Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка
1Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка
3Од почеток почна судењето за „Онкологија 2“ по промена на сдуија: Васев и Нухи повторно негираа вина
АвтомобилизамЕлектричниот пик-ап, едноставно решение само за Европа (ВИДЕО)Неговото име е Оли, но се изговара „all-e“, што значи дека сè е вклучено.Погодувате, само неколку можат да понудат таков неконвенционален концепт. Не, тоа не е Rinspeed, но како што покажува новото лого, тоа е „лабораторија на тркала“ на Citroen. Направен од рециклирани и рециклирачки материјали, Oli е првиот производ со ново лого, а со тоа и со нова филозофија на францускиот бренд. На прв поглед, автомобилот изненадува со својот изглед. Покрај тоа што има форма на пик-ап, разиграниот изглед оди рака под рака со помалиот Ami. Вертикалната шофершајбна, испакнатите светла, вратите кои се отвораат „наопаку“, токму тоа веднаш паѓа во очи. Оли шокира и со дизајнот на самата врата која има превиткување на линијата на стаклото. Бандажите се подеднакво футуристички, со гуми Goodyear Eagle GO. Покривот е покриен со гума и служи како место за одмор. Се разбира, под услов автомобилот да е паркиран, по можност под сенка. Оли шокира уште повеќе во кабината. Тој е малку помал поради задниот бункер за транспорт на товар. Има четири седишта, а сè е направено во инфрацрвена нијанса. Зошто, не се знае, но тоа дефинитивно влијае на искуството на автомобилот. Малиот Оли тежи точно 1000 кг. Одлично со оглед на електричниот погон. Не троши многу, само 10 kWh/100 km, така што неговата батерија од 40 kWh е доволна за опсег од 400 km. Полнењето од 20 до 80 проценти трае точно 23 минути. Не се познати перформансите, но не може да помине над 110 km/h. Oli можеби е концепт кој веројатно нема да влезе во сериско производство. Но, ова не важи за поединечните решенија, идеи и технолошки детали. Идните модели може да ги добијат наскоро. За пофалба бидејќи овој концепт става крај на индустриските трендови на производство на сѐ потешки, посложени и поскапи семејни возила без емисија на штетни гасови, кои се обидуваат да одговорат на денешните предизвици. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банкаДвојните аршини на Филипче и СДС повторно на виделина.СДС и Филипче да беа вака гласни за Еуростандард банка, како што денес се за Алта банка, можеби граѓаните тогаш, немаше да бидат оштетени. Се сеќаваме дека во времето на Филипче и СДС, пропадна Еуростандард банка, која патем, долго време одобрувала кредити без покритие на фирми блиски до Заев. Истата Еуростандард банка во која тогашната министерка за финансии, Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра. Истата Еуростандард банка, за која власта на СДС и тогашното раководство на НБРМ не воведе администрација, туку директно и ја укина работата на банката, за да можат кредитите на фирмите блиски до Заев да пропаднат. Ете затоа им е криво на СДС и затоа работи Фројд кај Филипче. Тоа што вие сте посегале по криминал, ние тоа нема да го направиме. Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеникТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКлековски: Безбедно и одржливо да ги воведеме новите терапии за Паркинсонова и Алцхајмерова болестМинистерот за здравство, Сашо Клековски, денеска се обрати на отворањето на панел дискусијата „Паркинсонова и Алцхајмерова болест: подобар третман за подобар живот“, што се одржа во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје.Невролози и неврохирурзи од Универзитетскиот клинички центар Љубљана и од универзитетските клиники во Скопје разговараа за длабоката мозочна стимулација (DBS) кај Паркинсоновата болест и за антиамилоидните терапии со леканемаб и донанемаб во раната фаза на Алцхајмеровата болест. Се разговараше и за предусловите за нивно воведување во Македонија. „Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест не се само дијагнози. Тоа се години живот, на пациентот и на семејството што се грижи за него. Ниту една од овие терапии не е за секого. И двете бараат внимателно избрани пациенти, обучени тимови, дијагностика и долгорочно следење. Затоа прашањето не е само дали, туку како: безбедно, стручно и одржливо“, изјави министерот Клековски. Во националниот здравствен систем се регистрирани околу 24.000 лица со деменција, а проценките се дека до 2050 година бројот може речиси трипати да се зголеми. Со Паркинсонова болест живеат околу 8.000 граѓани, најголемиот дел од нив се згрижени дома, од своите семејства. Министерот истакна дека Министерството е подготвено да ја слушне струката и очекува од дискусијата конкретни препораки: што недостига, по кој редослед и за колку време. Клековски им се заблагодари на гостите од Љубљана за двегодишната соработка меѓу клиниките од Љубљана и Скопје, која се реализира преку програмата „Mentor–Mentee“ на Меѓународното друштво за Паркинсонова болест и нарушувања на движењето (MDS). На панелот учествуваа, проф. д-р Звездан Пиртошек, независен експерт на ОН за остварување на сите човекови права на постарите лица, проф. д-р Дејан Георгиев, асист. д-р Јован Божиновски, директор на Универзитетската клиника за неврологија, и д-р Љуљзим Агани, директор на Универзитетската клиника за неврохирургија. Модератор беше проф. д-р Габриела Новотни, соопштуваат од МЗ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд почеток почна судењето за „Онкологија 2“ по промена на сдуија: Васев и Нухи повторно негираа винаСудењето за „Онкологија 2“ почна од почеток и во ноември 2025 година поради промена на еден од поротниците во судечкиот совет.Во Кривичниот суд денеска од почеток почна судењето за предметот „Онкологија 2“, кое се води против поранешните медицински и економски директори на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал. Случајот повторно го води судијката Славица Наумова-Јосифовска, но почнува од почеток поради промена на судија член на судечкиот совет. Обвинетите Васев и Нухи на почетокот повторно негираа вина за делата што им се ставаат на товар. Застапник на обвинението е Марија Ѓоргева од ОЈО ГОКК, која на почетокот на денешното рочиште изјави дека останува на веќе изнесените воведни зборови пред судот. Судењето за „Онкологија 2“ почна од почеток и во ноември 2025 година поради промена на еден од поротниците во судечкиот совет.Тагови: Онкологија 2 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter