3Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела
КултураЕмилија Златкова Анастасова ја промовира книгата „Неверство" Велешката и македонска авторка Емилија Златкова Анастасова во Локалната библиотека „Гоце Делчев' во Велес како организатор, вчера ја промовира својата шеста книга „Неверство" што ја издаде „Полица", а поради пандемијата промоцијата беше онлајн преку страницата на локалната библиотека, а по повод празникот на жените 8 Март. Промоторот Ана Ѓурова рече дека рецензијата ќе ја започне со извадок од неа „Благословен е човекот што се надева на Господ и кому надежта му е Господ". – Нејзиниот стил на пишување е лесен, читлив, својствен, а пред сè уникатен. Тоа е бидејќи во сите нејзини книги, без разлика на жанрот ни го претставува семејството, љубовта кон децата, а најмногу ја величи вербата кон Бога. Големиот создател на човекот и нашиот двигател во животот. Фокусот на романот е ставен на семејството, на нашите најмили, нашите ангелчиња-децата. А најголемиот фокус е ставен на нашата верба кон Бога. Едноставно без таа верба ние сме празни, еден дел од душата ни е толку осамена и болна што ќе си помислиме дека ништо друго не може да ја исполни и излечи. Оваа мистерија ќе ве изненади и истовремено ќе ве исполни, појасни Ѓурова. Авторката Емилија Златкова Анстасова за МИА, ни појаснува дека многу сака да експериментира со жанровите и вели дека ова е нејзин прв трилер, но не класичен туку со своја уникатност. – Темата пораката на оваа книга е сосема спротивното од насловот на книгата е верноста. Но кога ќе кажеме верност или неверност вообичаено мислиме дека некој не изневерил, но всушност сакам да ги поттикнам читателите колку ние како личности сме верни спрема другите како пријатели, сопруги, родители. Затоа на самиот почеток велам не се потпирај на дрво и човек затоа што дрвото старее и гние и ако се потпреш може да се скрши и да паднеш. А ако се потпреш на човекот и човекот се менува старее и можеш да бидеш изневерен. Затоа порачувам да не бидеме такви гнили дрва, тука сакам да ги поттикнам читателите да размислат колку ние сме верни како пријатели и како личности воопшто, потенцира Златкова Анастасова. Емилија Златкова Анастасова досега ги издала книгите „Волшебното синџирче" за деца и млади, „Нов ден, нова песна" поезија, „Поглед кон невидливото" збирка драми.„Близнаци" роман за возрасни и „Детето во снегот" збирка раскази овие два издадени минатата година. В.д директорката на велешката библиотека Гордана Васковска им ја препорача на читателите да ја купат најновата книга „Неверство" на Емилија Златкова Анастасова од издавачката куќа „Полица" или да ја позајмат од велешката библиотека каде се наоѓаат и останатите нејзини книги.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: Европа штотуку се согласи веднаш да ослободи огромни количества дизелТрамп ја објави одлуката на социјалните мрежи без да прецизира кои земји ќе ги ослободат резервите или за кои количества станува збор.Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Европа се согласила „веднаш“ да ослободи дел од своите резерви на дизел, додека тој и неговата Републиканска партија се соочуваат со притисок да реагираат на вртоглавиот раст на цените пред ноемвриските избори за Конгресот. Трамп ја објави одлуката на социјалните мрежи без да прецизира кои земји ќе ги ослободат резервите или за кои количества станува збор. „Европа штотуку се согласи да ослободи огромно количество од своите големи резерви на дизел гориво. Процесот ќе започне веднаш“, напиша тој. Опаѓање на популарноста на Трамп и раст на цените на горивото Популарноста на претседателот опаѓа бидејќи војната со Иран и неговите трговски конфликти ги зголемуваат цените на нафтата и другите суровини во САД. Цените на горивото во САД и во странство нагло пораснаа за време на осуммесечната војна, а Трамп постојано изјавуваше дека плаќањето на таква цена е оправдано за да се спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје. Трамп тврди дека цените ќе паднат штом ќе заврши војната, иако засега не се гледа крај на конфликтот. Просечната цена на галон (3,785 литри) дизел во САД денес изнесуваше 6,37 долари, според податоците на Американската автомобилска асоцијација (AAA), откако на 22 септември достигна рекордно ниво од 6,52 долари. Одржани серија состаноци Трамп разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон – кој моментално претседава со Г7 – за потребата да се решат проблемите со растот на цените на горивото и достапноста на нафтените деривати. Потоа, Макрон претседаваше со видеоконференција на лидерите на Г7 за да се разговара за ова прашање. Новите информации доаѓаат откако земјите од Европската унија денес разговараа за француски предлог според кој европските земји би ослободиле 50 милиони барели дизел од стратешките резерви, додека членките на Меѓународната агенција за енергетика би ослободиле дополнителни 50 милиони барели сурова нафта. Трамп ја оцени својата работа на полето на економијата со највисока оценка (А+) Новата анкета на „AP-NORC“ покажа дека мнозинството возрасни Американци го сметаат Трамп за одговорен за високите цени, додека поддршката за начинот на кој тој ја води економијата падна на ново најниско ниво. Трамп е сè повеќе фрустриран од она што го доживува како несовпаѓање меѓу неговите постигнувања и начинот на кој јавноста ја оценува неговата работа. Оваа недела тој на својата работа на полето на економијата си даде оценка „А+“, но нагласи: „Исклучително лошо стоиме со промоцијата.“Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШто може да очекуваме по посетата на Урсула фон дер Лајен во Македонија?Дали најавата за активен дијалог со Софија може да резултира со некаков епилог во македонските евроинтеграции, може ли да се потпреме на европско посредништво, колку Унијата е подготвена да го оживи процесот во наша корист?На овие прашања по посетата на Урсула фон дер Лајен побаравме одговори од политичкиот аналитичар Петар Арсовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната неделаПо даден совет од претседателката на Европската Комисија - Урсула фон дер Лајен ќе се иницира билатерална средба меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија следната недела во Софија. Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со фон дер Лајен, според која тоа е неопходно за да се придвижи дијалогот, а уставните измени остануваат клучен чекор. -Се договоривме да го направиме првиот нов чекор следната недела, да се обидеме да го одблокираме процесот, всушност да го претвориме во процес, тоа е најважниот дел. Сега има само еден клучен чекор кој треба да го превземете за да можете да се придвижите напред. Знам колку е ова чуствително, но сакам да бидам јасна околу она за што се залага Европа. Ние и посакуваме добредојде на С.Македонија со нејзиниот јазик и идентитет.- Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европска Комисија -Не бараме од Унијата да завземе страна, бараме да помогне во создавање услови за оддржливо европско решение во кое договореното ќе биде јасно, обврските ќе важат за сите а процесот на пристапување нема повторно да биде отворен за нови билатерални условувања. // Јас веднаш побарав од министерот (Муцунски) да испрати дипломатска нота да побара време за средба и состанок со неговата колешка.- Христијан Мицкоски, претседател на Влада Македонија засега не добива патоказ како останатите четири земји кандидатки бидејќи е со блокиран пат, односно тие веќе се длабоко навлезени во преговарачкиот процес. -Во моментот кога ќе ја деблокираме ситуацијата тука, моето лично мислење е дека можеме да бидеме мошне брзи со Македонија затоа што веќе интензивно работиме на реформите коишто се неопходни. Да, се уште има работа, но импресивно е она што досега го имате направено. Сега се фокусираме многу за да деблокираме, за да можеме потоа да дојдеме со патоказ и во Македонија.- Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европска Комисија Премиерот Мицкоски укажа дека земјава ги исполнува своите реформски обврски но очекува европскиот пат да е фер и базиран на правила, а дијалогот со Бугарија да се одвива во добра волја, меѓусебно почитување и без нови условувања, барања и толкувања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter