Елтон Џон со остри критики за Брегзит: Тоа е катастрофа за младите британски музичари - Канал 5

Елтон Џон со остри критики за Брегзит: Тоа е катастрофа за младите британски музичари

Музичарот Елтон Џон предупреди на изгубената генерација во британската музичка индустрија поради зголемените трошоци за организирање концертни турнеи низ Европа поради излегувањето на Британија од ЕУ.

Елтон Џон со остри критики за Брегзит: Тоа е катастрофа за младите британски музичари

Џон е еден од музичарите, заедно со Ед Ширан и Роџер Вотерс, кои во јануари потпишаа писмо во кое го критикуваат договорот за Брегзит.

„Во моментов сме во ситуација да ја изгубиме генерацијата талентирани поради огромните пропусти во трговскиот договор на владата“, напиша Џон на Инстаграм.

Договорот меѓу британската влада и ЕУ, кој стапи на сила на почетокот на годината, веќе не гарантира дека британските музичари може да патуваат без визи. Џон минатиот месец разговарал за тоа со министерот за Брегзит, Дејвид Фрост.

„Новите и младите уметници нема да можат слободно да патуваат низ Европа, што е клучен дел од нивното образование и развој, поради високите цени на визите, ATA карнетите и разните дозволи“, напиша Елтон.

„И покрај претстојната катастрофа, се чини дека владата не е во можност или не сака да го поправи проблемот и се грижи да ја обвини ЕУ, наместо да најде начин за излез од нередот“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: До 30 септември училишен прибор по пониски цени од 10 до 15%

До 30 септември училишен прибор по пониски цени од 10 до 15%,Владата трета година по ред со училишна кошничка на почеток на учебната година

ВМРО-ДПМНЕ: До 30 септември училишен прибор по пониски цени од 10 до 15%

Со почетокот на новата учебна година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор. Мерката ќе трае заклучно со 30 септември годинава.

Трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените за најмалку 10%, додека трговците на мало за најмалку 15%. Оваа мерка опфаќа широк спектар производи неопходни за учениците како ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелин, теста за моделирање, фломастери, линијари и дидактички материјали.

Ова е трета година по ред како Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, воведува училишна кошничка пред почетокот на учебната година, со цел да им го олесни месец септември на родителите, да ги заштеди семејните буџети и да го заштити животниот стандард на граѓаните. Заштедата е од особено значење за семејствата со повеќе од едно дете.

Со оваа мерка, целта е родителите да им го обезбедат потребниот училишен прибор по пониски и попристапни цени, а септември да биде момент на радост и подготовка за новата учебна година.

Со вакви конкретни мерки, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики кои носат директна корист за граѓаните и придонесуваат кон заштита на животниот стандард.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Леао во Галатасарај?

Клубовите постигнаа договор за висината на трансферот .

Леао во Галатасарај?

Италијанскиот фудбалски великан Милан и турскиот гигант Галатасарај постигнаа усмен договор за условите за трансфер на португалскиот крилен напаѓач Рафаел Леао во турскиот клуб.

Се очекува договорот да изнесува 45 милиони евра, плус дополнителни бонуси со кои би се зголемила вкупната вредност.

Преговорите продолжуваат денес. Конечната одлука зависи и од самиот играч. Интерес за него покажува и Астон Вила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Руски државјанин прегази пешаци во Франција,еден загинат, десет повредени

Едно лице загина, а десет други се повредени синоќа во францускиот град Кан, откако возач намерно со автомобил удри во пешаци пред железничката станица. 

Видео: Руски државјанин прегази пешаци во Франција,еден загинат, десет повредени

Локалните власти го потврдија инцидентот во северна Франција, пренесува Ројтерс.

„Последиците се тешки. Имаме еден загинат; седум лица се во критична состојба, а тројца се сериозно повредени, но не им е загрозен животот“, изјави за новинарите Давид Клавиер, префект на департманот Калвадос.

Префектот потврди дека возачот бил уапсен кратко по нападот. Според достапните информации, мажот е роден во Русија и претходно не им бил познат на разузнавачките служби. Мотивите на напаѓачот засега остануваат непознати.

Во тек е полициска истрага која опфаќа детална анализа на снимките од безбедносните камери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер