Емили Ратајковски објави дека е во врска со поранешниот на Дуа Липа и Рита Ора (ФОТО) - Канал 5

Емили Ратајковски објави дека е во врска со поранешниот на Дуа Липа и Рита Ора (ФОТО)

Манекенката и авторка Емили Ратајковски ја потврди својата врска со францускиот режисер Ромен Гаврас во објава на Инстаграм.

Емили Ратајковски објави дека е во врска со поранешниот на Дуа Липа и Рита Ора (ФОТО)

Таа сподели серија фотографии на кои позираат заедно, вклучувајќи една направена на улица покриена со снег во Њујорк.

Двојката за прв пат беше видена заедно во јавноста минатиот ноември, кога фотографите ги фатија како разменуваат нежности за време на прошетка.

Францускиот режисер Ромен Гаврас е познат и на јавноста по своите врски со пејачките Дуа Липа, со која беше во 2023 година, и со Рита Ора. Во меѓувреме, Липа е верена со актерот Калум Тарнер, а Ора е во брак со режисерот Таика Ваитити.

„Никогаш порано не сум била сама“

Ратајковски претходно беше во брак со филмскиот продуцент Себастијан Бер-Меклард, од кого се разведе во 2022 година. Кратко по разделбата, во интервју за Харперс Базар во ноември 2022 година, таа зборуваше за тоа како се прилагодува на самечкиот живот.

„Никогаш порано не сум била сама во мојот живот“, призна таа во тоа време. „И чувствувам сè. Чувствувам лутина и тага, но и возбуда, радост, леснотија. Секој ден е различен. Единственото добро нешто во врска со сè е што знам дека ги доживувам сите овие чувства, а тоа ми дава надеж дека на крајот ќе бидам добро.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Облачно со повремени врнежи од дожд и температура до 12 степени

Според УХМР времето денес ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 20 l/m² за 24 часа). 

Облачно со повремени врнежи од дожд и температура до 12 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на циклонска активност во деновите од викендот времето ќе биде облачно и врнежливо. Во сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа). Поради продор на постуден воздух од север врнежите ќе бидат од дожд и снег во некои од пониските, а на повисоките места и на планините од снег. На планините ќе се формира нова снежна покривка до 20 сm, а помала покривка (2 до 10 сm) се очекува да се формира и на повисоките места. Во недела кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Од понеделник времето ќе биде стабилно и студено.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 27. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за петок, 27. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 27. ноември 2026 година

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Без оглед што вовашиот сегашен однос недостига емотивност , ќе успеете на паметен начин да ја подобрите вашата врска.

Кариера

Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние работи на кои сте навикнати , ќе ви причинуваат извесна тешкотија.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Пред вас е ден во кој ќе се мешаат пријатни ситуации нешто сосем неочекувано , што спаѓа во фантазирање. Балансирајте.

Кариера

Ако сте решени да делувате од сенка , денеска е ден во кој на таков начин може да постигнете завидни успеси.

Здравје и совет

Чудни сништа ќе ве збунат.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете разиграни и подготвени за палавости.Доколку вклучите и хумор , ќе направите добра забава.

Кариера

Денеска ќе ви стане јасно колкав е капацитетот на она што ви се случува. Ќе нема крај.

Здравје и совет

Подобрување.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денешниот ден ќе ве поттикне веројатно на многу добри дела и попустливост кон партнерот.

Кариера

Секогаш сте го ценеле она што ќе го направите со свои раце. Денеска ќе покажете необичен талент , што бара прецизност во рацете.

Здравје и совет

Ќе бидете здрави и исполнети со среќа.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Влегувате во подобар љубовен период.Ќе забележите според се подобриот однос со партнерот или со блиските луѓе воопшто.

Кариера

Не ги форсирајте своите ставови дури и кога сте во право.Попаметно е да почекате додека и на другите им стане јасно.

Здравје и совет

Чувајте си го грлото.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Оние кои не се сигурни како да се однесуваат со саканата личност , нека го прашаат најдобриот пријател/ка за совет.

Кариера

Иако вашите заслуги се видливи , не се толку стабилни , па сепак денеска може да се повикате на нив и да продолжите понатаму.

Здравје и совет

Успешно се справувате со нервозата.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Многумина денеска ќе откријат што значи да се биде целосно среќен. Не само што ќе сакате и ќе бидете сакани , туку тоа ќе го раширите и на околината.

Кариера

Следува успешна соработка со лица кои се духовити , забавни , млади и креативни. Истото важи и за таквите работи.

Здравје и совет

Сосема сте здрави.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска ќе се покажат вашите скриени чувства .Ќе бидете малку збунети , но и ќе ви биде пријатно.

Кариера

Се чини како да ви се отвораат некои нови деловни можности за кои до сега не сте биле свесни. Размислете на мира за нив.

Здравје и совет

Никаде не треба да брзате.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Како што ќе минува денот , ќе забележувате дека вапиот приватен живот добива нов сјај и се враќа во рамнотежа.

Кариера

Ќе ги занемарите мислите за работата , зашто денеска ќе ви донесе денот убави искуства во други области.

Здравје и совет

Ќе ви недостига сила , штедете се.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и партнерот, денеска ќе се однесувате доста неурамнотежено.

Кариера

Додека размислувате за работата , се појасно е дека пред вас се отвора пат за нови успеси и напредувања.

Здравје и совет

Потребен ви е одмор.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Во големите и во малите љубовни амбиции ќе се водите од својот внатрешен глас и ќе го постигнете посакуваното.

Кариера

Наеднаш би можела да се појави можност за деловна соработка со пријатели .Станува збор за работа поврзана со естетика.

Здравје и совет

Можен е преубав сон.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои од вашите соработници би можел денеска да ви го покаже своето нежно лице или чувства кон вас.

Кариера

Може да се каже дека ова ден за убави намери , искрени деловни мислења и добра соработка доколку не ги форсирате работите.

Здравје и совет

И натаму одмарајте се редовно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристо Никовски и Александар Трајановски во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Ристо Никовски и Александар Трајановски

 Ристо Никовски и Александар Трајановски  во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер