Екстраваганција како статусен симбол: Ова е најскапиот автомобил во светот, а доаѓа со часовник - Канал 5

Екстраваганција како статусен симбол: Ова е најскапиот автомобил во светот, а доаѓа со часовник

Само четири „Rolls-Royce Droptail“ се произведени, и секој од нив е уникатен и изработен според точните спецификации на желбите и соништата на секој клиент.

Екстраваганција како статусен симбол: Ова е најскапиот автомобил во светот, а доаѓа со часовник

Не е невообичаено луксузните брендови да ги поместуваат границите на имагинацијата кога станува збор за цените, без разлика дали станува збор за нов, впечатлив часовник, дизајнерска чанта или престој во хотел со пет ѕвездички. Но, еден бренд на автомобили отиде чекор понатаму, создавајќи автомобил кој вреди повеќе од многу недвижнини и повеќе од двојно поскап од приватните авиони. Стана нов стандард на екстраваганција и статусен симбол за ултрабогатите.

Можеби ќе ве интересира: Колку во просек трошат купувачите за нов „Rolls-Royce“?

На прв поглед, автомобилот изгледа спектакуларно, но тешко е да се оправда цената од 27 милиони евра. Сепак, кога ќе го погледнете ентериерот, изработката и трудот вложен во неговата конструкција, високата цена почнува да има (барем малку) повеќе смисла. Не е изненадување што најскапиот автомобил во светот е изграден во фабриката на „Rolls-Royce“ во Гудвуд, користејќи најфин ентериер, ретки скапоцени камења и најдобриот британски инженеринг.

Произведени се само четири „Rolls-Royce Droptail“, секој уникатен и изработен според точните спецификации на својот клиент.

„Droptail“ е изграден од посветен ултра-луксузен тим на „Rolls-Royce“ за каросерија, црпејќи инспирација од американските градители на каросерии, како што правеле пред еден век. Дизајнерите исто така рекоа дека биле инспирирани од класичните „Rolls-Royce“ модели како што се „Silver Ghosta“ од 1912 година и „Phantom Brewster New York Roaster“ од 1930 година, за да создадат нешто значително поспортско од нивните стандардни модели.

Но, за разлика од тие автомобили од минатото, „Droptail“ е преполн со модерни материјали. Јаглеродните влакна се насекаде, иако често скриени, за да го направат автомобилот посилен и полесен од кога било досега.

Автомобилот за прв пат беше претставен во август 2023 година во Пебл Бич, Калифорнија. Првиот модел, „La Rose Noire Droptail“, беше инспириран од розата „Black Baccara“, позната по своите темноцрвени ливчиња. Беше обоен во нијанса наречена „ True Love “, а беа потребни повеќе од 150 обиди за да се добие совршената боја.

@thekingcars6 ♬ original sound - @theKingcars

Под хаубата, автомобилот исто така не разочарува. „Rolls-Royce“, кој исто така произведува мотори за авиони, инсталираше мотор кој буквално ве крева во воздух.

„Droptail“ е опремен со огромен 6,75-литарски „V12“ мотор со двоен турбополнач, кој испорачува речиси 600 коњски сили, пишува „Експрес“.

Но, за купување на автомобил вреден 27 милиони евра, „Rolls-Royce“ подарува и дополнителен луксуз - специјално направен часовник од швајцарскиот бренд „ Audemars Piguet (AP)“, кој може да се користи и како часовник во автомобилот.

„Droptail“ дури има и прилагоден сандак за шампањ, дизајниран да ги чува шишињата на идеална температура - за спонтани прослави.

„Rolls-Royce“ доминира на листата на најскапи автомобили, со три модели меѓу првите десет според британскиот „RAC“.

Можеби ќе ве интересира: Најмоќниот Ролс Ројс е електричен, виолетов и чини најмалку 460.000 долари

Друг производител на луксузни автомобили што го следи примерот е францускиот „Bugatti“, чиј модел „La Voiture Noire“, посветен на изгубен автомобил од Втората светска војна, чини неверојатни 12,2 милиони евра. Иако цените на овие автомобили изгледаат неверојатни, некои класични автомобили достигнуваат уште поневеројатни цени, на пример, „Mercedes-Benz 300 SLR Uhlenhaut Coupe“ од 1955 година продаден за повеќе од 122 милиони евра на аукција во 2022 година.

Топ 10 најскапи автомобили во светот:

• Bugatti Divo – 5,15 милиони евра

• Pagani Huayra Imola Roadster – 5,5 милиони евра

• Pagani Huayra Codalunga – 6,9 милиони евра

• Mercedes-Maybach Exelero – 7,25 милиони евра

• Bugatti Centodieci – 8,2 милиони евра

• Bugatti Chiron Profilée – 9,85 милиони евра

• Rolls-Royce Sweptail – 11,7 милиони евра

• Bugatti La Voiture Noire – 12,2 милиони евра

• Rolls-Royce Boat Tail – 25,7 милиони евра

• Rolls-Royce La Rose Noire Droptail – 27 милиони евра

Фото: https://net.hr/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

13 возачи лишени од слобода за „безобѕирно управување со возило“ во изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишија од слобода 13 лица поради „безобѕирно управување со возило“.

