Елверум прв противник на Металург сезонава во Лигата на шампионите - Канал 5

Елверум прв противник на Металург сезонава во Лигата на шампионите

Македонскиот вицепрвак Металург новата сезона од ракометната Лига на шампионите ќе ја почне со натпреварот во сабота на домашен терен против норвешкиот шампион Елверум.

Елверум прв противник на Металург сезонава во Лигата на шампионите

Овие два тима и лани беа дел од ова натпреварување и играа во истата група. На дуелот во Скопје беше 22:19 за Металург, додека Елверум победи пред своите навивачи со 29:23.

На денешната прес-конференција во пресрет на дуелот тренерот Лино Червар ги искажа своите очекувања.

- На стартот од Лигата на шампионите ќе играме против „познат противник“. Но, екипата на Елверум има промени во однос на лани. Нивниот главен квалитет е високата одбрана, а ние ќе мора да се обидеме да играме широко и да ја развлечеме. Треба да внимаваме на нивниот брз центар и на нивната транзиција, секако и не смееме да имаме падови во играта. Нашата екипа е младата и по тоа сме единствени во Европа. Очекуваме да бидеме барем еден чекот во плус во однос на ланската сезона, рече Червар.

За саботниот натпревар во Металург нема да може да смета на повредените Немања Обрадовиќ и Стефан Дрогришки, додека за разлика од дуелот од СЕХА лигата се очекува настап на македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски.

Капитенот Филип Талески побара помош од публиката.

- Ова ќе биде дуел со познат противник. Ние сме желни за докажување и за борба. Со максимална ангажираност и со помош од публиката можеме да стигнеме до првата победа што би било одлично, рече Талески.

Натпреварот Металург – Елверум се игра в сабота со почеток во 17:30 часот во „ВИП Арена“ во СЦ „Борис Трајковски“, а натпреварот ќе го судат Фабиан Баумгарт и Саша Вилд од Германија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен сообраќаен режим денеска низ Скопје поради концертот на Дејвид Гета

Посетителите на музичкиот настан што денеска ќе се одржи во Националната арена „Тодор Проески“ треба да очекуваат отежнато одвивање на сообраќајот во околината на објектот.

Посебен сообраќаен режим денеска низ Скопје поради концертот на Дејвид Гета

Концертот е закажан за 19 часот, а поради очекуваниот зголемен број посетители, полициските служби ќе воведат посебен режим на сообраќај на улиците и приодите кон Арената, како и на дел од булеварот „Илинден“.

Од СВР Скопје информираат дека сообраќајните мерки се преземаат со цел да се обезбеди безбедно пристигнување и заминување на посетителите, но и непречено одвивање на сообраќајот за останатите учесници.

На граѓаните кои планираат да се движат во овој дел од Скопје им се препорачува навреме да ја испланираат својата маршрута и да предвидат дополнително време за патување.

Возачите се повикуваат да ги почитуваат насоките на полициските службеници, поставената сообраќајна сигнализација и да покажат дополнителна внимателност и трпение за време на траењето на посебниот режим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!

Премиерот Христијан Мицкоски со видео од убавините на нашата земја им го честита на граѓаните големиот празник, Денот на независноста на Македонија. 

Мицкоски: Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!

„Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!“

На својот ФБ профил премиерот објави видео со убаините на Македонија по повод 35 години независност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Честит 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија

По повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија и 35 години од независноста, Движењето ЗНАМ за наша Македонија упатува искрени честитки до сите граѓани на Македонија.

ЗНАМ: Честит 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија

Пред 35 години, со референдумот на 8-ми Септември 1991 година, народот ја потврди својата историска одлука – да живее во суверена, самостојна и независна држава.

Денес, 35 години подоцна, независноста е наша чест, но и наша обврска.

Обврска да ја чуваме државноста, да го браниме достоинството и да создадеме Македонија во која секој граѓанин ќе има сигурна иднина и еднаква можност за успех.

Македонија е наша татковина.

Независноста е наше наследство.

Иднината е наша заедничка обврска.

Да продолжиме заеднички да ја градиме силна, стабилна, достоинствена и европска Македонија.

Честит 8-ми Септември!

Честити 35 години независна Македонија!

Движење ЗНАМ за наша Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер