Петрушевски: Филипче прозборе за криминал тежок 37 милиони евра за пратеничка од СДС, го охрабруваме да објави и други вакви случаи
2Петрушевски: Филипче прозборе за криминал тежок 37 милиони евра за пратеничка од СДС, го охрабруваме да објави и други вакви случаи
ЖивотВо трка за градоначалник на Рим девојка создадена со вештачка интелигенција Франческа Џубели е убава инфлуенсерка која им се допаѓа на младите Италијанци, таа е првата кандидатка за градоначалник на Рим создадена со помош на вештачка интелигенција. Оваа иницијатива е промовирана од граѓанската листа „AIxRoma“, односно италијанската алтернатива за Рим, која е игра со зборови бидејќи АИ е акроним за вештачка интелигенција. Франческа е првата италијанска виртуелна инфлуенсерка со сертификат „Мета“, таа го добила името по Франческа на Данте, а нејзиниот изглед е создаден од мешавината на италијанските филмски икони Софија Лорен и Моника Белучи сметаат дел од медиумите. Франческа Џубели, веќе позната на социјалните мрежи по нејзините интервенции поврзани со граѓански, технолошки и културни теми, беше развиена пред две години со идеја вештачката интелигенција да се стави во центарот на политичката дебата. Таа самата ја објави својата кандидатура на своите профили на социјалните мрежи: „Ова не е само дигитален експеримент, туку платформа за активно граѓанство што ќе биде отворена за професионалци, млади луѓе, како и културни и општествени настани кои ќе придонесат за подобра визија за Рим во следните две години“. Нејзините креатори, веруваат дека вештачката интелигенција, доколку се користи на компетентен и етички начин, може да понуди побрзи, пообјективни и ефикасни решенија за јавната администрација, препознавајќи ги потребите на граѓаните и предлагајќи алтернативни решенија засновани на анализа на податоци и повратни информации од корисниците. „Ја создадовме Франческа со намера да ја подигнеме свеста кај нашите граѓани за потребата од вештачка интелигенција. Сакаме да покажеме дека вештачката интелигенција може да ни помогне да ги разбереме потребите на граѓаните и да предложиме конкретни решенија“, истакнал еден од нејзините создавачи Белмонте. Кандидатурата на Франческа веднаш покренала жестока дебата. Од една страна, има оние кои ја гледаат оваа иницијатива како можност за иновации во политиката преку искористување на способноста на вештачката интелигенција да анализира големи количини на податоци и ефикасно и непристрасно да развива предлози. Од друга страна, не недостигаат грижи за етиката и улогата на човечкиот елемент во управувањето со капиталот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаСерафимовски: Го заокружуваме системот за одговорно управување со ловиштатаСерафимовски ја нагласи улогата на Ловечката федерација како економско-социјален партнер на Министерството во креирањето политики за унапредување на ловството.Од вкупно 268 востановени ловишта во Македонија, во постапка за доделување на користење остануваат уште 21, со што се заокружува системот и се утврдува одговорноста за управувањето и одржувањето на секое ловиште, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на свечената академија во Велес по повод 80 години од основањето на Ловечката федерација на Македонија. Тој нагласи дека корисниците преземаат конкретни обврски за заштита на дивечот, унапредување на живеалиштата, воспоставување на функционални ловочуварски служби и примена на високи ловностопански и еколошки стандарди. „Јавно и недвосмислено порачувам дека нема да има компромис со ловокрадството, нелегалната трговија со дивеч и криумчарењето трофеи. Не прифаќаме поединци да остваруваат незаконски профит, а цената да ја плаќаат природата и совесните ловци. Институциите и ловечката заедница ќе дејствуваат заеднички за секоја незаконитост да биде откриена, документирана и санкционирана“, истакна министерот Серафимовски. Осврнувајќи се на осумдеценискиот јубилеј, министерот Серафимовски ја нагласи улогата на Ловечката федерација како економско-социјален партнер на Министерството во креирањето политики за унапредување на ловството, која, обединувајќи заедница од повеќе од 20.000 ловци, овозможува искуствата од ловиштата да стигнат до институциите, а институционалните решенија да одговараат на реалните состојби во природата. „Ќе воспоставиме нови партнерства за обновување на живеалиштата, современо следење на дивечот, стручна обука на ловците и ловочуварите, спречување на болестите и развој на одржлив ловен туризам. Искуствата и финансиските инструменти од европските и регионалните програми ќе ги ставаме во функција на подобро уредени ловишта и посилни локални заедници“, порача министерот Серафимовски. Свечената академија по повод 80 години од основањето на Ловечката федерација на Македонија се одржа во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес, во присуство на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, претседателот на Федерацијата, Влатко Алексовски, како и претставници на ловечките друштва и здруженија, ловци и ловочувари од целата држава.Тагови: Борче Серафимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Филипче прозборе за криминал тежок 37 милиони евра за пратеничка од СДС, го охрабруваме да објави и други вакви случаи Филипче прозборе за криминал тежок 37 милиони евра за пратеничка од СДС, го охрабруваме да објави и други вакви случаи затоа што веруваме дека ги има уште во неговите редови.Венко Филипче деновиве почна да зборува за криминал во редовите на СДС, конкретно пратеничката група. Зошто почна да зборува или од што е охрабрен може само да се сомневаме. Филипче во јавноста излезе со сомнеж за криминал поврзан со пратеничката Славјанка Петровска, поранешен министер за одбрана, а сега дел од платформата 12.05 која иницира промени во СДС. Според Филипче, Петровска потпишала за 37 милиони евра поскап договор за набавка на хеликоптери, откако комисијата донела друга одлука. Внимавајте, ни помалку, ни повеќе Филипче сега открива дека постои сомнеж за криминал тежок 37 милиони евра. Филипче треба да одговори од кога знае за ова, зошто молчел ако сомнежот и информацијата датираат од претходно. Јавното обвинителството пак, без исклучок мора да постапи, односно да отвори предмет за овој сомнеж, а Филипче до истото да достави информации и да биде повикан од обвинител да ги презентира информациите врз кои го основа сомнежот за овој криминал. Го повикуваме Филипче доколку има информации и сомнежи за други вакви случаи да ги пријави, затоа што веруваме дека има уште такви случаи во неговите редови. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМФ: „Стандард и Пурс“ го потврди рејтингот „BB-/B“ со стабилни изгледиЈавните инвестиции и домашната побарувачка го поддржуваат растот.Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Стандард и пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјата ББ- со стабилен изглед. Во најновиот извештај, Aгенцијата оценува дека перспективите за економски раст, умереното ниво на јавниот долг и одржливите трошоци за сервисирање на долгот ги ублажуваат ризиците поврзани со високите фискални дефицити. Агенцијата очекува економскиот раст да достигне околу 3,6% во 2026 и 2027 година, поттикнат од високото ниво на јавни инвестиции и отпорната домашна потрошувачка и покрај негативните економски прелевања од војната на Блискиот Исток, пред сè преку повисоките цени на енергијата. Како клучни двигатели на растот, „Стандард и Пурс“ ја издвојува забрзаната реализација на големите инфраструктурни проекти, особено Коридорите VIII и Xд, кои придонеле за раст на инвестициите од над 9% во првата половина на 2026 година. Слично високо ниво на инвестициска активност се очекува и во втората половина на 2026 година. Растот според Агенцијата дополнително ќе биде поддржан од отпорната приватна потрошувачка, поттикната од подобрувањата на пазарот на трудот, растот на платите и пензиите и зголемувањето на расположливите приходи на домаќинствата. „Стандард и Пурс“ очекува инвестицискиот циклус да продолжи и во наредните години, при што просечниот економски раст во периодот 2027–2029 година се проектира на околу 3,3%. Во делот на јавните финансии, „Стандард и Пурс“ очекува постепена фискална консолидација во периодот 2027–2029 година, при што буџетскиот дефицит во просек би изнесувал околу 3,4% од БДП. Високото ниво на јавни инвестиции, финансирањето на инфраструктурните проекти и обврските поврзани со државните претпријатија според Агенцијата ќе влијае на нивото на долгот кој би бил на ниво од 57% до 2029 година. Истовремено, трошоците за сервисирање на долгот се оценуваат како одржливи. Во извештајот се нотира и непречениот пристап на Владата до меѓународните пазари на капитал, при што се посочува издавањето на две еврообврзници од по 500 милиони евра во јануари 2026 година. „Стандард и Пурс“ посочува дека трајното подобрување на фискалните перформанси, одржливото намалување на нето јавниот долг и посилниот економски раст според Стандард и пурс ќе имаат позитивно влијание на кредитниот рејтинг на земја Агенцијата ја нотира и посветеноста на Владата кон процесот на европска интеграција, кој го оценува како важен двигател на структурните реформи на среден рок. Кредитниот рејтинг на Македонија „Стандард и Пурс“ го оценува двапати годишно. Рејтингот претставува важен индикатор за инвеститорите и меѓународните финансиски пазари при оценката на кредитниот ризик на една земја.Тагови: Министерство за финансии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16