13 возачи лишени од слобода за „безобѕирно управување со возило“ во изминатото деноноќие

Од нив, 11 возачи управувале возило без возачка дозвола, и тоа од Велес, Скопје и Прилеп.

Двајца возачи, од Куманово и Скопје, управувале возило под дејство на алкохол.

При преземање на мерки и активности, кај возач од Скопје кој управувал возило без возачка дозвола, било констатирано дека на патничкото моторно возило предната регистарска таблица не припаѓала на возилото.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли во сообраќајот, со цел санкционирање на несовесните возачи и спречување на однесувања со кои се загрозува безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Почитувањето на сообраќајните правила и прописи, поседувањето важечка возачка дозвола и управувањето со возило во трезна состојба се основа за безбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони повлекува црвена линија: „Не сум добрa за сите годишни времиња“

Италијанската премиерка Џорџија Мелони ги отфрли шпекулациите дека би можела да формира сојузи со политички сили кои се противат на воената помош за Украина.

Мелони повлекува црвена линија: „Не сум добрa за сите годишни времиња“

Во интервју за италијанскиот весник „Ил Фодлио“, Мелони рече дека не е подготвена да се откаже од своите верувања за политичка или изборна корист.

„Џорџија Мелони сигурно не е подготвена да го стори спротивното од она што го направила или во што верува, заради политичка или изборна пресметка“, рече таа, одговарајќи на прашањето дали поставила јасни црвени линии за приклучување кон коалиција.

Нејзините зборови се предупредување до Роберто Ваначи, поранешен генерал кој стана екстремно десничарски политичар и отворен критичар на Европската Унија и воената помош за Украина.

„Кој бара премиер кој се предомислува во зависност од тоа која партија го поддржува, секогаш и исклучиво за лична корист, треба да бара некој друг. Јас сум сериозна личност и не сум добра за сите годишни времиња“, рече Мелони.

Мелони ќе се соочи со гласачите на изборите следната година, откако штотуку стана премиер со најдолг мандат во италијанската историја. „За мене, во текот на овие години, од изборна гледна точка, ќе беше покорисно да не ја поддржувам Украина отколку да ја поддржувам неа. Не ја поддржував Украина за Киев, туку за Рим“, нагласи италијанската премиерка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП анализа: Спротивно од премиерот, иселувањето ќе се интензивира во наредните години!

Македонија денес не се соочува со изолирани грешки, туку со невидена серија на скандали што го уништуваат секојдневието на граѓаните.

ЛДП анализа: Спротивно од премиерот, иселувањето ќе се интензивира во наредните години!

Додека премиерот шири розева пропаганда за наводен просперитет, суровата реалност и најновите PISA резултати покажуваат поразителна слика за Македонија: загрижувачка елементарна и функционална неписменост кај младите и целосен слом на образовниот систем. Оваа општествена хаварија директно се пресликува и во судството, каде што одлуките станаа целосно неразбирливи за обичниот човек. Во оваа држава, за ситен криминал се одговара експресно, додека за најголемите коруптивни процеси постапките немаат завршница или завршуваат со ослободителни пресуди за кои дури и не се објавуваат пишани образложенија, како што е случајот со „Талир 2“ и седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. За да се види каде завршиле искрадените пари од џебот на граѓаните, не треба замислување или правни филозофии — доволно е само да се отворат очите во центарот на Скопје и да се погледнат онаа огромна камена палата со толку спратови и целиот плоштад пред неа.

Македонија денес не се соочува со изолирани грешки, туку со невидена серија на скандали што го уништуваат секојдневието на граѓаните. Власта новата учебна година ја започна со скандалозно преображение на наставните програми и слушање црковни писма наместо наука, додека прославата на независноста ја претвори во коруптивен спектакл со приватизација на државни функции. Генералната неказнивост гарантирана преку Кривичниот законик, законите заглавени со месеци, и трагичниот, животозагрозувачки недостиг на лекови на Онкологија се само потврда дека системот е целосно заглавен. По истиот овој коруптивен модел денес на сите им е јасно зошто бегаме од европските правила и зошто по истиот принцип паѓаат економијата, здравството и образованието.

Во вакви катастрофални околности, Либерално-демократската партија (ЛДП) констатира дека, спротивно од празниот оптимизам на премиерот, иселувањето од Македонија не само што нема да запре, туку драматично ќе се интензивира во наредните години како директна последица на ова лошо владеење. Кој нормален човек, млад професионалец или родител би останал да живее во земја каде што ги нема основните услови за здравје, правда и заштита на сопствените деца? Единствените кои со задоволство ќе останат во ваква заглавена држава се луѓето од партиската елита на ВМРО-ДПМНЕ, кои се и единствените кои ја градат сопствената иднина врз грбот на оние кои си заминуваат.

Со почит,

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер