Колку во просек трошат купувачите за нов „Rolls-Royce“? - Канал 5

Колку во просек трошат купувачите за нов „Rolls-Royce“?

Со вкупно 6.021 продадени автомобили во 2022 година во 50 земји низ светот, „Rolls-Royce“ имаше уште една рекордна година.

Колку во просек трошат купувачите за нов „Rolls-Royce“?

Глобалниот автомобилски пазар деновиве се соочува со многу проблеми, но има производители кои сепак успеваат да ги подобрат своите продажни резултати.

„Rolls-Royce“ беше еден од победниците минатата година, забележувајќи рекордно висока продажба ширум светот. Всушност, 2022 година беше првата година во целата 118-годишна историја на производителот кога се испорачани повеќе од 6.000 возила во период од 12 месеци.

Со вкупно 6.021 продадени автомобили во 50 земји во светот во 2022 година, „Rolls-Royce“ имаше уште една рекордна година.

Блискиот Исток, Азија-Пацификот и Европа, како и САД, забележаа најголем раст на продажбата од година во година.

Америка остана најголемиот поединечен регион за луксузниот британски бренд, додека Кина се зголеми во важноста бидејќи земјата сега е втор најголем пазар на „Rolls-Royce“.

Компанијата со седиште во Гудвуд, исто така, забележа рекордна продажба во Велика Британија и Германија.

Што е уште поважно, „Rolls-Royce“, исто така, помина добро кога станува збор за мали сериски специјални верзии на одредени модели, што доведе до тоа купувачите да плаќаат во просек повеќе од 500.000 долари за нивниот автомобил.

Блискиот Исток е водечки регион на брендот за овој тип на производи.

Ако зборуваме за портфолиото на марката, теренецот „Cullinan“ очекувано ја задржа својата позиција на најпродаван модел на марката, по што следеше „Ghost“, кој беше најпродаваниот „Rolls-Royce“ во азиско-пацифичкиот регион.

Британскиот производител на автомобили, исто така, со гордост истакнува дека побарувачката за „Spectre“, неговото прво целосно електрично возило, моментално ги надминува нивните очекувања, но нема детални информации за бројот на добиени резервации досега.

Првите испораки на ултралуксузниот електричен автомобил до клиентите се закажани за четвртиот квартал од оваа година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.

Лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“

Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско.

Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

На 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.

Лишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправа

Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината.

Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер