Скокна цената на нафтата на највисоко ниво во последните 4 години - Канал 5

Скокна цената на нафтата на највисоко ниво во последните 4 години

Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и закотвувањето на стотици танкери во Ормутскиот теснец, преку кој се транспортира околу 20% од светската нафта, предизвикаа силни турбуленции на светските енергетските берзи.

Скокна цената на нафтата на највисоко ниво во последните 4 години

Сепак во земјава според последната одлука на РКЕ за сега нема значителни поскапувања на нафтените деривати..Од таму појаснуваат дека при утврдувањето на малопродажните цени на нафтените деривати ги вклучуваат пресметките од изминатите 5 дена, па останува неизвесно дали и следната корекција на цените ќе биде блага како денешната или глобалните движења на пазарот при следната одлука ќе се одразат поизразено и кај нас.

- Од она што можевме да го забележиме на дел од домашните бензински пумпи е дека работата тече најнормално и нема никаква паника. И денешната одлука на РКЕ не покажува значителни зголемувања на цените на нафтените деривати во земјава. . Единствено променети од полноќ ќе бидат цените на бензинот и мазутот за околу 1 денар од литар, додека цената на дизелот останува иста.

И првиот човек на Агенцијата за стоковни резерви Бесим Кока уверува дека нивната пополнетост во моментот е во рамки на Законот, нешто што и претседателката Сиљановска-Давкова го нагласи на вчерашната седница на Советот за безбедност, истакнувајки дека законските резерфи на нафта во земјава се исполнети за 40 до 90 дена.

- Можеме да потврдиме дека пополнетоста на стоковнтие резерви во моментов е на задоволително ниво. Сите предвидени ресурси се достапни во количини кои гарантираат стабилност при евентуално нарушување на пазарот. - Бесим Кока – директор на Агенција за стоковни резерви

На глобално ниво пак, со отворањето на берзите, податоците утрово покажаа дека цената на светскиот репер за нафта Брент пораснала за околу 10%, достигнувајќи приближно 80 долари за барел, од претходните 73 до 76 долари. Американската сурова нафта пак бележи раст од околу 5%, со цена од околу 72 долари за барел. Економските аналитичари ширум светот предупредуваат на можни дополнителни поскапувања и не ја исклучуваат можноста цената да надмине 100 долари за барел.

- Има нарушување на пазарите на нафта, што ги нарушува синџирите на снабдување, пазарите на храна и авиокомпаниите.. Постои потенцијал цените на нафтата да достигнат 100 долари за барел, што се смета за пресвртна точка. Oва се големи шокови.- Џек Бафингтон – професор на универзитет Денвер

Војната го предизвика и најголемиот хаос во авиосообраќајот од Ковид-пандемијата, затворајки ги главните аеродроми на Блискиот исток.. Според податоците на повеќе платформи, само утрово во регионот биле откажани над 1.200 летови, а во текот на викендот околу 6000, оставајки заглавени стотици илјадници патници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осмиот ден од протестите во Тирана, повторно беше одбележан со судири меѓу демонстрантите и полицијата

Осмиот ден од протестите во главниот град на Албанија, Тирана, повторно беше одбележан со судири меѓу демонстрантите и полицијата, но со помал интензитет на директни напади во споредба со претходните денови.

Осмиот ден од  протестите во Тирана, повторно беше одбележан со судири меѓу демонстрантите и полицијата

Професори и студенти најпрво се собраа пред политехничкиот универзитет, а потоа маршираа кон кабинетот на премиерот под мотото „Стоп на насилството врз студентите“.

Професорите покренаа и петиција со која бараат да бидат слушнати барањата на студентите.По маршот низ улиците на Тирана, демонстрантите се собраа на булеварот „маченици на нацијата“, каде што ситуацијата околу два часа беше мирна.

Тензиите ескалираа по стемнувањето, кога маскирани лица почнаа да фрлаат молотови коктели и камења кон полицискиот кордон.Полицијата одговори со водени топови и солзавец, откако претходно преку мегафон ги повика жените и децата да се оддалечат од местото на протестот.Интервенцијата ја растури толпата, а судирите продолжија на повеќе локации во градот.

Плоштадот „Скендербег“ накратко се претвори во жариште на судири, при што демонстрантите фрлаa пиротехнички средства кон полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Фудбалски спектакл во Париз, европскиот шампион ПСЖ подобар од фуриозната Барселона

Сè што сакаме од фудбалот видовме  синоќа на Паркот на принцовите во Париз. Дуелот меѓу во моментов сигурно двете најдобри екипи на светот европскиот првак ПСЖ и шпанскиот шампион Барселона покажа зошто фудбалот е најпопуларниот спорт на планета

Видео: Фудбалски спектакл во Париз, европскиот шампион ПСЖ подобар од фуриозната Барселона

Бранителот на тронот ПСЖ во спектакуларен дуел го победи големиот ривал Барселона во рамките на 3 коло од Лигата на шампионите со 4-2.

Целиот свет со големо нетрпение го очекуваше овој натпревар и, без сомнение, овој спектакл ги оправда сите очекувања.

Во меч во кој топката скоро никогаш не мируваше видовме многу феноменални порези од фудбалерите на двете екипи , се редеа шанси пред двата гола и на крајот сосема заслужено трите пода останаа на контотои на домаќинот ПСЖ, иако ако победеше и барселона тоа немаше да биде незаслужено. Предводникот на Барса , Флик дури и на ваков супер дерби успеа да одмори неколку свои ѕвезди пред неделното ел класико против Реал. Мадрид.

YouTube video

Седум натпревари се одиграа во вечерната сесија од 3.коло во Лигата на шампионите.

ПСЖ - Барселона 4:2 (Дуе 38', Ернандез 72', Витиња 81', Руиз 86' / Еспарт 55', Јамал 79')

Манчестер Сити - АЕК 5:1 (Андерсон 12', Фоден 34', 65', 76' Черки 57' / Пилиос 52')

Рома - Слован 4:0 (Хермосо 21', Молина 39', Писили 52', Мален 58' - 11 м.)

Порто - ПСВ 0:1

Ливерпул - Виљареал 4:3 (Мак Алистер 36', 65' Араухо 45+2', Вирц 68' / Микаутадзе 4', Кардона 29', Олувасеи 87')

Штутгарт - Атлетико Мадрид 1:1 (Левелинг 36' / Алварез 47')

Наполи - Бодо/Глимт 4:3 (Политано 1', МекТоминај 41', 75', Бјортуфт 88' - аг / Хауге 27', Хелмерсен 62', Фет 90+4')

Вечерва играат :

среда

18.45

Комо - М. Јунајтед

Лил – Галатасарај

21.00

Астон Вила - Викинг

Баерн - Арсенал

Бетис - Феенорд

Клуб Бриж - Ланс

Интер - Шахтјор

Реал Мадрид - Лајпциг

Спортинг - ЛАСК

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“

Во сообраќајна несреќа синоќа на мостот Беласица во Скопје при судир на две возила повредени се три лица.

Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена околу 20:50 часот, кај крстосницата со улицата Ѓуро Ѓоновиќ, во правец кон трговскиот центар.

Во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“, управувано од 37-годишниот М.П. од Скопје, и автомобил „ауди“ управуван од 21-годишниот О.Ц., исто така од Скопје.

Од судирот, двајцата возачи и еден сопатник се здобиле со телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер