Еминем е нападнат поради текстот на новата песна: Ова е ниско, дури и за тебе - Канал 5

Еминем е нападнат поради текстот на новата песна: Ова е ниско, дури и за тебе

Еминем и неговата нова песна Худини моментално се на првото место на топ листите во Велика Британија, а овој познат рапер тоа го постигна по 11-ти пат во кариерата.

Еминем е нападнат поради текстот на новата песна: Ова е ниско, дури и за тебе

Овој сингл е на неговиот нов албум „The Death of Slim Shady (Coup De Grâce)“, кој треба да излезе наскоро.

Худини е првиот хит на раперот на топ листите по Годзила во 2020 година. Него го продуцираа Еминем и неговиот долгогодишен соработник Луис Ресто, а во текстот раперот ја споменува случката во која раперката Меган Ти Сталион беше застрелана во нозете и своите деца ги нарекува „детишта“.

Она што налути дел од публиката беше самото спомнување на Меган Теа Сталион и нејзиниот инцидент со пукање во 2020 година, за кој Тори Ланез беше осуден на 10 години затвор. Тој беше прогласен за виновен затоа што пукал во нозете на Меган при расправија во автомобилот.

YouTube video

„Ова е ниско, дури и за тебе“, „Не си актуелен со години“, „Ја користеше Меган за маркетинг“, „Ако не прави музика за малтретирани жени, тогаш не пишува песни“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Спотот за песната е директен омаж на неговата песна „Without Me“. Во видеото се отвора портал од 2002 година и Еминем од минатото доаѓа во сегашноста, каде што го рекреира своето култно видео за „Without Me“.

Еминем тргнува во потрага по Еминем од минатото и двајцата запознаваат различни луѓе, како што е Др. Дре, Снуп Дог, Шејн Гилис и Пол Розенберг, а сето тоа завршува со тоа што двајцата Еминеми се борат на покривот и се спојуваат во едно „чудовиште“.

Албумот „Death of Slim Shady (Coup de Grâce)“ треба да излезе ова лето и ќе биде првиот албум на Еминем по „Music Be Murdered“ од 2020 година.

Претходно, со цел промоција на овој албум, Еминем објави посмртница за своето алтер его Слим Шејди.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ заплени рекордно количество фалсификувана стока- над 40% доаѓа од Кина

Во ЕУ во текот на 2025 година беа запленети повеќе од 196 милиони парчиња фалсификувана стока, што е најголемата количина досега. 

ЕУ заплени рекордно количество фалсификувана стока- над 40% доаѓа од Кина

Ова е дури за 67 проценти повеќе од претходната година, според извештајот на Канцеларијата на Европската унија за интелектуална сопственост (EUIPO), со седиште во Аликанте, Шпанија.

Проценетата вредност на конфискуваната стока е исто така рекордна, изнесувајќи 6,3 милијарди евра. За споредба, во 2024 година, која дотогаш го држеше рекордот, беа запленети стоки во вредност од 3,9 милијарди евра. Поголемиот дел од запленетата стока се ЦД-а и ДВД-а, компјутерски програми, играчки, етикети и налепници. Цигарите и облеката исто така сочинуваат голем дел.

Поголемиот дел од фалсификуваната стока доаѓа од Кина, повеќе од 40 проценти, додека Турција е на второ место со 18 проценти. Големото зголемување на заплените се припишува на засилената борба против шверцерските групи и почестите и поуспешни контроли.

Онлајн купувањето ја отежнува борбата против фалсификувањето

EUIPO предупредува дека борбата против фалсификувањето е отежната од зголемениот број на различни правци по кои се транспортираат стоките, како и од ограничените капацитети на надлежните служби.

Дополнителен проблем е растот на онлајн трговијата, бидејќи стоките сè повеќе се доставуваат по пошта и преку бројни компании за достава, што ја отежнува контролата.

Во извештајот се заклучува дека подобрата заштита на интелектуалната сопственост и европската економија бараат нови мерки, подобра соработка меѓу надлежните служби и посовремени алатки и технологии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тргнала кон болница, но бебето не чекало- жена за две минути се породила во воз во Холандија

Бремена жена се породила во воз во холандскиот град Гронинген откако ѝ пукнале водењакот додека патувала кон болница на преглед.

Тргнала кон болница, но бебето не чекало- жена за две минути се породила во воз во Холандија

Локалните медиуми објавија дека мајката и новороденото бебе се добро.

Жената се качила на воз „Арива“ на станицата „Еуропапарк“ и добила породилни болки кратко по поаѓањето, објави „NL Times“.

Според еден патник, целиот инцидент се случил за околу две минути. Патниците повикале брза помош и прашале дали има лекар во возот.

Медицинските сестри се качиле на возот на станицата „Гронинген“ за да им помогнат на мајката и бебето.

Железничката компанија „Арива“ потврди дека породувањето се случило во возот, но одби да даде дополнителни детали поради загриженост за приватноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијански војници од елитните единици се на улиците на Милано

Петстотините војници кои ќе бидат распоредени во Милано од следните неколку дена до крајот на годината се членови на падобранската бригада Фолгоре од Сиена.

Италијански војници од елитните единици се на улиците на Милано

Нивното распоредување ќе се одвива во законските рамки на проектот „Страде Сикуре“ („Безбедни улици“).

Нивното распоредување ќе го одлучи префектот на Милано, по консултација со началникот на полицијата, кој ќе побара начинот на нивното распоредување да се одреди според потребите, од патролирање до стационарен надзор.

Затоа, нема да има посебен пропорционален однос помеѓу распоредувањето на падобранци, кои ќе можат да извршуваат исклучиво задачи од јавната безбедност, и распоредувањето на полициските сили, кои исто така имаат овластувања на судска полиција.

Според достапните информации, може да се предвиди и распоредување на војници специјализирани за управување со беспилотни летала.

Одлуката за распоредување на 500 падобранци од елитната бригада Фолгоре во Милано е донесена како одговор на насилството, грабежите и вандализмот за време на протестите на 17 и 18 октомври, но и поради стравувањата дека немирите би можеле да се повторат во текот на наредните викенди. Италијанската влада сака да го зголеми присуството на безбедносните сили во градот до крајот на годината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер