Мицкоски до бруцошите: Вистинскиот живот е борбата за семејството и татковината, каде и да одите вратете се дома
2Мицкоски до бруцошите: Вистинскиот живот е борбата за семејството и татковината, каде и да одите вратете се дома
Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
Раперот Паф Диди наводно ужива привилегии во затворот: Користи телефон, пие алкохол, а други затвореници му готват и го масираат
1Раперот Паф Диди наводно ужива привилегии во затворот: Користи телефон, пие алкохол, а други затвореници му готват и го масираат
ЖивотЕла Слак 30 години е двојничката на британската кралица Елизабета Втора62 Годишната Ела Слак е двојничката на британската кралица Елизабета Втора задолжена да ја менува на пробите за кралски настани. ББЦ наведува дека Ела 30 години ја врши оваа работа. Јас не изгледам точно исто како неа, но јас сум со таква висина и држење на телото, и имаме слична фризура. За прв пат во 1980та, а оттогаш повеќе од 50 пати била во улога на заменичка на кралицата на генерални проби. Започна кога бев во ББЦ и продуцентот кој што го подготвуваше сетот дојде кај мене и ми кажа дека кралицата испратила порака дека кога стоела на сцената, сонцето и сметало и дека не можело да се направи ништо со тоа. И јас му реков, сакаш ли да застанам во таа позиција? Едно од најстрогите правила раскажува Ела е дека не и е дозволено да седи на кралскиот трон. Кога се вежбав за Милениум, отидов во Волворт и земав лажен дијамантски ѓердан. Исто така немав ни чанта и отидов во продавницата Спас за децата во Ремси и земав чанта за 2 фунти. За услугите како двојничка на кралицата никогаш не прифатила плата. Улогата ја играла бидејќи и било задоволство и чест.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
СветМедицински хеликоптер се урнал во морето кај Лос Анџелес, двајца загинатиМедицински хеликоптер се урнал синоќа во близина на островот Каталина, недалеку од Лос Анџелес. Во несреќата загинаа две лица, две беа пренесени во болница, а во тек е потрага по уште едно лице, пренесува АП. Џонатан Торес од Противпожарната служба на округот Лос Анџелес ја потврди смртта на две лица и пренесувањето на двајца повредени во локални болници. Членот на окружниот совет, Џенис Хан, на платформата „Икс“ (X) објави дека, според информациите што ги добила, хеликоптерот се урнал кратко по полетувањето од островот. Надлежните служби добија известување за несреќата синоќа, непосредно пред 20 часот, по што на местото на настанот беа упатени службите за итни интервенции и Крајбрежната стража на САД. Остатоците од леталото беа лоцирани на длабочина од 73 метри во близина на островот Каталина, кој се наоѓа на околу 35 километри од брегот на округот Лос Анџелес. 🇺🇸 A medevac helicopter crashed into the ocean off California's Catalina Island seconds after takeoff last night, killing the pilot and a flight nurse. The REACH air ambulance had 5 people on board when it went down near Avalon, the island's main town off the coast of Los Angeles. Flight data shows it climbed to just 175 feet before dropping, with its signal vanishing 8 seconds after takeoff. Rescuers pulled at least 4 people from the wreckage and the water and flew them to mainland hospitals, with 2 reported in stable condition. Investigators are now working out what brought the helicopter down so soon after it left the helipad. Sources: ABC7, NBC Los Angeles / Writer: Julie — Mario Nawfal (@MarioNawfal) October 1, 2026 Здравствената состојба на едно од хоспитализираните лица засега е непозната. Се претпоставува дека хеликоптерот бил во сопственост на компанијата „REACH Air Medical Services“ со седиште во Сакраменто.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
МакедонијаМицкоски до бруцошите: Вистинскиот живот е борбата за семејството и татковината, каде и да одите вратете се домаПред 30 години и јас бев како вас, бруцош, го имав тогаш првиот универзитетски час, и започнав една нова епизода во мојот живот, како студент, откако ги завршив прилично возбудливите средношколски денови.Претходните говорници ви кажаа сѐ што треба да знаете за Универзитетот и за сето она што тука во следните години ќе биде ваш предизвик, јас ќе се обидам да излезам од онаа формална куртоазна форма и ќе се обидам денеска да не зборувам како политичар и претседател на Владата, туку да зборувам како ваш колега и професор од еден друг универзитет, којшто денеска е овде гостин на вашиот универзитет и сака со вас да сподели две работи кои што мислам дека ќе ви бидат значајни во годините коишто следат и во процесот на студирање и стекнување знаење овде на Универзитетот „Гоце Делчев“. И потоа би сакал една порака до моите колеги, професори, ваши наставници со коишто во годините коишто следат ќе се гледате многу често, ќе другарувате и ќе стекнувате знаење. Ќе имате предизвици, подеми и падови, но убеден сум дека оваа приказна од вашиот живот ќе заврши успешно, ќе ја паметите целиот живот и тоа ќе биде основа понатаму да изградите семејства коишто понатаму ќе ја градат нашата заедничка татковина Македонија. Пред 30 години и јас бев како вас, бруцош, го имав тогаш првиот универзитетски час, и започнав една нова епизода во мојот живот, како студент, откако ги завршив прилично возбудливите средношколски денови. Тоа беше едно друго време, сепак три децении ако се вратиме назад имавме многу предизвици како млади луѓе. Но, она коешто тогаш го немавме, а коешто вие денеска го имате е брзиот начин на комуникација, социјалните мрежи, но и сето она коешто како предизвик доаѓа со брзиот начин на комуникација и социјалните мрежи. Поминуваше животот, животот ме носеше во различни средини и поминав еден добар дел од својот живот во Италија, дел од својот живот поминав во Германија, завршувајќи го експерименталниот дел од мојот докторат. Еден дел од својот живот поминав и како визитинг професор на универзитетот технички во Виена. Но, она коешто секогаш ме инспирираше и претставуваше моја водилка во животот, а тоа беше мојата родна земја, татковина Македонија. Каде и да одев, се враќав назад и знаев дека тука ќе го формирам моето семејство и тука ќе го продолжам мојот живот. На тој начин ги воспитувам и моите два сина Јован и Антониј. Да патуваат, да стекнуваат знаење, да другаруваат, да го поминат целиот свет и онаму каде што ќе имаат можност, никогаш таа можност да не ја одбијат. Но, крајот да се вратат дома и заедно дома да се бориме за нашата заедничка татковина Македонија. Знам дека ќе имате многу предизвици, знам дека ќе има и такви коишто ќе ве убедуваат дека тоа е невозможно, дека некаде тамо далеку од овде е подобро и дека тамо е сѐ поинаку отколку тука дома. Сакам да ви дадам еден совет којшто го имам научено во мојот живот – тоа не е точно. Тоа што секој сака да ви каже и да ви го претстави на социјалните медиуми, тоа во суштина не е вистинскиот живот. Вистинскиот живот е борбата којашто ве чека, борбата за вашето семејство и борбата за вашата родена земја, Македонија. Тоа никој пат немојте да го заборавите. Каде и да одите, вратете се дома и заедно да се бориме за нашата најубава земја на светот – Македонија. Втората порака којашто сакам денеска од овде да ја упатам е до моите колеги и ваши професори - Ја имате најубавата работа на светот, а тоа е да го пренесете вашето знаење на овие прекрасни млади луѓе, а од тоа знаење коешто вие ќе им го пренесете, зависат и нивните семејства во иднина, нивните деца, нивните внуци, и сето она коешто ќе следи како предизвик во нивниот живот. Искористете ја таа шанса, бидете дел од нивната младост, но исто така бидете дел и од нивниот живот понатаму низ годините коишто следат. Имајќи ја најубавата работа на светот, тоа треба да ви биде чест, но и одговорност, бидејќи ретко кој има таква одговорност и можност во животот. Затоа мојот совет и мојата порака до моите колеги, а ваши професоре, е – Бидете тоа што треба да бидете. Бидете нивните педагози и нивниот пример како понатаму во животот треба тие да бидат пример за своите деца и за своите семејства. И сосема на крај, повторно ќе се вратам до бруцошите, до моите најдраги колеги, коишто денеска зачекоруваат во една нова приказна во нивниот живот. Нека ви бидат успешни овие години на другарување, стекнување знаење и учење. Инспирирајте се од убавините на вашата татковина Македонија, работете за вас, за вашите семејства и за нејзе, бидејќи поубаво место друго на светот немаме. Ви благодарам и нека ви е со успех почетокот на студирањето, им рече во своето обраќање на новите студенти на Универзитетот Гоце делчев во Штип премиерот Христијан Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизРаперот Паф Диди наводно ужива привилегии во затворот: Користи телефон, пие алкохол, а други затвореници му готват и го масираатМузичкиот магнат Шон „Диди“ Комбс наводно користи недозволен мобилен телефон и консумира алкохол додека ја издржува казната во федералниот затвор „FCI Fort Dix“ во Њу Џерси, објави NBC News. Според истите извори, Комс наводно го набавува лекот „Ремерон“ од други затвореници, а поседува и модифициран таблет на кој гледа филмови. Музичкиот магнат Шон „Диди“ Комбс наводно користи недозволен мобилен телефон и консумира алкохол додека ја издржува казната во федералниот затвор „FCI Fort Dix“ во Њу Џерси, објави NBC News. Според изворите на медиумот, 56-годишниот Комбс наводно троши илјадници долари месечно за да обезбеди одредени привилегии додека е во затвор. Посебни оброци NBC News исто така објави снимка на која наводно се гледа како Комбс користи прошверцуван телефон. Изворите тврдат дека други затвореници готват за него, чистат, му ја перат облеката, па дури и му прават масажи. Еден од нив наводно пиел коњак „Хенеси“ (Hennessy) заедно со Комбс. Се вели дека и други затвореници му подготвуваат специјални оброци, како што се пилешко во сос од кари, пица и емпанади, додека поединци наводно му ги чистат тоалетот и туш-кабината пред тој да ги користи. Според истите извори, Комбс наводно го набавува лекот „Ремерон“ од други затвореници, а поседува и модифициран таблет на кој гледа филмови и документарни емисии. Наводно, тој добива голем број писма од обожаватели, кои другите затвореници ги чуваат за него – заедно со телефон – бидејќи во неговата ќелија нема доволно простор. Портпаролот на Комбс ги отфрли овие тврдења, изјавувајќи за списанието „Пипл“ (People) дека „секојдневниот затворски живот“ се претставува сензационалистички во медиумите. Тој нагласи дека Комбс ја издржува казната во согласност со правилата и ја очекува одлуката на судот по неговата жалба. Федералното биро за затвори одби да го коментира конкретниот случај, наведувајќи безбедносни причини. Сепак, агенцијата истакна дека недозволените предмети – особено мобилните телефони и наркотиците – остануваат постојан проблем во затворскиот систем. Тие додадоа дека на затворениците им е забрането користење мобилни телефони и дека се соочуваат со санкции доколку ги прекршат правилата. Комбс беше уапсен во септември 2024 година по повеќемесечна истрага. Тој беше обвинет за сексуална трговија, рекетирање и превоз на лица со цел проституција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05