Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
Шоу бизЕмили Ратајковски обвини фотограф за сексуално злоставување:Ме болеше! Емили Ратајковски го обвини фотографот Џонатан Ледер за сексуална напад врз неа за време на снимањето во неговиот дом во Катскилс во 2012 година. Тој ги негира обвинувањата.Во долгиот есеј објавен вчера од NY mag, 29-годишната манекенка и актерка напиша дека агентот ја испратил на неплатено снимање за списанието Дариус во домот на Ледер, а таму требало и да спие. Кога дошла кај Ледер, Ратајковски открила дека ќе ја снима во долна облека, а за да изгледа зрело, прифатила чаша црвено вино што и ја понудил фотографот. View this post on Instagram I’ve been working on a collection of essays for the past year and couldn’t be more thrilled that @nymag has published “Buying Myself Back”. This is an extremely personal piece about image, power and consent. Thank you to the entire New York magazine team for this opportunity and all of their support. Link in my bio. A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on Sep 15, 2020 at 5:40am PDT "Ме научија дека е важно да изгледам вредно и опуштено. Агентот постојано ми велеше:" Никогаш не знаеш со кого ќе снимаш после тоа", напишала Ратајковски. По снимањето во долна облека, фотографот, наводно, и рекол: „Ајде да пробаме сега без облека“. "Само што се соблеков, дел од мене згасна. Почнав да лебдам, гледав како се враќам во кревет. Застанав свртена со грбот, ги стиснав усните, размислував како гледам во камерата. Блесоците беа толку силни и пиев толку многу вино, што црните дамки пред моите очи стануваа се поголеми “, напиша таа. Кога шминкерката заспала, Ратајковски признава дека се чувствувала многу будна, но и „многу, многу пијана“. Таа и Ледер се покриле со ќебе на каучот, а таа тврди дека тој потоа започнал да ја испрашува за нејзините момчиња и и ги триел нозете за да се стопли. View this post on Instagram Birthday 🤍🙏♊️ A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on Jun 11, 2020 at 7:42am PDT "Тој рече дека му се допаѓа тоа што го правам со нозете, јасно се сеќавам на тој момент. Мразев што тој коментираше за нешто што го правев за да се утешам. Повеќето од тоа подоцна ми беше магла, освен како се чувствував. Не се сеќавам дали се бакнувавме, но се сеќавам на неговите прсти одеднаш внатре во мене. Беше се посилен и посилен, ги туркаше како никој никогаш претходно да не ме допрел, ниту од тогаш. Навистина ме болеше.“, напишала таа. Фотографиите што биле направени во тоа време, ги објавил Ледер во книгата „Ледер / Ратајковски колекционерско издание“ од 2016 година, а таа тврди дека издавачот „ Imperial Publishing“ немале право да ги користат тие фотографии. Портпаролот на издавачката куќа вчера изјави дека нејзините обвинувања се лажни. View this post on Instagram ☁️ A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on Apr 13, 2020 at 2:09pm PDT "Ние сме длабоко потресени од последните (лажни) обвинувања на г-ѓа Ратајковски, кои ги упати во Њујорк магазин во желба за публицитет. Г-дин Ледер ги негира нејзините тврдења дека била" малтретирана ". Гротескно е тажно што е толку одмаздољубива што рутински лаже пред новинарите", рече портпаролот.. Ледер исто така негираше сè, велејќи дека нејзините обвинувања се „премногу ефтини и детски“. "Дали сте свесни за кого зборуваме? Таа девојка во тоа време беше гола во магазинот „Treats!" и скокаше гола во видеото на Робин Тик. Дали навистина сакате некој да верува дека таа е жртва?" изјави тој за Њујорк магазин. Неговиот портпарол тврди дека Ратајковски знае дека нема законска основа да се запре објавувањето на фотографиите и затоа го обвинил за сексуално злоставување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter