Електричната енергија во Турција од 1 јули ќе се зголеми за 38 отсто

Турција ги зголемува тарифите за електрична енергија за 38 отсто од 1 јули, објави турската телевизија НТВ, повикувајќи се на одлуката на Турскиот регулатор за енергетика.

Со ова зголемување, сумата што ќе треба да се плати за потрошувачка од 100 kWh електрична енергија за домаќинствата станува 207,23 турски лири (5,9 евра).

Регулаторот за енергетика во своето соопштение поскапувањето на струјата го припишува на растот на трошоците за производство на енергија.

Новите тарифи стапуваат на сила од 1 јули.

Два хеликоптера на МВР го гаснат пожарот кај село Сушево, опасноста по селото отстранета

Хеликоптер Ми-171 од Одделот за  воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од ЦУК, дејствуваше на пожарот кој го загрозуваше с. Сушево,  атар на Општина Василево.

Како што соопшти МВР, хеликоптерот исфрлил над 55 тона вода, а поради опасноста по селото, во гасењето на пожарот бил вклучен и хеликоптерот Бел 412 кој исфрлил 30 тони вода, по што опасноста по селото е отстранета.

-Пожарот уште е активен и се преземаат мерки за негово гасење, наведуваат од МВР.

Русија и Белорусија се договорија за продолжување на блиската соработка

Министрите за надворешни работи на Русија и Белорусија се договорија за продолжување на блиската соработка

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неодамна назначениот шеф на дипломатијата на Белорусија Максим Риженков во денешниот телефонски разговор се договориле за продолжување на блиската соработка на мултилатерални платформи и размениле мислења за актуелни меѓународни прашања, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Се разговараше за актуелните прашања од руско-белоруските односи, беа разменети мислења за актуелни меѓународни и регионални прашања, се договоривме да ја продолжиме блиската соработка на мултилатерални платформи“, се вели во соопштението.

Лавров, се додава во соопштението, ја искористил приликата и „му честитал на својот белоруски колега за неговото именување на функцијата министер за надворешни работи на братска земја“. /МИА

Холандскиот премиер Руте во својот проштален говор повика на поддршка за Украина, ЕУ и НАТО

Холандскиот премиер во заминување Марк Руте денеска, во своето последно јавно обраќање на таа позиција пред да стане генерален секретар на НАТО, ја повика својата земја да продолжи да дава поддршка за Украина и меѓународната соработка.

„Од клучно значење е нашата земја да биде интегрирана во Европската унија и НАТО. Заедно сме посилни отколку сами. Особено сега, рече Руте.

Новата влада, која се очекува да стапи на должност во вторник, вети дека ќе продолжи да ја поддржува Украина.

Руте е на функцијата премиер на Холандија од 2010 година, што го прави премиер со најдолг стаж во историјата на таа земја, а во октомври треба и официјално да стапи на функцијата генерален секретар на НАТО алијансата, наследувајќи го Јенс Столтенберг. /МИА

притисни ентер