Електричен болид направи и Шри Ланка, ќе го претстави на саемот во Женева (ВИДЕО) - Канал 5

Електричен болид направи и Шри Ланка, ќе го претстави на саемот во Женева (ВИДЕО)

Во Женева премиерно ќе се појави електричен автомобил , најавен како нов играч во светот на хиперспортските болиди.

Електричен болид направи и Шри Ланка, ќе го претстави на саемот во Женева (ВИДЕО)

Од Шри Ланка доаѓа Vega Innovations и нивниот EVX. Ова е атрактивно купе во кое многумина ќе ги препознаат линиите на Ферари, како и оние на некои други реномирани имиња. Автомобилот е секако рачно изработен, со каросерија од карбонски влакна. Под неа има електричен погон кој се состои од два електрични мотори со синергистички ефект од 815 КС и 760 Nm.

Се подразбира погонот на сите тркала, а тешкиот автомобил од 2090 кг до 100 км на час стигнува за 3,1 секунда. Авторите од Шри Ланка имаат инсталирано батерии од 55 kWh, што, наводно, е доволно за возење до 300 км. Следната година најавуваат дека ќе понудат и огромен сет од 130 kWh со опсег од 750 км.

Првиот електричен супер-болид од овој дел на светот не е единствениот што ја прави интересна оваа компанија. Планот опфаќа и масовно производство , а тие ја истакнуваат и соработката со партнерите. Компанијата е предводена од луѓе со меѓународно искуство со докторат од реномирани универзитети на запад. Севкупно, ова би можело да биде друга интересна приказна.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со спортски и европски дух во недела во Градски парк во Скопје - ЕРАЗМУС КРОС

В недела, 18 октомври, со почеток во 10 часот, во Градскиот парк во Скопје (Тартан патека) ќе се одржи спортско-забавен настан Еразмус крос, во организација на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.  

Со спортски и европски дух во недела во Градски парк во Скопје - ЕРАЗМУС КРОС

Со овој масовен спортски настан официјално се означува финишот на одбележувањето на европската иницијатива Еразмус денови кои се одбележаа со различни настани од 12-17 октомври, недела со која се слават успесите и можностите на програмата Еразмус+ во областа на образованието, обуката, младите и спортот.

Еразмус кросот в недела ќе ги обедини учениците од основното и средното образование во трка која ги симболизира заедништвото, динамиката и отворањето нови хоризонти за младите. Настанот нема натпреварувачки карактер, главната цел е да се упати силна порака за поддршка на физичкото здравје, здравите навики, инклузијата и промоцијата на европските вредности меѓу новите генерации.

„Еразмус+ програмата нè учи дека секој голем успех започнува со еден чекор напред. На овој крос нема губитници, победник е секој млад човек кој ќе застане на стартната линија да ги помести сопствените граници, да спортува и да даде поддршка на своите врсници. Ги повикуваме граѓаните, медиумите и љубителите на спортот да ни се придружат во Градскиот парк и со својата присутност и аплаузи да го поддржат спортскиот и ентузијастички дух на нашите деца и млади“, истакнуваат од Националната агенција.

За време на настанот, покрај трките по соодветни возрасни категории, присутните ќе имаат можност да се забавуваат со весела програма, како и да се запознаат со можностите што ги нуди програмата Еразмус+.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Винисиус: Играчите кои прават разлика на теренот, како мене и Јамал, мора да бидат заштитени

Ѕвездата на Реал Мадрид, Бразилецот, Винисиус Жуниор, оваа недела повторно јавно им се обрати на судиите и на надлежните органи кои ги регулираат правилата на играта, повикувајќи на подобра заштита на фудбалерите. 

Винисиус: Играчите кои прават разлика на теренот, како мене и Јамал, мора да бидат заштитени

Во изјава за новинарите по победата на Реал Мадрид над Рома во Лигата на шампионите, одиграна на стадионот „Олимпико“во Рим, популарниот Вини ја искористи можноста да го изрази своето незадоволство, како од противничките одбранбени играчи, така и од судиите.

„Имам чувство дека одбранбените фудбалери можат да ме удираат кога и да посакаат, а сепак, на крајот јас сум тој што добива жолт картон. Сметам дека треба да ги заштитиме играчите кои прават разлика на теренот – како мене, Ламин Јамал и Хулијан Алварез“, изјави Винисиус.

Винисиус имаше големи потешкотии на теренот против Рома и беше заменет по еден час игра, откако не успеа да оствари значително влијание во нападот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Болсонаро или Лула?

Сенаторот Флавио Болсонаро продолжува да води пред бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва пред вториот круг од претседателските избори.

Болсонаро или Лула?

За потсетување, вториот круг е закажан за 25 октомври, сепак, според медиумските извештаи, разликата меѓу двајцата кандидати се намалила.

Како што пренесува Ројтерс, анкетата на институтот „Датафоља“, објавена во четвртокот, покажува дека Болсонаро – најстариот син на поранешниот претседател Жаир Болсонаро – би добил 47 отсто од гласовите, додека Лула би добил 45 отсто.

Во анкетата на „Датафоља“ објавена минатата недела, Болсонаро имаше поддршка од 49 отсто од испитаниците, наспроти 45 отсто за Лула.

Во првиот круг од претседателските избори, одржан на 4 октомври, Болсонаро освои 47,03 отсто од гласовите, додека Лула доби 45,16 отсто.

Бидејќи ниту еден од кандидатите не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, тие ќе се соочат еден против друг во вториот круг на 25 октомври.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер