Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“
1Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“
МакедонијаЕМОФ: Велосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојбаВелосипедистите од Исланд се во добра здравствена состојба, самоиницијативно тренирале на патека која не е дел од официјалната патека за одржување на велосипедската трка во рамки на ЕМОФ.Во врска со сообраќајната незгода што се случи на 23 јули 2025 година, околу 12:00 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во близина на селото Зубовце, ја информираме јавноста дека двајца малолетни велосипедисти од репрезентацијата на Исланд, учесници на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ), се здобија со телесни повреди. По укажаната медицинска помош во Општата болница Куманово, утврдено е дека спортистите се во стабилна и добра здравствена состојба, без потреба од хоспитализација. На местото на настанот веднаш реагираа претставници од организацискиот комитет на ЕМОФ Скопје 2025, кои им укажаа поддршка и помош на повредените спортисти и беа во постојан контакт со делегацијата од Исланд. Според официјалниот извештај на СВР Куманово, на 23.07.2025 година во 12:09 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, во атарот на с. Зубовце, патничко возило „Фолксваген Пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од лице на возраст од 42 години, удрило во двајцата велосипедисти од Исланд. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово. Во согласност со полицискиот извештај, истите велосипедисти не се движеле на официјална и одобрена патека за тренинг или натпревар, ниту во времетраење што било определено за тренинг активност. Според податоците, делегацијата на Исланд на сопствена иницијатива и без најава до организациониот комитет, спровела тренинг на регионален пат кој не бил дел од агендата на ЕМОФ. Од исландската делегација во изјава до организацискиот комитет изразија жалење за инцидентот, при што посочија: „Жалиме за ненамерниот инцидент што се случи надвор од официјалната тренинг патека на ЕМОФ. Благодарни сме што двајцата велосипедисти се во добра здравствена состојба. Благодарност до организаторите и медицинскиот тим за нивната брза реакција и поддршка. Ќе соработуваме целосно со сите релевантни институции за да се расветли случајот и да се осигураме дека сите активности продолжуваат во духот на спортот, одговорноста и безбедноста.“ За потсетување, за тренинг активности од 10:00 до 13:00 часот, полицијата имаше обезбедено целосно блокирана и безбедна траса од пред ресторанот Фемили во населбата Карпош, по стариот пат за Крива Паланка, преку местото викано Света Петка, па по регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце до Меморијалниот центар АСНОМ. На оваа делница сообраќајот за возила и пешаци беше во целост стопиран. Инцидентот, како што беше потврдено и од страна на полицијата, претставува изолиран случај и не е поврзан со официјалната организација и безбедносните мерки на ЕМОФ. Организацискиот комитет на ЕМОФ Скопје 2025 изразува длабоко жалење за настанот и продолжува со блиска комуникација со делегацијата на Исланд и сите релевантни институции, со цел да обезбеди целосна поддршка за повредените спортисти. Со цел да се спречат вакви и слични инциденти во иднина, упатуваме апел до сите тимови и учесници строго да се придржуваат до официјалните упатства, дозволени патеки и предвидени временски рамки за тренинг и движење, како и навремено да ја известуваат организацијата за секоја планирана активност надвор од официјалната програма. Во меѓувреме, натпреварите продолжуваат во најдобар ред. Во денешната женска трка во друмски велосипедизам триумфираше Ана Бонаси од Италија, сребрениот медал го освои Ана Меусен од Белгија, а бронзата ѝ припадна на Мелани Роу од Велика Британија. Натпреварувањето се одвиваше согласно сите предвидени безбедносни протоколи и стандарди на ЕМОФ Скопје 2025, соопштуваат организаторите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Компир манџаВо понеделник (09.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Коки Јанков.Состојки за денешниот рецепт: 300 гр. свинско месо 4 компири 1 главица кромид 1 морков 4 кисели краставички масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор Грозданов во „Само вистини со Видиновски“Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ гости ќе бидат Мирјана Најчевска, Билјана Ивановска, Сафет Бишевац и Виктор ГроздановТагови: „Дурмо турс“ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЏенифер Лопез позира во боди со длабоко деколте (ФОТО)Џенифер Лопез повторно привлече внимание со објава на Инстаграм.57-годишната пејачка сподели неколку фотографии по тренинг, на кои позира во кафеаво боди со длабоко деколте. Освен што ја покажува својата фигура, таа откри и со што сака да се почасти по тренингот - колачиња и млеко. „Вежбајте и јадете колачиња. Рамнотежа“, напиша таа покрај фотографиите. Во коментарите набрзо почнаа да го фалат нејзиниот изглед. „Прекрасна жена“, „Совршенство“ и „Ти си мојата најголема инспирација“ се само дел од пораките што ги оставија нејзините следбеници. View this post on Instagram A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) Најави концертен филм Лопез го претстави и својот нов проект, концертниот филм „The JLO Show: Live in Las Vegas“, кој ги носи најинтересните моменти од нејзините настапи во Лас Вегас оваа година. Премиерата е закажана за Денот на благодарноста, 26 ноември, на американската телевизиска мрежа „CBS“ и стриминг платформата „Paramount+“. „Со ова шоу, сакам да раскажам кратка приказна и да им оддам почит на сите забавувачи кои стоеле на оваа сцена пред мене“, рече Лопез во најавата. Таа се подготвувала за настапи до 13 часа на ден Пред премиерата, пејачката и порача на публиката да не престанува да танцува, без оглед на животните предизвици. Таа ја одржа својата последна серија концерти во Лас Вегас во март, а подготовките, според извори за Дејли Меил, биле исклучително напорни. Наводно, таа вежбала кореографија со танчерите во танцово студио во Северен Холивуд до 13 часа на ден, сакајќи да ѝ пружи на публиката најдобра можна изведба. Извор: Индекс.хрТагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55