Елтон Џон бара посилна заштита на авторските права од вештачката интелигенција - Канал 5

Елтон Џон бара посилна заштита на авторските права од вештачката интелигенција

Легендарниот пејач Елтон Џон вети дека „нема да попушти“ во барањето до британската влада да ги зајакне заштитите на авторските права кога моделите на вештачка интелигенција (ВИ) користат содржини од уметници.

Елтон Џон бара посилна заштита на авторските права од вештачката интелигенција

Британската влада постојано одбива измени на предлог-закон за зајакнување на заштитата на креативниот сектор, што критичарите го сметаат за премногу слаб.

Елтон Џон, кој во средата ја доби наградата „Шампион на креативците“ на настанот Global Power Players на Billboard, е меѓу стотиците уметници што изразија загриженост за неовластеното користење на заштитени дела од страна на компаниите за ВИ.

Во објава на Инстаграм, 78-годишниот пејач ја истакна важноста на поддршката за новите британски уметници и повика на поголема транспарентност во управувањето со авторските права.

„Администрирањето на авторските права мора да биде транспарентно и да има целосна дозвола од уметникот. Овие принципи се темел на нашата индустрија и мора да бидат вклучени во законот за податоци“, напиша тој.

Џон нагласи дека уметниците не се против ВИ или големите технолошки компании, туку бараат соработка со владата. „Нема да попуштиме и нема тивко да исчезнеме. Ова е само почеток“, додаде тој.

Продолжува вжештената реторика меѓу Македонија и Бугарија – барањата за извинување засега само желба

Откако си разменија барања за извинување, но ниту една страна не се извини, Скопје и Софија ја продолжуваат заострената реторика. 

Продолжува вжештената реторика меѓу Македонија и Бугарија – барањата за извинување засега само желба

Премиерот Мицкоски цени дека со последните случувања, ЕУ загубила дел од својот имиџ и прашува, до кога ќе има трпение со источниот сосед. Обвинува дека целта на Бугарија е асимилација на македонскиот народ, по примерот, како што вели, на Русија во Украина..

-Целта на бугарските политичари во ништо не се разликува од онаа цел која што ја има руското раководство во Украина, а тоа е обид за асимилација на македонскиот народ и еден вид идентитетски инжењеринг кој што навистина, најмалку што треба да се случува во 21 век во Европа и тоа од земја членка на ЕУ, која треба да споделува европски вредности.Сите успеаја да видат и добро е што сите знаат која е крајната цел дека не се неколку стотини македонски граѓани да бидат дел од Уставот, туку таа е многу подлабока и многу поопасна и за самата Европа и на тој начин и ЕУ го губи делот од својот имиџ и не знам до кога ќе има трпение за ваквото однесување на нашиот источен сосед. - Христијан Мицкоски – Претседател на Влада

Од Софија продолжуваат истите пораките дека патот на Македонија кон ЕУ води преку Бугарија.. Првиот човек на бугарскиот тим историчари и поранешен амбасадор во Скопје – Ангел Димитров вели дека владата во Македонија копа се подлабоко во бесмислен ров во односните со Бугарија, од кој според него многу тешко ќе се излезе.

-Европскиот пат на Скопје минува преку Софија, бидејќи Софија во моментов е рамноправна со Брисел. Софија е дел од ЕУ, па затоа не може да се избира. Ако некој мисли дека нивниот пат минува низ Белград или преку Будимпешта, очигледно се лаже. Проблемот е што државното раководство сака да биде дел од ЕУ, но по свои сопствени правила. - Ангел Димитров – Претседател на бугарската историска комисија

Откако бугарскиот претседател – Румен Радев, непосредно пред гласањето на извештајот за Македонија испрати писмо до сите европски челници жалејќи се на вметнувањето на македонскиот јазик и идентитет во извештајот, го доби и првиот одговор од претседателката на ЕП – Роберта Мецола. Таа во него истакнува дека парламентот е свесен за посветеноста на Македонија кон европската интеграција, но ја охрбри земјава да продолжи со реформите, особено неспроведените уставни измени во однос на заштита на бугарското малцинство.

Пред два дена македонското МНР побара извинување од Софија за изјавите на шефот на бугарската димпломатија Георгиев, а вчера премиерот Жељазков лично од Мицкоски за изјавата за лавот и глушецот.

ОЈО бара притвор за лицето кое физички ја нападна Арсовска, мерки за претпазливост за вториот осомничен

Две лица се осомничени за кривично дело Насилство по вчерашниот инцидент во Чаир кога градоначалничката на Скопје Данела Арсовска беше физички нападната а МВР поднесе кривична пријава. 

ОЈО бара притвор за лицето кое физички ја нападна Арсовска, мерки за претпазливост за вториот осомничен

Две лица се осомничени за кривично дело Насилство по вчерашниот инцидент во Чаир кога градоначалничката на Скопје Данела Арсовска беше физички нападната а МВР поднесе кривична пријава. Од Јавното обвинителство информираа и дека до скопскиот Кривичен суд доставиле предлог на едно од лицата да му се определи притвор поради опасност од бегство и ризикот да го изврши делото со кое и се заканувал. За вториот осомничен се побарани полесни мерки на претпазливост.

-Првоосомничениот вчера се заканувал и физички ја нападнал градоначалничката на Скопје, која заедно со вработени во градските служби, по претходна пријава, излегле да извршат вонреден надзор на нелегален објект во градба на улицата “Севастополска”. Тој се претставил како сопственик на објектот во градба, па почнал грубо да ја навредува, да и се заканува, по што и физички ја нападнал.

Кога изреагирале останатите вработени во градските служби и припадниците на МВР и го тргнале првоосомничениот, со закани продолжило и второосомниченото лице. Со чинот на насилство двајцата осомничени во јавноста и кај другите присутни лица предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв, велат од обвинителството.

Од МВР пак најавија дека по безбедносна проценка на АНБ на скопската градоначалничка Арсовска ќе и биде обезбедена 24-часовсна полициска заштита со цел да ѝ се обезбеди лична сигурност и непречено извршување на нејзините обврски. Оттаму потврдија дека ја доставиле кривичната пријава до ЈО за вчерашниот инцидент но и ги отфрлија обвинувањата дека не постапувале во случаите поврзани со градоначалничката.

-Во однос на последните настани поврзани со г-ѓа Арсовска, МВР посочува дека и покрај тоа што таа во повеќе наврати јавно комуницира за закани преку социјалните мрежи, институцијата постапува по сите добиени информации било по службена должност, било по официјална пријава согласно законот и воспоставените процедури. Министерството за внатрешни работи најостро ги отфрла сите обвинувања дека не постапува во случаите поврзани со г-ѓа Арсовска. -МВР

Премиерот Христијан Мицкоски денеска не сакаше да ги коментира случувањата со Арсовска и ги повика институциите да постапат.

-Државата има институции, ги повикувам да постапуваат за случајот. Што се однесува за градоначалничката на Скопје, многу работи се кажани, не би имал што да додадам. – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада

Од опозициската СДСМ пак побараа оставка од министерот за внатрешни Панче Тошковски.

-Инцидентот вчера и срамното непостапување на МВР и Тошковски, беше порака до секој што ќе се осмели да зборува за криминал, да покаже злоупотреби, да посочи корупција. Вчерашниот настан е порака до секој судија, секој обвинител, секој државен службеник или граѓанин да не се осмели да го чепне криминалот на власта. Ова е порака дека секој кој ќе им ги орткрие кримииналите може да биде следниот. Ова е систем на страв и закани кој доаѓа директно од власта. – Богданка Кузеска – Портпарол на СДСМ

Владејачката ВМРО ДПМНЕ пак одговори дека СДСМ само во три случаи излегува во јавност за Арсовска.

-Првиот кога ја напаѓаше дека таа е неспособна и има бугарско државјанство. Вториот случај, кога во опозиција ја користеше за напаѓање на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. И третиот случај, кога заедно со Бугарите ја брани Данела.- ВМРО ДПМНЕ

Инцидентот со скопската градоначалничка се случи вчера попладне во близина на полициската станица во Чаир. Арсовска тврдеше дека при увид на дивоградба најпривин добила закани по нејзиниот и живото на нејзиното семејство а потоа и физички била нападната со удари со клоци додека полицајците кои биле присутни не презеле ништо по што замина во болница. Министерот Тошковски пак во телевизиско гостување негираше дека инцидентот се случил пред очите на полицијата и дека ништо не презела, фактичката состојба рече дека ќе се утврди за да не излезе како што рече оној што се претставува како жртва е можеби оној кој предизвикал физички напад.

YouTube video

Зеленски: Продолжуваат испораките на оружје од САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека добил ветување дека Украина ќе добие нови испораки на оружје од САД и европските сојузници, јави ДПА.

Зеленски: Продолжуваат испораките на оружје од САД

Според сите извештаи, суспендираните испораки на оружје се обновени, рече зеленски. ДПА пренесува дека разговорите за продолжување на воената поддршка се планирани за следната недела, меѓу другите, и со американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог. Русија во текот на ноќта започна жесток бран напади со беспилотни летала и ракети врз западна Украина, гаѓајќи области далеку од линијата на фронтот, соопштија утринава украинските медиуми и официјални лица.

притисни ентер