Елен Деџенерис уживала да им дава откази на вработените - Канал 5

Елен Деџенерис уживала да им дава откази на вработените

Приказните за тоа како познатата холивудска добра душа ,Елен Деџенерис ги малтретирала своите вработени предизвикаа голем скандал, а во медиумите постојано се појавуваат нови сведоштва.

Елен Деџенерис уживала да им дава откази на вработените

Ако им се верува на обвинувањата на поранешна вработена, таа не само што продолжила да ги угнетува вработените во студиото, туку и ги малтретирала оние што работеле во нејзината вила.

Поранешната вработена за Дејли Меил тврди дека Елен „уживала да ги отпушта“ поради најмали грешки и наводно им поставувала бизарни стапици за да им ја открие грешката.

Нејзините вработени биле отпуштени поради банални грешки, како што се послужување храна во погрешен сад, оставање на саламура на погрешно место или пената на кафето не била како што мислела дека треба да биде.

Елен, тврди поранешната вработена, дури и поставила стапици. На пример, оставање кутија со кибритчиња во шкаф или под перница за да провери дали чистачите го исчистиле секој дел од просторот.

Вработените, вели таа, ретко останувале кај неа повеќе од неколку месеци, а во една прилика го отпуштила управителот на куќата по само два часа. Мајстори, чистачи и чувари не биле подготвени да прифатат работа кај неа.

"Верувам дека секој ја покажува својата вистинска личност дома. По сè што сте чуле за нејзиното однесување на работа, можете само да замислите како се однесувала дома, каде што никој не ја гледа. Понекогаш ќе ни викаше, но полошо за нас ни зборуваше со понижувачки тон. Се однесуваше кон нас како да не сме никој и ништо. Таа намерно ќе те измачуваше и мораше да ја слушаш затоа што си платена за тоа. Елен е најлошата личност што сум ја сретнала. Таа уживаше да им дава откази на луѓето “, заклучи поранешната вработена.

Патем, откако во јавноста се појавија приказните за тоа како се однесувала кон вработените во нејзината емисија, Елен јавно се извини.

Меѓу другото, таа рече дека и е жал ако ненамерно повредила некого и дека не е злобна, но дека има лоши денови.

"Јас не сум злобна, само сум интровертна. Имам лоши денови, а понекогаш и добри денови. Сега ми е јасно дека персоналот на сетот може да го протолкува тоа на сите видови начини и дека може да испаднам злобна и непријателска", рече Елен.

Да потсетиме, во март започна скандалот што може да ја чини кариера најпопуларната водителка на светот.

На 20 март се појави твит и нејзината внимателно изработена претстава на симпатичен комичар почна да се распаѓа.

Некогаш недопирливата дива на ток-шоу започна борба во виорот на обвинувања за расизам, злоупотреба, сексуално вознемирување и генерално токсична атмосфера што владеела зад камерите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Петар Богојески

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Петар Богојески

„На кавга со Иван“ - Петар Богојески

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колку пати дневно треба да се шета кучето?

Ветеринари откриваат што е најдобро за домашниот миленик

Колку пати дневно треба да се шета кучето?

Особините на вашето куче ќе ви дадат појасен одговор на прашањето колку е доволно.

За многу миленици, прошетката е омилен дел од денот, не постои универзално правило колку често и колку време треба кучето да се изнесе надвор. Потребата од движење зависи од возраста, големината, расата, здравствената состојба на кучето, но и од неговата енергија.

Прошетката е добра за здравјето и расположението на кучето

Редовните прошетки помагаат кучето да одржи здрава телесна тежина, да го зачува здравјето, зглобовите и да поттикне добро варење. Физичките активности му даваат можност да ја истражи околината, да запознае нови мириси и да го посматра светот околу себе. Дури и ако имате двор, тоа не значи дека кучето добива доволно активност. На кучињата им е потребна интеракција со сопственикот.

Колку прошетка е доволно во текот на денот?

На повеќето возрасни кучиња доволни им се помеѓу 30 минути и два часа физичка активност дневно, но точниот обем зависи од нивната индивидуална потреба. Затоа прошетката не треба да се сведе на брзо завршување нужда. На некои кучиња им одговара пократка прошетка, додека активните раси бараат долги прошетки и дополнителна игра.

Малите кутриња допрва развиваат издржливост, па траењето на прошетката треба постепено да се зголемува. Особено е важно да се избегнуваат напорни активности што се повторуваат додека кучето не го заврши развојот, бидејќи може да се зголеми ризикот од проблеми со зглобовите. Кај старите раси, кратките и почести прошетки се подобар избор, со внимателно следење на знаците на умор.

Ни големината на кучето не е единствен показател за неговите потреби. Малите кучиња може да бидат многу активни, додека кај големите раси треба да се обрати внимание на оптоварувањето на зглобовите. Кај кучиња со респираторни и срцеви проблеми, како и кај раси со кратка муцка, планот за активност треба да биде според советот на ветеринарот.

Временските услови исто така се важни. За време на големи горештини избегнувајте напорни прошетки додека е топло, додека при студено време треба да обратите внимание на тресење, непријатност и други знаци. Ако забележите дека тешко дише, оди побавно или се обидува да седне, прекинете ја активноста и проценете дали му е потребна помош.

Како секојдневните прошетки да бидат побезбедни

Овозможете му на вашето куче да истражува нови мириси, па повремено менувајте ја рутата.

Користете цврст поводник и добро прилагоден околувратник, кучето би требало да носи плочка за идентификација со телефонскиот број на сопственикот. Микрочипот исто така е важен за полесно пронаоѓање на миленикот.

Редовните прошетки со доволно време за душкање и заедничка игра придонесуваат за негово подобро здравје и добра ментална стимулација.

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што откриваат научните истражувања за очилата за заштита од сина светлина?

Екраните станаа незаменлив дел од секојдневието. 

Што откриваат научните истражувања за очилата за заштита од сина светлина?

Денот често ни започнува со проверка на мобилните телефони; на работа поминуваме часови гледајќи во компјутерот, а вечерите ги поминуваме пред телевизор или прелистувајќи по социјалните мрежи. Многумина се запознаени со последиците: замор на очите, главоболка, заматен вид и општо чувство на напрегнатост, пренесува „Bored Panda“.

Со оглед на ова, популарните производите кои ветуваат олеснување не се изненадување. Очилата што ја филтрираат сината светлина се претставуваат како едноставно решение, наместо промена во навиките, намалување на времето поминато пред екраните или правење редовни паузи – корисниците можат едноставно да стават очила кои, наводно, го филтрираат проблематичниот дел од светлосниот спектар.

Маркетиншки ветувања и едноставна логика

Производителите ги рекламираат овие очила како решение за непријатноста во очите предизвикана од долготрајна работа на компјутер; некои одат и чекор понатаму, па ветуваат подобар сон и заштита на мрежницата од оштетување. Привлечноста на ваквите очила е разбирлива.

Логиката се чини едноставна: ако екраните предизвикуваат проблем, филтрирањето на нивната светлина би требало да е решението. Сепак, научната основа за овие тврдења е многу посложена отколку што сугерираат маркетиншките пораките.

Што вели науката?

Еден опсежен систематски преглед, објавен во научната база „Кокран“ (Cochrane), ги анализирал постојните клинички испитувања за ефектите од очилата што ја филтрираат сината светлина. Истражувачите го проучувале нивното влијание врз видот, напрегањето на очите, здравјето на мрежницата и квалитетот на сонот.

Наодите од студијата ги доведуваат во прашање маркетиншките тврдења и поттикнуваат дискусија за тоа што реално потрошувачите можат да очекуваат од овие производи, како и дали постојат поефикасни методи за ублажување на тегобите поврзани со екранот.

Анализа на 17 случајно распоредени студии покажала дека леќите што филтрираат сина светлина не го намалуваат значително напорот врз очите или непријатноста за време на користење на екранот. Нивното влијание врз квалитетот на спиењето останува нејасно поради недоследни резултати од истражувањата; па според тоа, во моментов нема цврсти докази дека ваквите леќи го подобруваат сонот.

Понатаму, клиничките истражувања не дале докази дека овие очила ја штитат мрежницата - задниот дел од окото, вклучувајќи ја и макулата - или спречуваат долгорочно оштетување на неа. Што се однесува до несаканите ефекти, тие генерално биле ретки, благи и привремени и почесто биле поврзани со носењето на самите рамки за очила, а не со специјалниот слој на леќите.

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер