Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката
2Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката
3Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
МакедонијаЕксплозија на улица во Скопје, оштетени стакла на неколку дуќаниНа улица „Методија Митевски" во Скопје денеска изутрина експлодирала експлозивна направа. Повредени лица нема, а од експлозијата биле оштетени стаклата на неколку дуќани.– На 02.05.2021 во 04:00 часот било пријавено дека во Скопје, на улица „Методија Митевски", со експлозивна направа биле оштетени стакла од неколку дуќани. Повредени лица нема. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВојската на Мјанмар нападнала училиште и свадба- загинаа десетици цивили Десетици луѓе, вклучувајќи цивили на свадба и ученици во училиште, се убиени во серија воздушни напади извршени од војската на Мјанмар низ целата земја во последните денови.Спасувачите потврдија дека најмалку 21 лице е убиено во напад врз свадбена церемонија во селото Мое Баје во јужната држава Шан денес попладне. Уште 35 лица се ранети, пишува Би-Би-Си.. Порано, завчера, најмалку 20 цивили беа убиени во напад врз селото Ин Јон во централниот регион Магвај. Владата во егзил на Мјанмар (NUG) објави дека меѓу жртвите се студенти, млади монаси и наставници. Тоа е областа каде што дејствуваат силите на отпорот. Цел на нападот вечерва беше и градот Мраук-У во западната држава Ракхине, каде што беше бомбардиран станбен кварт. Според првите информации, повеќе од 10 лица загинаа, а околу дваесет се ранети. Областа е контролирана од Армијата на Аракан (AA), една од најмоќните етнички групи што се борат против воениот режим. Воената влада на Мјанмар сè уште не ги коментирала нападите. Меѓународниот суд на правдата го прогласи Мјанмар за одговорен за геноцидот Воздушните напади станаа почести по воениот удар во 2021 година, со кој беше соборена избраната цивилна влада предводена од Аунг Сан Су Ќи. Тој настан предизвика долготрајна граѓанска војна во земјата. Армијата редовно спроведува копнени офанзиви и ги пали селата во областите што не се под нејзина контрола, а кои ги држат владата во егзил и вооружените етнички групи. Новите напади дојдоа една недела откако Меѓународниот суд на правдата (МСП) го прогласи Мјанмар за одговорен за геноцидот врз малцинството Рохинџа. Пресудата се однесува на воена операција од 2017 година, за време на која беа убиени илјадници луѓе, а повеќе од 700.000 беа протерани од земјата. Властите во Мјанмар потоа ги отфрлија обвинувањата за геноцид, тврдејќи дека армијата реагирала на напади од вооружени групи. Ова беше прва пресуда во историјата од меѓународен суд што ја прогласи државата за одговорна за извршување геноцид.Тагови: Мјанмар цивили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
РакометПочина ракометар на полувремето на натпревар во Сараево Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар.Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар, кој се играше во салата „Рамиз Салчин“ во Сараево, кога еден од играчите почина. Како што потврди Klix.ba, ракометар на ОРК Босна починал на полувремето од срцев удар. Потоа натпреварот беше прекинат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПротест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценкатаПедесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала.Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала, револтирани од проценката на државата за квадрат земјоделско земјиште да им даде 20 евра, а за градежно 50 евра. Обвинуваат дека вештакот немал лиценца, а за случајот ја известиле и ЕБРД која го финанисра проектот.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook