дека не ги слушало доволно жртвите на Епстајн, пренесува „Анадолу“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Барен Минхен се откажа од четири странци

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен повлеќе неочекуван потез кој предизвика огромна реакција од јавноста.

Барен Минхен се откажа од четири странци

Според „Билд“, Жоао Палиња, Саша Боеј, Брајан Сарагоса и Арминдо Зиб се отстранети од списокот на играчи од првиот тим на официјалната веб-страница на клубот.

Овој потег се толкува како јасна порака дека Баерн повеќе не смета на нив и дека тие би можеле да го напуштат клубот ова лето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер