Ема Стоун најубава позната жена во светот, според „Златниот пресек“ - Канал 5

Ема Стоун најубава позната жена во светот, според „Златниот пресек“

Ема Стоун е најубавата позната жена во светот, според нов труд заснован на древногрчкиот „Златен сооднос на убавината“, којшто ја мери „физичката совршеност“. 

Ема Стоун најубава позната жена во светот, според „Златниот пресек“

Имено, „оскаровката“ од филмовите „Бедни суштества“ и „Ла-ла-ленд“, според наводите, има речиси совршен профил на лицето - 94,72 отсто од „Златниот пресек“, објави „Дејли мејл“ (Daily Mail).

- Ема Стоун е јасен победник кога сите црти на лицето беа мерени во однос на физичката совршеност, објасни д-р Џулијан де Силва, кој го води британскиот Центар за напредна козметичка и пластична хирургија на лицето во Лондон. - Сосем нови техники на компјутерско мапирање ни овозможуваат да решиме некои од мистериите за тоа што го прави некого физички убав, а технологијата е корисна при планирање операции за пациенти, објасни тој.

Глумицата доби највисок резултат за веѓите меѓу своите „сопернички“ на топ-10 листата (94,2 отсто).

- Натаму, таа има речиси совршена вилица со резултат од 97 отсто и убаво пропорционални усни со резултат од 95,6 отсто, објасни докторот.

На списокот познати убавици се најдоа и Зендаја, Фрида Пинто, Ванеса Кирби, Џена Ортега, Оливија Родриго, Марго Роби, Ајшварја Рај Бачан, Танг Веј и Бијонсе Ноулс.

„Златниот пресек“ е математичка равенка осмислена во антиката и претставува обид да се измери блискоста и далечината до „совршената убавина“ кај еден човек. Ја користел и италијанскиот ренесансен уметник Леонардо да Винчи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Орбан гостин во Гуча на фестивалот на трубачи (ВИДЕО)

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, летниот одмор деновиве го минува во Гуча, србија, каде што се одржува 65-тиот собир на трубачи.

Орбан гостин во Гуча на фестивалот на трубачи (ВИДЕО)

Присутните биле изненадени од ненајавениот гостин, кој го опишуваат како обичен, без дистанца, насмеан, опуштен и подготвен да ужива во скара и пиво.

Српските медиуми објавија и видео на кое се гледа дека Орбан не одбива да прави селфи слики со посетителите и мирно шета по улиците, без видливо обезбедување.

Орбан беше премиер 16 години, пред да ги загуби изборите во април годинава од Петар Маѓар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нагасаки одбележа 81 година од атомското бомбардирање

Во Нагасаки денеска се одржа комеморација по повод 81-годишнината од американското атомско бомбардирање на градот.

Нагасаки одбележа 81 година од атомското бомбардирање

Во 11.02 часот по локално време, присутните оддадоа минута молчење во чест на жртвите. Токму во тој час на 9 август 1945 година американски бомбардер фрлил атомска бомба врз Нагасаки.Градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки, во декларацијата за мир порача дека нуклеарното оружје не е „нужно зло“, туку „апсолутно зло“ кое не може да коегзистира со човештвото.

Јапонската премиерка Санае Такаичи порача дека земјата останува посветена на трите ненуклеарни принципи и дека ќе продолжи со „реални и практични“ напори за создавање свет без нуклеарно оружје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран објави снимка од Хамнеи, но непознато е кога и каде е направена

Иранската агенција „Мехр“ објави нова снимка на врховниот лидер на Иран, Модџтаба Хамнеи, во момент кога сè погласни се шпекулациите за неговата здравствена состојба.

Иран објави снимка од Хамнеи, но непознато е кога и каде е направена

На краткото видео, кое „Мехр“ го објави на „Телеграм“ и на својата официјална веб-страница, Хамнеи разговара со група луѓе.

Агенцијата не соопшти кога и каде е направена снимката, ниту пак ги идентификуваше лицата кои се појавуваат со него.

Снимката е објавена откако во медиумите и на социјалните мрежи се појавија тврдења дека Хамнеи бил хоспитализиран и дека неговата здравствена состојба е сериозна. Хамнеи беше избран за врховен лидер во март годинава, откако во воздушен удар беше убиен неговиот татко и неколку членови на семејството, а од тогаш воопшто не се појавил во јавност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер